Цената на електричното „Audi“ рапидно паѓа: За неколку години изгуби и до 60% од вредноста

Кога беше нов во 2019 година, се продаваше за 75.000 долари, а сега може да се најде за 30.000 долари.

„Audi e-tron“ за 2019 година го претставуваше важното навлегување на германската премиум марка во сегментот на електрични возила. За разлика од истакнатиот електричен „SUV“ во тоа време, „Tesla Model X“,„ e-tron“ носеше доза на нормалност и германска софистицираност.

И покрај тоа што беше солидно и луксузно електрично возило, тој во никој случај не беше совршен, а во меѓувреме претрпе огромна амортизација на цената. Сега таа загуба на вредноста може да биде нечија добивка бидејќи користениот „Audi e-tron“ стана доста евтино користено електрично возило.

Кога беше нов, „Audi e-tron Premium Plus“ за 2019 година (подоцна е воведено почетно ниво) започна во Америка со цена од 75.795 долари. Врвната варијанта „Prestige“ влезе на пазарот со уште повисока почетна цена од 82.795 долари.

Во тоа време, „e-tron“ имаше цена на исто ниво со другите конкуренти на пазарот, како „Jaguar I-Pace“ и „Tesla Model X“. Тоа беше возило од висока класа со висока цена.

Денес луксузното „Audi“ повеќе не е возило само за највисокиот ешалон клиенти. Всушност, купувачите сега можат да добијат користени примери за иста цена како и пристојно опремениот електричен автомобил од ниска класа, „Chevrolet Bolt“.

„TrueCar“ има изненадувачки број на користени возила „Audi e-tron“ за продажба помеѓу 30.000 и 35.000 долари низ САД. Некои половни единици за продажба изгубиле над 60% од вредноста и се уште се во основниот гарантен рок, пишува „InsideEVs“. Но, дали треба да купите користен „e-tron“ само затоа што е достапен?

Иако „Audi e-tron“ за 2019 година не беше најконкурентниот електромобил кога беше лансиран, нема сомнеж дека е импресивен кросовер кога станува збор за удобноста и квалитетот на градбата.

Но, кога станува збор за досегот со полна батерија, не може да се пофали со оглед на тоа што според нешто поконзервативниот американски стандард „EPA“ е нешто помалку од 330 km.

Опремен е со батерија од 95 киловат-часови (од кои само 86 се употребливи). Една од причините зошто опсегот на „e-tron“ е толку ограничен лежи во неговата маса; тежи колосални 2.600 кг.

Сепак, не е сè толку негативно. Според „InsideEVs“, овој електричен кросовер има многу позитивни карактеристики. На пример, може да влече до 1.800 кг.

Неговиот погонски систем има 402 коњски сили, со вклучен „Boost“ режим, што е доволно за забрзување до 100 km/h за околу 5 секунди.

Во нормално возење електромоторите произведуваат 335 коњски сили, што сепак е повеќе од доволно за овој автомобил.

Најважната карактеристика на „e-tron“ е неговото полнење. Со максимална моќност на полнење од 150 kW, „e-tron“ може да достигне 80% капацитет од нула за само триесет минути.

Ужас во Аризона: Татко си ги пронашол двете тригодишни близначки удавени во базен

Полицијата ги објави имињата на близначките кои трагично загинаа откако нивниот татко ги извлекол нивните безживотни тела од базенот во дворот.

Тригодишните девојчиња, Валентина и Пеналапи Руиз, починале во четвртокот во болница во Феникс, Аризона, соопштија официјални лица, пишува Daily Mail..

„Прелиминарните информации сугерираат дека дошло до случајно давење“, соопшти вчера полицијата.

„Во овој момент, нема ништо што откриле иследниците што изгледа сомнително“, рече пожарникарот на Феникс, Роб Мекдејд, за таткото на близнаците кој се јавил на 911.

Мекдејд додаде дека децата биле под вода „неодредено време“ пред да пристигне помошта околу 15:30 часот во четвртокот.

Девојчињата биле итно пренесени во блиската болница каде што биле прогласени за мртви, соопштија официјални лица.

Воздушните снимки од домот покажале базен во облик на бубрег што немал ограда околу него.

Расте бројот на жртвите во поплавите во Бразил- најмалку 57 загинати, 67 исчезнати (ВИДЕО)

Бројот на загинати од поројниот дожд во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул се искачи на 57, соопштија локалните власти, додека десетици се уште не се пронајдени, пренесува Ројтерс.

Цивилната заштита на Рио Гранде до Сул соопшти дека 67 лица се уште се водат како исчезнати, додека повеќе од 32.000 луѓе се раселени поради невремето, кое зафати речиси две третини од 497-те градови во државата, која граничи со Уругвај и Аргентина.

Поплавите уништија патишта и мостови во повеќе региони во земјата. Невремето предизвика и лизгање на земјиштето и делумно уривање на брана во мала хидроцентрала. Друга брана во градот Бенто Гонкалвес исто така е во опасност од уривање, соопштија властите.

Во Порто Алегре, главниот град на Рио Гранде до Сул, езерото Гуаиба се излеа, поплавувајќи ги улиците. Меѓународниот аеродром во Порто Алегре ги укина сите летови на неодредено време.

Во следните 36 часа се очекуваат врнежи од дожд во северните и североисточните предели на државата, но количината на врнежи се намалува и би требало да биде далеку под врвот забележан претходно оваа недела, соопшти државната метеоролошка служба.

Сепак, „нивото на водата во реките треба да остане високо неколку дена“, изјави денеска гувернерот Едуардо Леите во видеото на неговите социјални мрежи, додавајќи дека е тешко да се каже колку долго.

Рио Гранде до Сул се наоѓа на географската точка меѓу тропската и поларната атмосфера, што создава метеоролошка шема со периоди на интензивен дожд и други со суша.

Локалните научници веруваат дека оваа шема се интензивира поради климатските промени.

Обилните дождови веќе го погодија Рио Гранде до Сул во септември минатата година, кога екстратропски циклон предизвика поплави во кои загинаа повеќе од 50 луѓе. Ова се случи по повеќе од две години постојана суша поради феноменот Ла Ниња, со само слаби дождови.

Најбогатата актерка на светот има 3 милијарди долари, но ретко кој ја знае (ВИДЕО)

Кога ќе помислите на најбогатите актерки во светот, веројатно ви паѓаат на ум познати имиња како Џулија Робертс, Сандра Булок, Анџелина Џоли или Џенифер Анистон, но големи се шансите никогаш да не сте го чуле името на најбогатата актерка на светот.

Имено, оваа титула ѝ припаѓа на американската актерка Џејми Герц, чие богатство се проценува на 3,2 милијарди долари. Ако се прашувате која е, не сте единствените затоа што изгледа дека луѓето не можат да се сетат на неа.

58-годишната ѕвезда ја започнала својата кариера во 1981 година со улога во „Бескрајна љубов“ и оттогаш се појавила во голем број филмови, вклучувајќи ги „Изгубените момчиња“, „Твистер“, „Крстопат“, „Помалку од нула“, „Квиксилвер“ и „Шеснаесет свеќи“.

Покрај тоа, таа се појави во хит сериите Seinfeld, The Neighbors, Modern Family и This is Us, а неодамна глумеше во филмот „I Want You Back“ од 2022 година, но таа ретко се појавува на екранот.

Сепак, нејзиното богатство не се должи само на нејзината актерска кариера. Актерката е во брак со милијардерот и инвеститор Тони Реслер, со кого е косопственик на НБА тимот Атланта Хокс. Имаат четири деца, а интересно, кога се венчале во 80-тите, Џејми била хранителка бидејќи компанијата на нејзиниот сопруг пропаднала, но тој подоцна се опоравил и заработил милијарди.

Инаку, официјално најбогатата актерка на светот е холивудската ѕвезда Дина Мерил, чие богатство се проценува на 5 милијарди долари. Мерил починала во 2017 година, со што Џејми сега стана најбогатата жива актерка на светот.

притисни ентер