Брнз: Само со заедничка работа можеме да се надеваме на успешно запирање на вирусот и пронаоѓање вакцина

Се соочуваме со нова ситуација за сите нас и само со заедничка работа – надминувајќи ги националните граници, партиските и други поделби, и со соработка меѓу приватниот, невладиниот и јавниот сектор .

– Можеме да се надеваме на успешно запирање на вирусот и евентуално пронаоѓање на вакцина, порачува американската амбасадорка Кејт Мари Брнз во отворено писмо до граѓаните на Македонија.

Во писмото, амбасадорката Брнз наведува дека овде во Европа, во САД и насекаде во светот, се соочуваме со фундаментални предизвици по животот, таков каков што го знаевме и дека данокот што Ковид-19 го зема во однос на човечките животи и нашето секојдневие беше речиси незамислив пред само шест месеци.

– Луѓето на нашите две земји, заедно со сите други држави погодени од ова, се здружени во жалоста кон починатите, грижата за заболените и очекувањата со претпазливост за евентуално враќање на нормалниот, секојдневен живот. Трогната сум од изјавите на сочуство што ми беа пренесени овде за жртвите во мојата земја. Во нашите мисли сме заедно со сите во Северна Македонија што ги загубија саканите и праќаме желби за брзо опоравување на заболените од овој вирус, нагласува Брнз.

Вели дека ова е нова ситуација за сите нас и оддава признание за работата на Владата и за начинот на кој се справува со кризата. Без разлика на предизвиците што ни ги донесоа изминатите денови, амбасадорката посочува дека постојано гледа знаци на надеж и добрина.

– Ме охрабруваат секојдневните изрази на емпатија насекаде околу нас: на соседот кој им помага на постарите; на итните служби и на здравствените работници кои со сочуство се грижат за заболените; на продавачите; на возачите на камиони, на аптекарите и на многу други, кои продолжуваат да работат за нашите животи да продолжат колку што е можно понормално во овие неизвесни времиња; и многу други примери на човечла хуманост, нагласува Брнз.

Ограничувањата во секојденвниот живот, посочува Брнс во писмото, мене ми дадоа можност да научам нови работи, нови начини на комуникација и поврзување во време на социјално дистанцирање.

– Ни недостасува можноста да се среќаваме во живо. Наместо тоа, тимот во Амбасадата учи да работи од далечина, употребувајќи видео-конференциски врски за состаноци, со цел да ги задржиме нашите контакти и да продолжиме да создаваме нови. Ова не беа лесни промени за кој било од нас, но сите ја разбираме потребата за заедничка пожртвуваност за да ги заштитиме најранливите и да ја израмниме кривата, нагласува американската амбасадорка.

Заедно со други пријатели и сојузници, САД го даваат својот придонес за да и помогнат на Владата овде за справуавње со оваа без преседан криза.

– Минатата недела имав задоволство да најавам грантови во вредност од 1,1 милион долари за Светската здравствена организација и за УНИЦЕФ, за борба против Ковид-19 во Македонија. Овие фондови ќе се искористат да им се помогне на државните лаборатории за масовно тестирање, за обука и опремување на тимови за брза интервенција за истражување на позитивните случаи и за спроведување на анкети за следење на контактите, за помош за спроведување на скрининг на граничните премини, и за јакнење на комуникацијата со маргинализираните заедници кои би биле најранливи во случај на масовно ширење на заразата, вели во писмото Брнз.

Помошта, посочува таа, не доаѓа само од американската влада, туку и од американските невладини организации, приватните фондации и универзитетите се некои од најголемите помагачи во светот, а оваа криза не е исклучок.

– На пример, Универзитетот Браун и Проектот ХОПЕ неодамна завршија со онлајн обука против КОВИД-19 за 40 лекари и медицински персонал од Северна Македонија. Овие медицински лица го пренесуваат тоа што го научиле и обучуваат други низ целата земја, помагајќи да се зголеми знаењето и вештините на здравствените работници кои се на првите линии на справувањето со болеста, вели американската амбасадорка Брнз.

Приватниот сектор,  исто така е вклучен во справувањето со предизвикот, со компании од целата земја кои даваат сопствен придонес за спраување со пандемијата.

– Многу донираа парични средства или заштитна опрема и производи, направија промени во производствените линии или пак ги замрзнаа цените. Некои, како Гугл или Епл, се согласија да го забрзаат процесот на вклучување на корона апликациите. Други компании, како КФЦ, се фокусираа на здравјето на лицата кои се прив на удар, како службите за итна помош, на лекарите и медицинскиот персонал, донирајќи здрава храна и оброци, посочува во отвореното писмо американската амбасадорка.

За среќа, додава таа, нашиот ангажман не е ништо ново и е граден повеќе од две децении прекy американски инвестиции и поддршка за здравствените системи и системите за управување со кризи во Македонија.

– За ова време имаме обезбедено над 11 милиони американски долари за здравствениот сектор, дел од вкупната помош од над 730 милиони американски долари. Овде спаѓа и финансиската помош за реновирањето на националната лабораторија, која сега ги обработува повеќето тестови за Ковид-19, вели Брнз.

Според неа, претстои многу работа откако ќе заврши овааа закана и во тоа САД ќе останат наш постојан партнер.

– Мојот тим и јас веќе размислуваме за она што ќе следи и како да помагаме за работите да се вратат во нормала. Среде оваа криза, вашата земја официјално се приклучи кон НАТО и доби покана да ги започне преговорите за членство во Европската унија, две достигнувања за кои работевте со децении. Уверена сум дека од ова искуство ќе излеземе посилни, нашето партнерство ќе биде подлабоко, и заедно ќе можеме да градиме нови можности за да помогнеме да ги реализирате вашите аспирации за силна, динамична и отпорна иднина, стои во отвореното писмо на американската амбасадорка Брнз./МИА

Филипче им вети на поддржувачите: СДСМ нема да ве изневери, но сега е потребна вашата поддршка

„Како иден пратеник ви ветувам дека ќе останам овде за вас достапен и со слух за секој проблем.

„Како иден пратеник ви ветувам дека ќе останам овде за вас достапен и со слух за секој проблем. Никогаш повеќе СДСМ нема да биде салонска партија, туку партија која живее и работи меѓу граѓаните, меѓу членовите“, пред струмичани го истакна др. Венко Филипче, кој како носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина вечерва се обрати на централниот митинг во Струмица.

Филипче истакна дека во изминатите 20 дена се сретнал со многу нови луѓе, запознал и верни членови на СДСМ и вистински социјалдемократи, но и луѓе разочарани од политиките на партијата. Кон нив Филипче упати директна порака:

„Пред сите нив, а сега и пред вас исправено стојам и кажувам: СДСМ нема да ве изневери. Не можеме да си дозволиме да молчиме, не можеме да си дозволиме да останеме дома. СДСМ ќе се промени. Но, не можеме да одиме напред без вашата поддршка, ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ. Ве повикувам да им се спротивставите на оние кои се обидуваат да нè потценат и уценуваат. Да им се спротивставиме на оние кои сакаат да нè поделат и кумуваат со нашите противници. Никогаш не се откажавме од основните постулати на социјалдемократијата, мирот, слободата, еднаквоста и грижата за секој“, рече Филипче.

Филипче повика на обединување и мобилизација:

„Да не дозволиме поделба, да избереме единство. Ова е време да покажеме дека срцето на оваа партија чука силно, а тоа срце е секој од вас. Не можеме да одиме напред без вашата поддршка, ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ“, рече Филипче.

Тој додаде и дека не било лесно да се донесат визионерски одлуки со кои се решаваат проблемите за овие и за многу следни генерации и потенцираше дека ова е суштинската разлика помеѓу она што го нуди СДСМ и она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ.

Тој повика на единство во партијата и мобилизација за поддршката за СДСМ, која како што вели, нема да ги изневери граѓаните бидејќи не се работи за победа на избори туку обезбедување на иднината што сите ја заслужуваат.

