Червар: Во Металург бев дел од една прекрасна ракометна приказна

 Тренерот на ППД Загреб, Лино Червар имаше емотивно потсетување на времето кога работеше во Металург. Неговиот сегашен клуб, во дуел од петтата СЕХА рунда ќе го пречека тимот од Автокоманда каде Червар работеше осум години.

- За првпат ќе го водам својот тим против екипа на чија клупа минав осум години. За мене сето тоа ќе биде многу емотивно. Тоа беа прекрасни години, бидејќи во Скопје доживеав многу убави денови и носам многу убави спомени. Не само затоа што двапати игравме во четврт-финалето на Лигата на шампионите, ниту поради освоените четири првенства и три Купа, туку поради тоа што бев дел од една прекрасна ракометна приказна.

Хрватскиот ракометен стручњак го посочува Металург како база за создавање млади играчи.

- Тоа е приказна за клубот, кој, иако со послаба платежна моќ, сите овие години успева да биде најголем расадник на македонските ракометни таленти. Тоа е приказна за клубот кој дава 90 отсто во кадетска, јуниорска и сениорска репрезентации на Македонија и е жив пример, за сите што плачат дека нема пари, како со волја, ентузијазам и желба можат да се надминат сите проблеми. Во однос на Вардар, Металург работи во многу поскромни услови, но од поодамна е препознатлив како македонски бренд и македонски производ, истакнува Червар.

Натпреварот ППД Загреб – Металург се игра вечер со почеток во 20:45 часот.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер