Царовска: Го зголемуваме опфатот за сместување деца од предучилишно образование

 Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во придружба на градоначалникот на Битола Наташа Петровска, во битолското село Кравари отвори нова детска градинка.

Станува збор за нов објект со високи стадарди, во кој ќе бидат згрижени деца од 2 до 6 годишна возраст за целодневен престој.

Градинката располага со две занимални, санитарна просторија за деца и кујна. За опремување на просторот МТСП издвои 696 илјади денари и обезбеди пет нови вработувања.

– Четриесет деца од селото Кравари ќе имаат можност да добијат квалитетно предучилишно образование, а нивните родители подобро вклучување во пазарот на труд, што значи правиме две добра. Воедно ја реализираме нашата определба како Влада за проширување на опфатот на деца од предучилишно образование, и од сегашните 30 проценти планираме да стигнеме до 50 насто од опфат на деца. Со одлука на Владата и врз основа на склучениот договор со Светска Банка во наредните 4 години ќе инвестираме 16 милиони евра во зголемување на инфраструктурниот капацитет за сместување на деца со предучилишно образование. За 1,5 година, опфатот за сместување на деца го зголемивме за 1.300 и тоа навистина е голема инвестиција, посочи Царовска.

Општина Битола издвои еден милион денари за доопремување на три занимални и тој процес наскоро ќе биде завршен, најави градоначалничката Петровска на свеченоста во селото Кравари.

– Потребата за сместување на деца во детските градинки во Битола е голема, и само во Јавната установа детски градинки „Естреја Овадија Мара" во овој момент има барања со листа на чекање од 500 деца, а потребите постојано се зголемуваат. Интересот за ран детски развој е поголем, а ние како локална самоуправа ќе одговориме на тие барања, посочи Петровска.

Министерката Царовска учествуваше на панел на Саемот за кариера во Битола, кој вчера и денес се одржува во Битола, а го посети новоотворениот Ресурсен центар за слепи лица во овој град.

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

притисни ентер