ЦДЦ нема да ја менува одлуката за носење маски со ширењето на новиот делта сој

 Американските Центри за контрола на заболувањата (ЦДЦ) нема да ја менуваат одлуката за препораки за носење маски, и покрај ширењето на позаразниот сој коронавирус порадката ЦДЦ Рашел Валенски на брифинг за новинарите. 

Таа одби да прецизира дали ЦДЦ може да ги смени правилата за носење маски. Омекнатите мерки беа воведени во мај и целосно вакцинираните луѓе можат да носат маски по јавните места.

Претседателот Џо Бајден вчера укажа дека ЦДЦ најверојатно ќе препорачаат невакцинираните деца да носат маски во училиштата од крајот на август и почетокот на септември, кога во земјата започнува школската година.

Според Валенски, повеќе од 80 отсто од новите заболени го имаат новиот сој „делта" што првпат се појави во Индија. Оваа мутација е откриена во повеќе од 90 земји.

Таа укажа дека некои болници во САД им се полнат капацитетите затоа што расте бројот на случаите на заболеност од Ковид-19.

Растот на новозаболените е најголем во регионите со многу пониско ниво на вакцинација. Затоа некои набљудувачи укажуваат дека сега има „пандемија на невакцинирани".

Во Флорида, Тексас и Мисури се наоѓаат 40 отсто од сите нови случаи на заболеност во САД. Секој петти случај на инфекција е во Флорида.

Јанчев: Обезбедена донација од 100 ротациони светла за тракторите

Ротациони светла за тракторите за поголема безбедност во сообраќајот.

Градоналачниот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека општината со помош на бизнис секторот обезбедила донација од 100 ротациони светла наменети за земоделските машини кои учествуваат во сообраќајот, како би се зголемила безбедноста.

Атлетик го продолжи договорот со Ернесто Валверде

Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, го продолжи договорот со тимот, објави официјалниот сајт на баскискиот клуб.

Новиот договор со 60-годишниот фудбалски стручњак е со важност до летото 2025 година.

Валверде е на чело на Атлетик од јули 2022 година. Тој претходно во текот на својата тренерска кариера двапати работеше со тимот.

Атлетик по 36 кола се наоѓа на петтото место во шпанската Ла Лига со 62 бода. /МИА

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски од Градскиот парк испраќа порака дека врсничкото насилство булингот може да има сериозни последици доколку не се превенира и спречи.

Денеска во Градскиот парк компанијата Макпетрол одржа музички хепенинг во рамки на кампањата Крени глас - Стоп за булинг каде учество зема и Општина Центар. Герасимовски оттаму порачува дека локалните самоуправи под чија надлежност се училиштата имаат одговорност да ги заштитат учениците од булинг.

-Врсничкото насилство е сериозен проблем кој најчесто започнува во основното образование и затоа ние како локални самоуправи имаме одговорност да ги преземеме сите мерки и активности за зголемување на безбедноста на децата. Секое игнорирање на меѓуврсничкото насилство може да остави трајни последици по личноста и семејството и согласно ова ние спроведовме бројни обуки за негово препознавање, превенирање и спречување, вели Герасимовски.

Општина Центар по приклучувањето на кампањата на Макпетрол веднаш спроведе низа работилници и обуки за наставниците и стручните соработници од училиштата за рано препознавање, превенција и спречување на булингот во основните училишта во општината. Обуките беа спроведени од еминентни универзитетски професори стручни во областа. Општина Центар по дојава на граѓани за врсничко насилство меѓу врсниците низ Дебар маало во соработка со МВР обезбеди зачестени полициски патроли и неколкупати заедно со родители и полициски службеници направи обиколка во Градскиот парк каде се собираат младите.

Градоначалникот Герасимовски потенцира дека во растењето и однесувањето на децата сите имаат одговорност.

-Воспитувањето доаѓа од дома, врсничкото насилство не смее да се игнорира. Затоа упатувам порака за отворена комуникација на родителите и стручните служби со децата бидејќи тоа е најдобриот начин да ги заштитиме. Да ги охрабриме децата да зборуваат, да зборуваме и ние, да реагираме и да ги заштитиме, порачува тој.

Општина Центар

притисни ентер