Бројот на земјоделци во Mакедонија драстично се намалува

Земјоделците добија историска голема исплата за субвенции како никогаш досега, вели кпремиерот Христијан Мицкоски, откако вчера беше објавено дека е започната исплатата на субвенциите. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Без регистрација - дали Дани Олмо заминува од Барселона?

Повторно се појавија проблеми околу регистрацијата на шпанскиот репрезенативец  Дани Олмо во тимот на Барселона.

Неговиот понатамошен настап во натпреварите од шпанската Ла Лига е доведен во прашање, бидејќи Каталонците не ги исполнија условите потребни за регистрација.

Последната шанса да ја промени ситуацијата на подобро Барселона ќе ја има на 30 декември кога ќе има ново рочиште во врска со жалбата која беше поднесена.

Каталонскиот великан има рок за регистрација на Олмо до 31 декември, покрај Дани Олмо со забрана за регистрација се соочува и Пау Торес .

Инаку, Олмо сезонава забележа 15 настапи во сите натпреварувања, постигна шест гола и даде една асистенција, додека Торес играше 23 пати.

Кина воведе санкции за западните компании

Имотот на овие компании во Кина, како што се наведува, ќе биде замрзнат, а на кинеските субјекти им е забрането да соработуваат со нив.

Кинеската влада денеска одобри воведување санкции против седум западни компании како одговор на неодамнешните најави на САД за продажба на оружје и воена помош за кинескиот регион Тајван, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Пекинг.

Имотот на овие компании во Кина, како што се наведува, ќе биде замрзнат, а на кинеските субјекти им е забрането да соработуваат со нив.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се вели дека потезите на САД ги прекршуваат договорите меѓу двете земји за Тајван, се мешаат во внатрешните работи на Кина и го поткопуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на нацијата.

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден минатата недела одобри воена помош од 571 милион долари за Тајван, а Пентагон објави продажба на оружје во вредност од 295 милиони долари на островот.

За дочекот на Нова година градот организира прослава на плоштадот Македонија

Град Скопје го прекина молкот. Пет дена пред највеселата ноќ соопшти дека на градскиот плоштад во Скопје ќе има новогодишна прослава.

Екипи на терен веќе почнаа со поставување на сцената, на која на 31-декември ќе настапат познати македонски поп, рок и етно музичари.

Дел од граѓаните со кои разговаравме, се завоволни од програмата на градскиот плоштад. Дел од нив ќе дојдат на прославата, дел ќе останат во домашен амбиент или некаде во домашните туристички места.

Од Здравствен дом - Скопје апелираа, особено до помладите, да внимаваат на консумирањето на алкохол и употребата на пиротехнички средства, а хронично болните да се придржуваат до терапијата.

Од таму информираа дека на новогодишната ноќ достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена - Поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров , Драчево и Бит Пазар. Овие поликники ќе работат и во неделите и во празничните денови.

притисни ентер