Царовска: За 2,5 години вложени над 100 милиони евра во странските и во домашните компании

Според Царовска се инвестира и во работниците, особено преку дуалното образование во кое е вклучена комапнијата „Вик" за оспособување на учениците за пазарот на трудот.

Во последните две и пол години вложени се повеќе од 100 милиони евра директно во странските и во домашните компании за да се поттикне нивното производство и да ги направиме посоодветни условите за развојот на нивниот бизнис во нашава држава, порача вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска при денешната посета на германската компанија „Вик" во технолошко-развојната зона кај Алинци, во близина на Прилеп.

Според Царовска се инвестира и во работниците, особено преку дуалното образование во кое е вклучена комапнијата „Вик" за оспособување на учениците за пазарот на трудот.

-„Вик" е една од компаниите која е вклучена во дуалното образование, односно усогласувањето на образованието со потребите на пазарот на трудот. Во 2019 година, во таа генерација има 135 ученици кои го посетуваат овој вид на настава. Се грижиме оваа пилот-програма да ги даде резултатите и понатаму, преку стопанските комори, македонската и германската, за сите компании кои имаат услови да се вклучат во оваа програма, изјави Царовска.

Во странските инвестиции, поддржани од државата, како што рече, дополнително се зголемил бројот на вработените за околу 5.000.

– И тоа, од 8.000, денеска се повеќе од 13.000, што е за 5.000 вработени повеќе. Тоа значи се зголемува бројот на вработените со целите и мерките што ги носи Владата, како во домашните, така и во странските компании, со што се дава можност за развој и за раст на компаниите, рече Царовска.

Според министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска, државата е посакувана дестинација со одлична клима за домашните и за странските компании.

-Комапанијата „Вик" произведува апарати за домаќинството и предвидува нови инвестиции со воведување на изработка на нови производи. Пред 1,5 години кога почна со работа компанијата, почетните инвестиции беа околу шест милиони евра со 60 вработени. Денеска компанијата достигна инвестиции од 13 милиони евра, со цел да стигнат до 15 милиони евра и сега имаат над 200 вработени. Ова е одличен придонес во економскиот развој на Прилеп и на Пелагонискиот регион, како и за внесување на знаења и на технологии, изјави Апостолска.

Крајно, додаде, сето тоа ќе влијае на зголемување на животниот стандард на граѓаните.

-Во меѓувреме течат инвестициските разговори, преговори и ќе има заинтересирани заинвестирање во ТИРЗ зоната кај Алинци, во близина на Прилеп. Компанијата „Вик" се простира на 5.200 квадратни метри, а во зоната е и комапнијата „Гентерм", посочи Апостолска.

За изградбата на клучката кај зоната, Апостолска рече дека се очекува да биде готова за неколку недели откако ќе почне пролетната сезона на работа на асфалтните бази.

Вернер Шоеп, план-менаџерот на компанијата „Вик" најави зголемување на инвестициите во технолошко-равоната зона кај Прилеп.

-Планираме во наредниот период да ја прошириме оваа релативно млада компанија во Македонија. Од почетокот имаме одлична поддршка од државата и затоа решивме да продолжиме со инвестициите. Работиме на леење пластика и склопување на финални производи и работиме за светски познати брендови. Целта ни е со растот на фабриката да расте и да се развива локалната заедница, изјави Шоеп.

„Вик груп" е германска компанија која се занимава со производство на мали електрични апарати кои имаат примена во домаќинството со околу 6.000 вработени. Седиштето на компанијата е во Есен, Германија и Хонг Конг. Компанијата е основана во почетокот на 50-тите години на 20-от век, а освен во земјава свои производствени капацитети има и во Шенжен, НР Кина и Батам, Индонезија, а центарот за иновации, дизајн и развој се наоѓа во Есен, Германија. Компанијата има развиено стотици системски решенија и произведени се милиони производи за многу водечки меѓународни брендови. /МИА

Јанчев: Обезбедена донација од 100 ротациони светла за тракторите

Ротациони светла за тракторите за поголема безбедност во сообраќајот.

Градоналачниот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека општината со помош на бизнис секторот обезбедила донација од 100 ротациони светла наменети за земоделските машини кои учествуваат во сообраќајот, како би се зголемила безбедноста.

Атлетик го продолжи договорот со Ернесто Валверде

Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, го продолжи договорот со тимот, објави официјалниот сајт на баскискиот клуб.

Новиот договор со 60-годишниот фудбалски стручњак е со важност до летото 2025 година.

Валверде е на чело на Атлетик од јули 2022 година. Тој претходно во текот на својата тренерска кариера двапати работеше со тимот.

Атлетик по 36 кола се наоѓа на петтото место во шпанската Ла Лига со 62 бода. /МИА

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски од Градскиот парк испраќа порака дека врсничкото насилство булингот може да има сериозни последици доколку не се превенира и спречи.

Денеска во Градскиот парк компанијата Макпетрол одржа музички хепенинг во рамки на кампањата Крени глас - Стоп за булинг каде учество зема и Општина Центар. Герасимовски оттаму порачува дека локалните самоуправи под чија надлежност се училиштата имаат одговорност да ги заштитат учениците од булинг.

-Врсничкото насилство е сериозен проблем кој најчесто започнува во основното образование и затоа ние како локални самоуправи имаме одговорност да ги преземеме сите мерки и активности за зголемување на безбедноста на децата. Секое игнорирање на меѓуврсничкото насилство може да остави трајни последици по личноста и семејството и согласно ова ние спроведовме бројни обуки за негово препознавање, превенирање и спречување, вели Герасимовски.

Општина Центар по приклучувањето на кампањата на Макпетрол веднаш спроведе низа работилници и обуки за наставниците и стручните соработници од училиштата за рано препознавање, превенција и спречување на булингот во основните училишта во општината. Обуките беа спроведени од еминентни универзитетски професори стручни во областа. Општина Центар по дојава на граѓани за врсничко насилство меѓу врсниците низ Дебар маало во соработка со МВР обезбеди зачестени полициски патроли и неколкупати заедно со родители и полициски службеници направи обиколка во Градскиот парк каде се собираат младите.

Градоначалникот Герасимовски потенцира дека во растењето и однесувањето на децата сите имаат одговорност.

-Воспитувањето доаѓа од дома, врсничкото насилство не смее да се игнорира. Затоа упатувам порака за отворена комуникација на родителите и стручните служби со децата бидејќи тоа е најдобриот начин да ги заштитиме. Да ги охрабриме децата да зборуваат, да зборуваме и ние, да реагираме и да ги заштитиме, порачува тој.

Општина Центар

притисни ентер