Цакај: Предвремени избори во Македонија не се заради неуспехот со преговорите

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај оцени дека „предвремените избори во Македонија не се поради неуспехот да се отворат преговори со ЕУ".

Тој нагласи дека „во соседната земја" од поодамна се дискутирало за предвремени парламентарни избори, додавајќи дека предлогот на премиерот Зоран Заев „не е поврзано со одлуката на Советот на Европа".

– Дискусијата за предвремени избори во Македонија е од многу порано. Вие не можете да ги поврзете процесите. Предлогот за предвремени избори не е последица на одлуката на Советот, изјави Цакај на прес-конференцијата во Министерството за надворешни работи, одговарајќи на новинарско прашање околу можноста за предвремени избори и во Албанија.

Цакај, исто така, изјави дека „во Македонија имало ветувања дека овој процес (отворање на преговори) неизбежно ќе се случи", додека албанската Влада „не го гарантирала тоа".

Инаку, обраќањето на премиерот Заев се најде во ударните термини на сите албански медиуми, со посебен акцент на предлогот за предвремени избори и решителноста да се продолжи со реформите. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер