Четвртфинална разврска на Светското првенство за ракометарки

На Светското првенство за ракомет за жени што се одржува во Србија денеска се играат натпреварите од четвртфиналето.

Најголемо внимание првивлекува дуелот на домаќинот Србија против светскиот првак Норвешка. Овој натпревар се игра во „Комбанк Арена“ во Белград, а почнува во 20 часот и 45 минути.

Пред овој дуел во 17 часот и 30 минути во Белград ќе играат Бразил и Унгарија.

Другите два натпревара од оваа фаза се играат во Нови Сад, а двојките се: Полска - Франција (17:30 часот) и Данска - Германија (20:15 часот).

Полуфиналните натпревари ќе се играат во петок, а финалето и натпреварот за третото место на програмата се в недела.

Девет жртви во уривање на воен хеликоптер во Колумбија

Воен хеликоптер се урна во северна Колумбија при што загинаа сите девет патници во него, соопшти армијата на јужноамериканската земја.

Хеликоптерот Ми-17 се урнал во близина на градот Аренал дел Сур во департманот Боливар во северна Колумбија, соопшти војската.

- Жалам за смртта на деветмината војници во воениот хеликоптер што требаше да ги снабди војниците во борбата против кланот дел Голфо на југот на Боливар, напиша колумбискиот претседател Густаво Петро на Х.

Кланот дел Голфо (Заливски клан) е најмоќната криминална организација во Колумбија. Криминалниот синдикат ги регрутира своите членови главно од поранешните десничарски паравојски и се претпоставува дека има околу 6.000 вооружени мажи.

Покрај трговијата со дрога, организацијата се занимава со илегални ископувања и рекет за заштита и е одговорна за бројни убиства и одземање на имот. Минатата година, поранешниот шеф на картелот, Даиро Антонио Усуга, попознат како Отониел, беше осуден на 45 години затвор во САД.

Санкционирани 125 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење..

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари

Еден од добитниците на минатомесечниот историски џекпот на Пауербол (Powerball) од 1,3 милијарди долари е имигрант од Лаос кој боледувал од рак осум години, а минатата недела го имал последниот круг на хемотерапија.

Ченг Чарли Сифан од Портланд на прес-конференција одржана од Лотаријата во Орегон рече дека тој и неговата сопруга Дуанпен ќе ја поделат наградата подеднакво со пријателката Лаиза Чао, која дала 100 долари за да купи неколку билети со нив.

Тие ќе добијат 422 милиони долари по оданочувањето.

притисни ентер