Чудни факти за познатите: Од луксузни вили за домашни миленици до машина за детектирање духови

​Познатите личност без оглед на тоа со што се занимаваат, секојдневно го привлекуваат вниманието на јавноста која сака да го дознае секој детаљ од нивните животи.

Токму поради тоа тешко е да се поверува дека постои нешто што е “непознато за познатите“, но сигурни сме дека овие факти не ги знаете.

1. Кајне Вест мисли дека е Бог, а тоа уверение освен со песната „I Am A God” го потврди и во едно од интервјуата.

„Ја направив таа песна бидејќи сум Бог. Мислам дека не е потребно објаснување и немам намера да го бранам својот став. Ова е рап музика и јас сум бог“ – изјавил тој.

2. Лејди Гага има машина за детектирање духови. Имено, пејачката едноставно се плаши од духови и во едно интервју открила дека постои еден кој постојано ја прогонува што секако било повод за да ја купи оваа машина, која всушност е електромагнетен мерач.

3. Јулија Робертс има најскапа насмевка на светот, со оглед на фактот дека го осигурала на дури 30 милиони долари.

4. Бијонсе има мува која е наречена според нејзиното име. Имено, кога истражувачите во Квинсленд во Австралија пронашле нов вид на мува морале да и дадат име, а со оглед на тоа дека мувата изгледала како “дива“ и бидејќи има златни влакна на стомакот наречена е „Scaptia beyonceae”.

5. Том Круз купил апарат за ултразвук кога дознал дека, неговата сега поранешна сопруга Кејти Холмс е трудна, а се со намера за секој ден да ја гледа својата, тогаш неродена ќерка.

6. Парис Хилтон има вила за домашни миленици. Имено, вилата има 30 метри квадратни и опремена е со дизајнерски мебел.

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог - кој го има „украинското знаме на рамениците“ - ќе направи животот да ја победи смртта.

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Стоејќи пред црквата „Света Софија“ во Киев, Зеленски истакна дека неговата земја веќе 802 дена се бори за победа против Русија.

Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.

- Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос. Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа.

Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна - навистина воскресе“.

Владејачката партија на претседателот на Того убедливо победи на парламентарните избори

Владејачката партија во Того убедливо победи на парламентарните избори во земјата, освојувајќи 108 од 113 места во Парламентот, јавија светските агенции, повикувајќи се на конечните неофицијални резултати од гласањето во оваа африканска земја.

Според агенциите, огромната супериорност на партијата Сојуз за Републиката на претседателот Фор Гнасингбе дојде откако претходниот парламентарен состав одобри уставна реформа со која се смени формата на државното управување од претседателска на парламентарна.

На тој начин, наведуваат агенциите, Гнасингбе, кој владее 19 години, може да остане на власт, потсетувајќи дека опозициските партии кои ги бојкотираа претходните избори се надеваа на повеќе места во Парламентот.

притисни ентер