Црна Гора прогласи Ден на жалост поради трагедијата во Нови Сад

Владата на Црна Гора одлучи утре да го прогласи за Ден на жалост, по повод трагедијата на граѓаните на Република Србија, кои трагично ги загубија животите при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Како што се наведува во соопштението, одлуката е донесена денеска на телефонска средба, врз основа на согласност на мнозинството членови.

Денот на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на половина копје на сите згради на државните органи и зградите на органите на локалната самоуправа и јавните институции, согласно Законот за државните симболи и Денот на државноста на Црна Гора.

На денот на жалост нема да се одржуваат јавни, културно-забавни програми на јавни места, а музика нема да се пушта во угостителските објекти.

Електронските и другите медиуми се должни да ги приспособат своите програмски содржини за одбележување на денот на жалост, потсетуваат во соопштението.

Автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар

Во СВР Скопје попладнето во 16 часот е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар.

Од МВР за МИА информираа дека веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.

На лице место е и јавен обвинител.

Жена остава торба на туѓ праг, сопственикот занемел кога видел што има внатре (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео од њујоршкото предградие Лонгвуд.

Гледаме непозната жена како оди покрај тротоарот, застанува пред куќа и остава зелена торба на прагот.

Тоа било снимено од надзорна камера во неделата, во доцните попладневни часови, а она што се случило потоа ја шокира јавноста, пишува Дејли мејл.

Сопственикот на споменатата куќа Мамад Хафиз Џелу не знаел што се случува сѐ додека на телефон не му се јавил соседот. Она што го слушнал го натера да поита надвор и да ја отвори торбата!

„Имаше мало девојче внатре. Многу плачеше. Бев многу исплашен и му реков на соседот да повика брза помош. Ја внесов во куќата и повикав полиција“, објаснил Џело.

Тој додава дека бебето било старо неколку дена и потоа било пренесено во локалната болница. Лекарите рекле дека е во стабилна состојба и очекуваат да преживее.

Додека несреќното девојче е под надзор, полицискиот оддел на Њујорк се обидува да ја идентификува и лоцира жената фатена на камера.

„Мило ми е што таа е безбедна. Во исто време, шокиран сум што некој би можел да го направи ова“, рекол сопственикот на куќата во Лонгвуд.

Слично реагираа и неговите соседи, а Донел Варден за медиумите изјави дека целата приказна е „вознемирувачка“.

„Ако мајката не го сакала детето или околностите биле поинакви, зошто не го ставила на посвојување или не повикала полиција“, прашал тој.

Според важечките закони, возрасен не би одговарал доколку го предаде бебето на надлежните органи и на безбедно место. Полицијата ги повикала сограѓаните да помогнат во откривањето на жената.

ФБИ објави детали: Напаѓачот во Њу Орлеанс прво сакал да си го убие семејството и пријателите

Американскиот воен ветеран кој со својот пикап влетал во луѓето на новогодишната забава во Њу Орлеанс, се заколнал на верност на Исламската држава и дејствувал сам во нападот во кој загинаа најмалку 14 лица, соопшти ФБИ.

Осомничениот, кој бил убиен на местото на настанот откако отворил оган врз полицијата, е идентификуван како Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишен Тексашанец кој служел во Авганистан, објави Си-Ен-Ен.

Тој возел од Хјустон до Њу Орлеанс на 31 декември и објавил пет видеа помеѓу 01:29 и 03:02 ноќта на нападот во кои рекол дека ја поддржува Исламската држава (ИД), додаде ФБИ.

Во првото видео, Џабар објаснува дека прво планирал да им наштети на семејството и пријателите, но бил загрижен дека медиумското покривање нема да се фокусира на „војна меѓу верниците и неверниците“, рече заменик-помошникот директор на ФБИ, Кристофер Раја на прес-конференција.

Џабар на снимките изјави и дека се приклучил на ИД пред минатото лето. „Тоа беше терористички акт. Тоа беше однапред смислен и злобен чин“, нагласи Раја.

ФБИ соопшти дека се чини дека нема врска помеѓу нападот во Њу Орлеанс и епизодата во Лас Вегас истиот ден, кога сајбер камион Тесла, натоварен со канистри со бензин и моќна пиротехничка опрема, експлодира и се запали пред меѓународниот хотел Трамп во Лас Вегас.

Тоа се случи три недели пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да се врати во Белата куќа на 20 јануари.

Меѓу повредените во нападот во Њу Орлеанс имало и двајца полицајци кои биле застрелани од осомничениот.

Нападот се случил три часа по почетокот на новата година на улицата Бурбон во историскиот француски кварт.

Најмалку 15 лица загинаа, вклучувајќи го и осомничениот, соопшти ФБИ. Тој додаде дека знамето на Исламската држава било пронајдено на возилото користено во нападот.

Властите во другите американски градови објавија дека ја зголемиле безбедноста, вклучително и Трамп Тауер и Тајмс Сквер во Њујорк, додавајќи дека нема непосредни закани.

Во Вашингтон, полицијата, исто така, соопшти дека го зголемила своето присуство додека главниот град се подготвува да биде домаќин на три големи настани овој месец.

На 6 јануари Конгресот ја потврдува победата на Трамп на претседателските избори, на 9 јануари се одржува државното збогување од поранешниот претседател Џими Картер, а на 20 јануари инаугурацијата на Трамп.

притисни ентер