Црногорскиот министер за правда ќе пресече каде ќе биде екстрадиран „кралот на криптовалутите“

Вишиот суд во Подгорица донесе неправосилна одлука со која утврди дека се исполнети законските предуслови за екстрадиција на обвинетиот До Квон во однос на двете земји баратели - Јужна Кореја и САД.

Вишиот суд во Подгорица донесе неправосилна одлука со која утврди дека се исполнети законските предуслови за екстрадиција на обвинетиот До Квон во однос на двете земји баратели - Јужна Кореја и САД, додека конечната одлука за овој случај ќе ја донесе министерот за правда, дознава порталот РТЦГ.

На оваа одлука на Вишиот суд има право на жалба до Апелациониот суд.

Се потсетува дека Врховниот суд на Црна Гора по тајно размислување и гласање на 3 април донесе пресуда со која го одобрува барањето за заштита на законитоста на Врховното државно обвинителство. Со ова се поништуваат претходните одлуки на Вишиот суд во Подгорица и на Апелациониот суд и се враќа предметот до Вишиот суд во Подгорица, како првостепен суд, на нова одлука.

Јужнокорејскиот државјанин До Квон од 23 март е во засолниште за странци во Црна Гора, откако отслужил четиримесечна затворска казна за фалсификување лични документи. Тој и неговиот соработник беа уапсени на аеродромот во Подгорица со лажни пасоши.

До Квон и неговиот деловен партнер Чанг Јун беа уапсени на 23 март минатата година на аеродромот во Подгорица кога со лажни пасоши се обиделе да отпатуваат со приватен лет за Дубаи.

Според претходното соопштение на Високиот суд, Јужна Кореја го тужи До Квон за кривично дело неправедно тргување, измама и кршење на јавната понуда.

Окружниот суд на Соединетите Американски Држави за јужниот округ на Њујорк го обвини До Квон за повеќе кривични дела, вклучително и заговор за извршување измама со хартии од вредност, електронска измама и манипулација со цената на хартиите од вредност.

Лагумџија: Конечниот предлог за Резолуцијата за Сребреница испратен до ОН

 Амбасадорот на БиХ во ОН Златко Лагумџија изјави дека „по неколку рунди инклузивни консултации, конечната нацрт-резолуција“ за Сребреница била испратена до претседателот на Генералното собрание на ОН и до сите постојани мисии во ОН.

„По неколку рунди инклузивни консултации, конечниот предлог на Резолуцијата „Меѓународен ден на размислување и комеморација на геноцидот во Сребреница 1995 година“, од страна на „преку-регионалната основна група“, отиде до претседателот на Генералното собрание на ОН и сите постојани мисии во ОН“, напиша Лагумџија синоќа на мрежата Икс./МИА

Прогласен жолт метео аларм за невреме во Белгија

Белгискиот Кралски метеоролошки институт (ИРМ) прогласи жолт метео аларм за невреме во источниот дел на Белгија, проследено со поројни врнежи од дожд и грмежи и со ризик за појава на град на одредени места. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, жолтиот метео аларм стапува во сила денеска во 14 часот и ќе трае до 2 часот по полноќ.

ИРМ информира дека се очекува на места да наврнат над 20 милиметри воден талог дожд за еден час, додавајќи дека во случај на пообилни врнежи можно е метео алармот да се подигне на портокалово ниво, пред се во најисточните делови на Белгија во близина на границата со Германија. /МИА

Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица

Полицијата заплени кокаин, хероин и канабис.

Во рамки на третата фаза од голема полициска акција „Храм“ (Темпули) полицијата во Тирана разбила група која дистрибуирала канабис, хероин и кокаин, во различни области на Тирана, во близина на училишта, како и во ноќни клубови.

-Акцијата следуваше по четиримесечна истрага, со посебни методи од страна на стручни лица за истраги за наркотици при локалната полициска управа во Тирана, под раководство на Обвинителството при Основниот суд на општата надлежност на Тирана. Обезбедени се правни докази за документирање кривични предмети на 35 граѓани, изјави Тонин Воцај, директор на полициската управа на Тирана.

Воцај додаде дека се уапсени 20 лица а по 10 други се трага, запленети се 3,5 килограми кокаин, 50 дози хероин, 100 дози канабис, 27 мобилни телефони и 5 автомобили.

Во рамки на првата и втората фаза од акцијата „Храм“, чија цел е сузбивање на дистрибуцијата на дрога пред училишта и угостителски објекти, уапсени се повеќе од 200 лица. /МИА

притисни ентер