„Ова е суштинската разлика помеѓу она што го нудиме ние и она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ. Ние играме со отворени карти. Вие знаете каде сме, каде одиме и што сакаме да постигнеме. Нема скриени агенди, нема завиени и лажни одговори. ВМРО-ДПМНЕ игра со скриени карти. Тие се како оние продавачи кои ви продаваат производ во темна, затворена кутија во која не се гледа производот. Ви велат, може да ја отворите само после изборите, само откако ќе платите со вашиот глас. А кога некој ви продава производ што не може да го видите, бидете сигурни дека со тој производ нешто не е во ред“, потенцира Филипче.

Скопје, 6 мај 2024

СДСМ

Москва: Шест лица загинаа, десетици се повредени во украински напад на Белгород

 Шест цивили загинаа, а уште 33 лица се повредени кога украински беспилотни летала нападнаа два автомобили во руската област Белгород, долж границата со Украина, соопшти регионалниот оддел на Министерството за вонредни ситуации на Русија.

- Украинската армија употреби беспилотни летала за да ги нападне автомобилите на компанијата Агро-Белгорје, кои превезуваа вработени во свињарска фарма. Како резултат на тоа, повеќе од 30 лица се повредени, а шестмина загинаа, се вели во соопштението што го пренесуваат руските агенции.

Началникот на округот Владимир Переверзерв на седница на регионалната влада потврди дека шест лица загинале, а десетици се повредени во напад со беспилотни летала на вооружените сили на Украина врз возила на земјоделска фарма во округот Борисовски на Белгородска област.

Гувернерот Вјачеслав Гладков на Телеграм соопшти дека се повредени 35 лица, меѓу кои и две деца.

Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

РАБОТИ НА ПАТ:

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп - Битола", и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата.

На 26.03.2024 година од 14.15 часот извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај.

Од 18.03.2024 г. има измена на режимот на сообраќај на државниот пат Р1101, делница Прилеп – Битола, заради интезивирање на градежните активности во врска со проект Санација на патот, кај мост на река Шемница.

Започнувајќи од 11.12.2023 год. ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп - Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи.

Започнувајќи од 05.12.2023 год. е изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово - Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните.

Oд 24.11.2023 година од 16:00 часот режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП „Табановце“поточно кл.Куманово-кл.Кр.Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување ќе биде затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот ќе се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред граничниот премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на 2 км пред граничниот премин "Блаце" на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На 07.11.2023 година од 13:00 ч. извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од Автопат А1, Пeтровец – Катланово - рехабилитација со проширување на автопатот А1 (лево и десно коловозот во двата правца) во должина од 6000 м, сообраќајот ќе се одвива по новоизградената коловозна лента (Катланово - Петровец) двонасочно, со вертикално поставена сигнализација, додека коловозната лента Петровец - Катланово ќе биде затворена за сообраќај.

Oд 24.10.2023 година ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 - проширување на постоен пат А4 од ГП "Блаце" до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин "Блаце" од 06.10.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива нов времен двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) со поставена соодветна соорбаќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Oд 11.9.2023 г. воспоставен е времен режим на сообраќај во тунелот на патниот правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Поставена е светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.

БИОН ДОО Тетово известува дека од 20.05.2023 година на патниот правец "Државен пат А3, делница: Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид" ќе има измена на времениот режим на сообраќај поради изведување работи што се предвидени на објектот "Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на државен пат А3, делница Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид". Режимот ќе биде според сообраќајниот проект. Работите на објектот се предвидени да завршат на 29.02.2024.

Од 14.06.2023 година почнува проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено со ограничување на максимална брзина до 30 км/час.

Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023 г., а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Почнувајќи од 06.03.2023 г., на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново на државен пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

На патниот правец Градско - Прилеп се изведуваат градежни активности и затоа препорачуваме внимателно возење и прилагодена брзина на движење.

На патниот правец Кичево - Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Авто мото сојуз на Македонија

притисни ентер