ЦИК: Пропадна иницијатива за разрешување на градоначалниците во северно Косово

Бројот на граѓани со право на глас во процесот на гласање за или против смена на градоначалници од функциите во четирите општини е 46.556 гласачи.

Централната изборна комисија на Косово официјално соопшти дека не успеа иницијативата за разрешување на градоначалниците во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, откако на денешното гласање излегоа исклучително мал број граѓани, јави дописникот на МИА од Приштина.

На прес конференција по затворањето на гласачките места во Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Северна Митровица, претседателот на ЦИК, Крешник Радониќи ги изнесе бројки на гласови во секоја општина, при што објави дека во Звечан не гласало ниту едно лице, додека во останатите три општини вкупно гласале 253 лица.

Бројот на граѓани со право на глас во процесот на гласање за или против смена на градоначалници од функциите во четирите општини е 46.556 гласачи.

-Сите 23 избирачки места беа затворени во 19 часот. Според податоците што ги добивме во овие четири општини, бројот на граѓани кои гласале во процесот на гласање за или против смена на градоначалниците од нивните функции е следниот: Лепосавиќ 124 гласачи, Зубин Поток 18 гласачи, Звечан не гласал ниту еден гласач, Северна Митровица 111 гласачи. Мнозинството запишани гласачи не гласаа, така што не беа постигнати потребните 50 отсто плус еден, поради што констатираме дека граѓанската иницијатива за смена на градоначалниците пропадна, изјави Радониќи.

Надлежните косовски инситуции, набљудувачите и медиумите објавија дека денешниот изборен процес помина без инциденти.

Во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, денеска се одржа гласање за разрешување на градоначалниците, како услов за распишување нови локални избори во тие општини, откако минатогодишните избори косовските Срби ги бојкотираа.

За да биде успешно гласањето, требаше да гласаат најмалку 50 отсто плус еден граѓанин. Доколку се исполнеше овој услов, тогаш вонредните избори ќе се одржеа во законските рокови. Во случај на учество на помалку од 50 отсто, гласањето се смета за неуспешно и не може да се преземе друга иницијатива пред да поминат 12 месеци.

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, но и други субјекти од оваа заедница, објавија дека нема да учествуваат на ова гласање и истото го побараа од српските граѓани од таа област.

Поранешните српски градоначалници на општините поднесоа оставки во ноември 2022 година по одлуката на Владата во Приштина за промена на српските со косовски регистарски таблички. По неколку месеци, на 23 април 2023 година, се одржаа нови избори на север, но истите беа бојкотирани од Српска листа и од српските граѓани. Тоа влијаеше на слабиот одѕив на граѓаните во гласањето и резулира со победа на кандидатите на партиите на косовските Албанци. Подоцна, по протестите на тамошните Срби поради влегувањето на новите градоначалници во општинските згради со асистенција на полицијата, на барање на меѓународната заедница, Министерството за локална самоуправа изготви административно упатство во кое се предвидуваат процедурите како да се оди на избори преку петиција. По успешната петиција се одреди датумот за гласање, меѓутоа српските политички субјекти од областа, непосредно пред него, објавија дека истото ќе го бојкотираат./МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер