Бурен аплауз на актерите на Драмскиот театар во Виена

Со бурен аплауз и со овации беа испратени актерите на Драмскиот театар, кои синоќа во престижниот театар „Акцент“ во Виена, со претставата „Последните Македонци“ во режија на Сашо Миленковски ја отворија манифестацијата „Денови на македонската култура во Австрија“ која се одржува во рамките на прославата на 20-годишнината од дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Австрија - соопштија од министерството за култура.


Претставата „Последните Македонци“ беше изведена пред повеќе од 300 посетители, меѓу кои и директорот на Драмскиот театар Роберт Вељановски, амбасадорот на РМ во Виена д-р Ѓорѓи Филипов, Роберт Петрески заменик- секретар од Македонската културна заедница во Виена, како и други гости и претставници на дипломатскиот кор во оваа земја.

Манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се реализира со поддршка на Министерството за култура, продолжува утревечер (20 септември) кога македонската современа ликовна сцена пред австриската јавност ќе биде презентирана преку изложбата „Made in Macedonia – Brikolage“ во организација на Музејот на современата уметност. Изложбата која ќе биде поставена во Амбасадата на Република Македонија во Виена, ќе презентира дела на неколкумина реномирани македонски уметници, меѓу кои и Атанас Атанасоски, Жанета Вангели, Ива Димеска, Антони Мазневски, Дијана Томиќ-Радевска, Исмет Рамиќевиќ, Вана Урошевиќ, ОПА (Слободанка Сревческа, Денис Сарагиновски).

„Деновите на македонската култура во Австрија“ ќе бидат заокружени во недела (21 септември) кога во познатиот Одеон театар ќе биде изведена балетската претстава „14 часа“ на Македонската опера и балет. Режисер е Наташа Поплавска, музиката ја напиша Кирил Џајковски, а кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров. Во балетското дело „14 часа“ настапуваат првенците на МОБ: Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Васил Чичијашвили, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски.

Поплави и свлечишта во германската провинција Сар

Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во западната германска покраина Сар. Поради надојдената вода евакуирани се жителите од неколку згради.

Според Германската метеоролошка служба во Сар вчера наврнале повеќе од 100 литри дожд на квадратен метар за помалку од 24 часа.

Според досегашните информации, во силното невреме нема жртви, а при евакуацијата едно лице е повредено.

Голем број патишта во Сар сè уште се затворени, а ограничен е и железничкиот сообраќај.

Германскиот сојузен канцелар Олаф Шолц најави дека ќе ја посети поплавената област.

Поради обилните дождови зголемена е готовност и на надлежните служби и во Саксонија, Тирингија и Баварија./МИА

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

притисни ентер