Цената на становите во Скопје продолжува да расте

Становите и останатите недвижнини поскапија за 8% во третиот квартал од годинава, покажуваат податоците на Народната банка...

На оваа тема во вестите ја вклучуваме Маја Стојановска, Маја има ли информации на што се должи континуираното поскапување на цената на становите?

Марк Закерберг ѝ го преобрази Поршето на сопругата во семеен миниван (ВИДЕО)

Присила Чан, партнерка на вториот најбогат човек во светот и коосновачот на Фејсбук, Марк Закерберг, вози Porsche Cayenne Turbo GT.

Сепак, таа не ја вози оригиналната верзија бидејќи Марк го пренаменил овој суперспортски автомобил за да биде попрактичен за семејни ситуации.

Закерберг се сврте кон работилницата West Coast Customs, лоцирана во Калифорнија и специјализирана за екстремно прилагодување на автомобили.

Оваа работилница стана позната благодарение на телевизиската програма, а сега тие го трансформираа Поршето да личи на миниван. Суспензијата е спуштена и меѓуоскиното растојание се прошири за да се смести лизгачка задна врата, што овозможува полесно влегување и излегување на трите деца (и кучето) на парот.

Марк Закерберг не е првата славна личност што се пријавил за услугите на West Coast Customs. Познати луѓе чии автомобили се модифицирани од оваа работилница се Шекил О'Нил и Will.I.Am.

Чан побарала Porsche Cayenne Turbo GT да стане попрактично, а со продолженото меѓуоскино растојание и покривот, потребно е дополнително структурно засилување.

Задните панели се направени по нарачка, а сите електрични и механички системи се прилагодени на новото тело. Техничките спецификации не се објавени, но најверојатно не е променет 4.0 V8 битурбо моторот со 640 КС.

Идејата за миниван на Porsche не е сосема нова. Помислете на Porsche B32 од 1980-тите, Volkswagen T3 со моторот 911 Carrera и други надградби. Исто така, во 2018 година, Porsche го произведе Vision Renndienst, електрично возило со шест седишта. Гледајќи напред, голем електричен теренец на Porsche е планиран за 2027 година, веројатно со шест или седум седишта.

Додека Чан доби приспособено Porsche, Закерберг за себе избра 911 GT3 Touring во иста мат сива боја како Cayenne, опремен со рачен менувач.

Тоа е спортски автомобил за забава, бидејќи неговиот сегашен секојдневен автомобил е Cadillac CT5-V.

Во израелските напади на Либан се убиени најмалку 10 пожарникари

Најмалку 10 спасувачи загинаа во израелски воздушен напад врз општинска зграда во близина на Бинт Џбеил, Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.

Тие наведуваат дека пожарникарите биле во зградата кога била бомбардирана.

Либански безбедносни извори потврдија за агенцијата ДПА дека загинале најмалку 10 лица. Либанската телевизија LBCI објави дека цел на нападот била зградата на Исламската здравствена управа, чадор организација на Хезболах која управува со болниците во земјата.

Во меѓувреме, Израел продолжи со нападите во близина на Тир, Набатие и други области во јужен Либан.

Дирекцијата за цивилна одбрана соопшти дека во земјата се извршуваат повеќе од 160 мисии кои опфаќаат извлекување тела и повредени од урнатините, како и гаснење пожари.

Израелската армија наредила евакуација на повеќе од 20 села на југот, што укажува дека нападите ќе продолжат.

Портпаролот на израелската армија на арапски јазик денеска издаде итно предупредување до населението да избегнува да биде на плажа или во чамци на либанскиот брег од реката Авали на југ до понатамошно известување.

Стоечки аплаузи за екипата на Битолскиот театар на фестивалот во Полска

„Уште еднаш, ме фасцинираа. Сценографијата, режијата, глумата не однесоа... до НЕБОТО“!, ова се дел од впечатоците на публиката во Бјалисток, Полска, по изведбата на  претставата ,,Хамлет-денот на убиствата“, на Битолскиот театар. 

Имено тие беа дел од Интернационалниот фестивал „Direction east“, кој се одржуваше од 30.09 до 07.10.

Претставата е работена според пиесата на Бернар -Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, кој е и автор на музиката. Во претставата се употребени фрагменти од аријата „Nessun Dorma“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш; стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон, Борис Пастернак. На изведбата во Бјалисток присуствуваа и Македонскиот амбасадор во Полска Јасмин Ќахил, директорот на Драмскиот театар, Пјотр Адам Пулторак, како и заменичката директорка Мартина Занеуска, кои после изведбата упатија пофални зборови за екипата на Битолскиот театар со кои имаат одлична долгогодишна соработка.

Четирите клучни ликови на Шекспировата безвремена пиеса „Хамлет“, Хамлет, Офелија, Клаудиј и Гертруда, поместени во простор лишен од историски и културолошки контекст, во атмосфера во која секој морален императив губи смисла, во услови на беспоштедна игра за преживување, ги живеат последните часови од својот животот. Денот на убиствата! Ставен во такви екстремни услови, овој извонреден квартет од ликови и актери, кои им соживуваат на тие ликови со секоја фраза од кажаната реплика, ги испитува границите на човековата природа, поставувајќи ги прашањата за човековата ранливост, кршливост, за кревкоста на неговите ставови и убиственоста на неговите мисли, за несигурноста на неговата позиција во светот. За тоа – да се биде или не.

Сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, драматург е Оливера Павловиќ, а костимите се дело на Андреј Ѓоргиевски. Во претставата играат: Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска. Суфлер: Мирјана Христовска, инспициент: Димитар Михајловски. Дизајнер на видео: Сашо Илковски, светло-мајстор-Горан Петровски, тон-мајстор-Александар Димовски, автори на плакатот-Марјан Некаќ и Сашо Илковски, консултант за билијард: Игор Радичоски.

,,Хамлет-денот на убиствата“, претходно ја доби престижната наградата за најдобра претстава на Фестивалот ИНФАНТ во Нови Сад, Србија, а беше дел и од програмата на 32-от Интернационален фестивал на Камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица,се наведува во соопштението од Битолскиот театар.

притисни ентер