Четири тима во битка за кошаркарскиот трон во Европа

Четири тимови од Стариот континент заслужија да стигнат до финалната фаза од битката за кошаркарскиот трон во Европа.

Најпрестижниот тимски турнир - Евролигата оваа недела завршува со „фајнал фор“, кој ќе се одржи во српскиот главен град Белград.

Актуелниот шампион Фенербахче, ЦСКА Москва, Реал Мадрид и Жалгирис ќе спорат во полуфиналето денеска, 18-ти мај со мислата за големото финале во недела, 20-ти мај.

Топ 4 оваа сезона во Евролигата го сочинуваа најуспешниот тим - ЦСКА Москва, најдобриот во одбраната - Фенербахче, непредвидливиот Жалгирис и составот со, за многумина најдобриот кошаркар за сезоната, Лука Дончиќ - Реал Мадрид.

Во првото полуфинале на Евролигата, Жалгарис и Фенербахче ќе излезат едни против други од 18 часот. Со други зборови, учителот се среќава со ученикот - Жељко Обрадовиќ против Шарунас Јасикевичиус. Литванецот, кој е актуелен тренер на Жалгарис, веќе ја освои титулата како играч под водство на Обрадовиќ со Панатинаикос во 2009 година.

Јасикевичиус го направи Жалгирис најголемо изненадување оваа сезона во Евролигата со пласман во последните четири. Местото на Литванците во полуфиналето беше целосно заслужено по победи над големи имиња - Фенербахче, ЦСКА Москва, Панатинаикос и Олимпијакос во регуларната сезона, како и успехот со 3-1 во победи над Олимпијакос во четвртфиналниот плејоф дуел.

Фенербахче заврши втор во регуларната сезона на Евролигата и ја елиминираше Басконија во четвртфиналето. Турскиот гигант има сериозни оружја, со кои ќе се обиде да го прекине сонот на Жалгирис. Тренерот Жељко Обрадовиќ знае најдобро како се освојува сличен трофеј откако веќе ја кревал девет пати европската титула, а 42-годишниот Шарунас Јасикевичиус во едвај втората целосна сезона како тренер има четири титули како играч.

Тимовите на ЦСКА Москва и Реал Мадрид ќе спорат во второто полуфинале вечерва од 21 часот. Дуелот ќе го одреди вториот финалист за сезоната 2017/2018.

Натпреварот ветува дека ќе биде доста ефективен бидејќи на двата краја се спротивставуваат тимовите со најдобар напад на турнирот. ЦСКА со просек од 89,2 поени по натпревар и Реал Мадрид со просек од 85,7. „Белиот балет“ доби добри вести за време на плејофот со враќањето на Серхио Љул по повредата и може да се потпре на својата млада ѕвезда Лука Дончиќ. Во кампот на ЦСКА Москва грижите се поврзани со ситуацијата на двајцата лидери - Нандо Де Коло и Кајл Хајнс.

Интересен факт од таборот на Реал е дека бекот ЏејСи Керол нема пропуштено натпревар за составот во Евролигата од април 2014-та година и одигра 132 последователни дуели за тимот.

Натпреварот за бронзените медали и големото финале на Евролигата ќе се одиграат во недела, 20-ти мај.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер