Царовска од граѓанска трибина во Кочани: Ги исправаме децениските неправди и подеднакво се грижиме за сите, на прав пат сме

СДСМ за неполни 2 и пол години успеа да направи повеќе од 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, рече вечерва Мила Царовска од трибината во Кочани.

Државата тргна на прав пат, се грижиме за сите граѓани, платите и пензиите растат, и обезбедивме праведен систем кој е одржлив ,социјалната реформа креираше сигурност кај граѓаните , истакна потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска пред присутните граѓани на граѓанската трибина „На прав пат" во Кочани.

-Инвестираме во квалитетот на живеењето на сите граѓани. Нашите реформи се вистински, конкретни и носат повеќе пари во секој семеен буџет. Со социјалната реформа, социјалната помош расте и до 300 отсто, а за оние граѓани кои не стекнале услови за добивање пензија, воведовме социјална пензија, за и тие да имаат средства за живот. Детскиот додаток им се исплаќа на 20.230 деца, што е за три пати повеќе, а образовниот на 8.681 деца, што е за три и пол пати повеќе од претходното. До крајот на реформата очекуваме околу 70.000 деца да примаат детски и образовен додаток. што ќе биде за 20 пати повеќе од претходно, социјалната реформа е на прав пат – рече Царовска.

Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на граѓанската трибина „На Прав пат" во Кочани најави дека наскоро следува ново, значително покачување на минималаната плата, а со стабилизација на пензискиот фонд и вонредно покачување на пензиите на почетокот на 2020 година.

- Ја покачивме минималмната плата која во некои индустрии изнесуваше 8.500 денари, а сега изснува 12.500 денари. Но тука не застанавме. Многу скоро ние како Влада заедно со синдикатите и стиопанствениците, ќе најавиме, ново покачување на минималната плата, затоа што нашите работници и сограѓани го заслужуваат тоа, порача Царовска.

Покрај платите, истакна Царовска, ќе следува раст и на пензиите и подигнување на животиот стандард за пензнионерите.

- Преку успешни политики успеавме да го стабилизираме Фондот за пензиско осигурување. Пензиите растеа просечна како што растеа платите и економијата. Но ние законски им гарантираме на пензионерите, ако растат платите, ако расте економијата ако имаме вработувањата ќе растат и пензиите. И тоа премиерот го вети. На почетокот на наредната година, во првиот квартал ќе растат вонредно и на тоа ќе останат усогласувањата кои се по закон, посочи потпретседателката Царовска.

Во своето обраќање Царовска се осврна и на проектите од значење за Кочани, како постапката за изградба на современа детска градинка во општината, како и отворениот центар за ран детски развој во населеното место Тркање.

Ние сме на вистинскиот пат, правиот пат, помеѓу граѓаните и на страна на граѓаните, заклучи Царовска при обраќањето пред граѓаните на Кочани.

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните по повод денешниот ден, 5 мај, Ден на македонскиот јазик.

Во честитката, Ковачевски посочува дека денеска оддаваме почит кон создавачите на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

„Денеска кога го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, оддаваме должна почит кон сите создавачи на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

Македонскиот јазик денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации. Со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, го издигнавме нашиот јазик на исто рамниште со останатите официјални јазици во Европската Унија, на кабините за превод во ЕУ стои нашиот македонски јазик.

Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет, грижата за негово зачувување и унапредување останува наш приоритет, затоа што влог во јазикот е влог во иднината. Нека ни е честит 5 мај, Денот на македонскиот јазик“, вели во честитката, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

СДСМ

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог - кој го има „украинското знаме на рамениците“ - ќе направи животот да ја победи смртта.

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Стоејќи пред црквата „Света Софија“ во Киев, Зеленски истакна дека неговата земја веќе 802 дена се бори за победа против Русија.

Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.

- Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос. Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа.

Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна - навистина воскресе“.

притисни ентер