Бројот на заболени од Ковид-19 достигна 711

Со новозаболените 48 лица од коронавирус, вкупниот број на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјава достигна 711. Досега направени се вкупно 7.067 тестирања за овој вирус.

Од Клиниката за инфективни болести во Скопје по два контролни негативни теста испишани се тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба, а пак примени се двајца нови пациенти. На оваа Клиника се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои осум се на механичка вентилација со тешка форма на болеста.

Во ГОБ „8 Септември" хоспитализирани се 21 пациент,од кои шест се на респираторна машина, со тешка форма на манифестација на болеста. Во болницата во Битола се хоспитализирани четири лица кои се со лесна форма на болеста. Во болницата во Штип примени се уште четири пациенти или вкупно осум и сите имаат лесна форма на болеста.

Четиримесечното бебе позитивно на вирусот кое се наоѓа на Инфективната клиника во Скопје е стабилно. За неговата состојба секојдневно се консултира и педијатар.

Во однос на починатиот притвореник позитивен на Ковид 19 од истражниот затвор во Шутка, министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција рече дека интензивно се работи со луѓето од затворот. Напрвени се и прегледи од лекарски тимови кои продолжуваат денеска и утре. Досега се земени голем број на тестови, а ќе се анализираат сите луѓе кои се наоѓаат таму, вклучително и персоналот на затворот.

Филипче информира дека во Агенцијата за храна и ветеринарство една вработена повеќе од една недела не била на работа. Од втори април била дома поради ротацијата на тимовите во институцијата. Седум колеги кои биле во контакт со заболената се во домашна изолација. Во објектот на институцијата се работи на детална дезинфекција и чистење.

За викендот што ќе биде затворен за движење на населението, на територија на цела држава, се до понеделник до пет часот, министерот Филипче апелираше граѓаните да се придржуваат на мерките.

-Јас верувам дека сите граѓани ја разбираат потребата од ваквите мерки и знам дека е тешко да се седи дома по вакво убаво време, но токму во овие услови мора да се покаже максимална одговорност и секој од нас да се придржува кон она што е пропишано, истакна Филипче. Нагласи дека оваа состојба нема да трае долго, до колку се придржуваме до мерките.

Потенцира дека е многу битно што има линеарен пораст на бројот на пациенти, што значи дека успешно се амортизира ударот, во смисла на бројот на пациенти кои се примаат во клиниките.

Министерот Филипче информираше дека од почетокот на следната недела ќе почнат подготовките за денот кога, како што рече, нашите животи постепено ќе ги вратиме во нормален колосек, кога ќе продолжи работниот процес во секоја компанија, рестораните, угостителските објекти, продавниците... /МИА

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања?

После денешната прес конференција на ДПМНЕ прашањето е дали Белата палата води истраги вклучително и споменатата?

СДСМ нема да навлегува во мотивите на ОЈО, секако дека секој што го прекршил законот треба да одговара, но, доколку се утврди дека нема прекршување на законот очекуваме исто така одговорност.

Постои сомнеж дека ова е можеби и злоупотреба за избораната кампања. Вештачењето е од 25.04.2024 година, само еден ден после првиот круг од претседателските избори, а предлогот е доставен за 3 работни дена потоа.

Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно.

Ал Џезира - Финален предлог на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Конечниот предлог на Резолуцијата, во која имаа увид од Ал Џезира, се состои од седум точки.

Конечниот предлог за Резолуцијата што ќе го одбележи 11 јули како ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница во БиХ во 1995 година е испратен до претседателот на Генералното собрание на ОН, Денис Френсис, потврди амбасадорот на Босна и Херцеговина во ОН, Златко Лагумџија.

Конечниот предлог на Резолуцијата, во која имаа увид од Ал Џезира, се состои од седум точки, а целта е да се зачува споменот на жртвите од Сребреница и да се спречи нивното негирање и величење на осудените за воени злосторства.

Повикувајќи се на неколку пресуди на Меѓународниот суд на правдата (МСП) и Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, во конечниот предлог на Резолуцијата се вели:

- Прогласете го 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во 1995 година;

- Безрезервно се осудува секое негирање на геноцидот во Сребреница како историски настан и се повикуваат земјите-членки да ги зачуваат утврдените факти, вклучително и преку нивните образовни системи, преку развивање соодветни програми, со цел да се спречи негирање и искривување на фактите и појава на геноцид во иднина;

- Безрезервно ги осудува дејствијата кои ги глорифицираат оние што се осудени за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид од страна на меѓународните судови, вклучително и оние кои се одговорни за геноцидот во Сребреница;

- Ја нагласува важноста од завршување на процесот на пронаоѓање и идентификување на преостанатите жртви на геноцидот во Сребреница и нивното достоинствено погребување;

- Повикува на продолжување на гонењето на оние извршители на геноцидот во Сребреница кои се уште треба да се соочат со правдата;

- Ги охрабрува сите држави целосно да се придржуваат кон нивните обврски според Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид, како што е применливо, и обичајното меѓународно право за спречување и казнување геноцид со должно почитување на релевантните одлуки на Меѓународниот кривичен суд (МСП );

- Бара од генералниот секретар на ОН да воспостави информативна програма со наслов „Геноцид во Сребреница и Обединетите нации“, ги започнува своите активности со подготовките за годишнината во 2025 година и понатаму бара генералниот секретар да донесе резолуција за проверка од сите земји-членки, организации во рамките на системот на Обединетите нации и граѓанските организации за соодветна усогласеност;

- Ги повикува сите земји-членки, организации од системот на Обединетите нации, други меѓународни организации и регионални организации, како и граѓанското општество, вклучително и невладините организации, академските институции и другите релевантни фактори да го одбележат Меѓународниот ден, вклучително и посебни ознаки и активности во спомен и чест на жртвите на геноцидот во Сребреница 1995 година, како и соодветно образование и јавна свест.

Резолуцијата, чии формални предлагачи се Германија и Руанда и спонзори на повеќе од 20 други земји, вклучително и највлијателните западни земји како САД, Велика Британија, Франција и Италија, требаше да биде објавена на 2 мај во седиштето на ОН, но гласањето беше одложено, па сега се очекува да биде кон средината на месецот. /МИА

ОЕЦД ја зголеми прогнозата за светскиот раст за 2024 година

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денеска ги зголеми прогнозите за светскиот економски раст во 2024 година, особено благодарение на динамиката на закрепнување во САД.

Денеска ОЕЦД ја зголеми прогнозата за глобалниот раст во 2024 година на 3,1 отсто, додека според последната економска прогноза на организацијата од февруари таа изнесува 2,9 отсто.

„Внимателниот оптимизам почна да ја освојува глобалната економија“, се вели во кварталниот извештај на ОЕЦД, кој сепак укажува на големи разлики меѓу земјите.

За САД има зголемување на прогнозата за раст на 2,6 отсто во 2024 година, во споредба со претходно прогнозираните 2,1 отсто.

Прогнозата за еврозоната е благо зголемена, на 0,7 отсто, наспроти претходно очекуваните 0,6 отсто. /МИА

притисни ентер