Царинската управа лани наплатила 63,9 милијарди денари по сите основи

Со невалидни и фалсификувани преку 20.000 документи, увозниците минатата година се обиделе да избегнат плаќање давачки во вредност од околу 875 милиони денари.

Ова, како што јави МИА, е само еден од билансите во ланското работење на Царинската управа која денеска одбележува 21 година постоење.

Управата лани по сите основи наплатила вкупно 63,9 милијарди денари што е за 3,5 отсто повеќе од 2011 година. - Наплатени се 4,07 милијарди денари на име царина и други царински давачки со еквивалентен ефект што е приближно еднакво на планираното, а за околу 7 проценти повеќе во однос на 2011-та кога беа наплатени 3,8 милијарди денари, посочи директорот.

Наплатените приходи од увозен ДДВ се 41 милијарда денари, на име акцизи се наплатени 16,6 милијарди денари, а на име надоместоци 2.231 милион денари.

- Царинската управа прерасна во институција за гордост која ги заштитува економските и финансиските интереси на државата, граѓаните и бизнисот, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески пред свеченоста.

Управата, додаде, е на многу високо, европско ниво и можеме да бидеме задоволни од нејзините услуги.

- Царината изминатите години вложи многу напори за подобрување на квалитетот на работењето преку модернизација, спроведување обуки, примена на најсовремени електронски методи за поднесување документи, истакна Ставрески.

Според директорот на Управата Ванчо Каргов, Царината и во 2012 година продолжи со спроведувањето на реформите и обврските, заштита на фискалните интереси на државата, заштита на здравјето и безбедноста на луѓето, обезбедување конкурентен економски амбиент и исполнување на условите за влез во ЕУ.

- Во 2012. Царинската управа спроведе поголем број реформи како во однос на управувањето со човечките ресурси, организацијата и логистиката, така и во унапредување на системите за контрола и примената на законите што резултираше со голем број ефикасни акции за заплени од различен вид. Целосно ги исполни своите цели, но тоа е обврска повеќе да продолжи со ист интензитет и во 2013, напомена Каргов.

Донесени се 1.047 решенија за дополнителна наплата на увозни и акцизни давачки. На име дополнителна наплата на увозни давачки се издадени 1.017 решенија во вкупен износ од 646 милиони денари.

Поднесени се и 737 прекршочни пријави од кои 674 за царински, 18 за девизен и 45 за акцизен прекршок, како и 91 кривична пријава против 111 физички и 31 правно лице.

Царината минатата година привремено задржала 119 странски моторни возила поради непочитување на прописите за нивно управување, а во соработка со Државниот инспекторат за транспорт открила 97 случаи на непочитување на прописите во меѓународниот превоз на патници.

Извршени се и 1.927 контроли на трговски друштва при што се откриени 34 обиди за неплаќање увозни давачки во вкупен износ од 354 милиони денари.

Во 149 акции, поради основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост, привремено се задржани 341.000 парчиња стока, а уништени се 144.000 парчиња фалсификувана стока.

Царината на крајот од 2012 година регистрирала вкупно 222 трговски марки за царинска заштита на права од интелектуална сопственост меѓу кои Пума, Адидас, Зара, Лакост, Нутела, Прада, Херба, Натрен, Ариел, Лабело, Косили, Еуцерин, Нивеа, Колгејт,....

Ковачевски: Влада се формира со поддршка од 61 пратеник

Парламентарната трка не е завршена, ако некој не го освоил мнозинството од 61 пратеник за формирање на влада значи ги изгубил изборите, вели лидерот на СДСМ Ковачевски.

Тој се уште нема концизен одговор дали има шанси неговата партија да ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ доколку се случи сценариото тие да победат, а се соочат со услови или уцени од албанските партии. Според него за ова ќе се разговара по конечните резултати од изборите во среда.

-Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите, бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник. Ќе видиме какви ќе бидат резултатите од изборите на 8 мај, бидејќи изборите уште не се завршени. Тогаш ќе може да се разговара за формирање на влада. Чекајте, полека, па ние сме на избори конкуренти со ВМРО-ДПМНЕ, осми нека дојде па ќе видиме. - Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ

На прашањето како ја коментира националистичката реторика од партиските митинзи, како што се скандирањата за УЧК од ДУИ, Ковачевкски рече дека ги осудува и нив, но и пораките кои ги возвраќаат од опозицискиот табор.

-Јас веќе ги имам осудено изјавите и на господинот Ахмети во однос на несоодветното скандирање на плоштадот Македонија, бидејќи тие се анахрони скандирања и не враќаат 20 години наназад во едно закопано минато коешто сме го надминале со Охридксиот рамковен договор и членството на НАТО... Исто така упатив порака и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат Силјановска дека националистичка реторика не води никаде.- Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ

Кампањата за парламентарните и претседателските избори ќе трае уште четири дена. Според најавите од првиот човек на ДИК Даштевски, резултатите од гласањето за двата процеса може да се очекуваат уште истата вечер на 8 мај.

Османи се расправеше со новинарите: Дали да нацртам? Нема влада без Бадентер

Доколку Европскиот фронт победи во албанскиот блок на парламенатрбите избори на 8-мај од ДУИ сметаат дека по автоматизам им следува да бидат дел од идната влада. 

Според Османи не може да има Влада без двојно мнозинство - парламентарното од 61 пратеник плус Бадентерово, а ваквите тврдења ги темелеше на Охридскиот рамковен договор. Соочен со аргументите дека таканареченото двојно мнозство го нема во Законот за Влада или во Уставот и дека Влада се гласа со просто мнозинство, Османи влезе во кавга со новинарите чии прашања ги окарктеризира како навредливи за Албанците.

-Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет? Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира Владата. Затоа има две мнозинства со Рамковниот договор. тие што ги исполнуваат двете мнозинства, формираат Влада. Не може да се формира Влада без Бадентерово мнозинство. – Бујар Османи, колциција „Европски фронт“

Новинар: Но мандатот го добива една партија, а Влада се гласа со бадентер, туку со 61 пратеник.

Не знам како да ви обајснам. Да земам табла да ви нацртам.

Новинар: па цртавте еднаш, ама знаете како заврши тоа.

Епа изгледа треба пак да нацртам. Еве ви кажувам без ДУИ нема бадентер, а без бадетер нема функционална Влада.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак се категорични дека ислучуваат секаква можна соработка со ДУИ и Али Ахмети во било која форма или варијанта. Потпретседателот на партијата Александар Николоски утрово порача дека брзо по 8 мај граѓаните ќе се уверат дека зборот ќе биде одржан.

„Со Али Ахмети е исклучена секаква соработка во било која варијанта, во било која форма, на било кој начин нема да има соработка со Али Ахмети. Ние сме многу сериозни дека ДУИ ќе оди во опозиција, јас сум свесен дека до првиот круг најголем дел од политичката елита и дел од граѓаните во Македонија мислеа дека блефираме и дека го правиме тоа за политички поени. Свесен сум дека во овој момент има граѓани кои сеуште мислат дека ова го правиме како политичка игра, но ние ова ќе го реализираме и нашата поддршка после изборите ќе расте затоа што ќе видат дека го држиме зборот„.– Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Од Коалицијата ВРЕДИ изјавата на Османи ја оценуваат како желба за Власт по секоја цена и порачаа дека ќе преговараат за влез во идната Влада..

Дали ќе подржат еден од двајцата претседателски каднидидати од Вреди велат ќе одлучуват деновиве, но ги повикаа галасачите да излезат и да го остварат правото на глас на двојните избори.. Дали нивните членови и симпатизери вооошто да гласат и дали да поддржат некој од канидатите, став допрва ќе градат и во ДУИ.

Почина таткото на Тоше Проески

По тешко боледување, почина Никола Проески – татко на легендарниот музичар Тоше Проески.

Тажната вест денеска на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. Таа со фотографијата на која се Никола и Тоше се прости од својот татко. Според пријатели на семејството, последниве месеци, тој се лечел во приватна болница во Скопје.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.

притисни ентер