Брнабиќ: Освоивме 47,1 процент од гласовите, добродојдовте на прославата

Ана Брнабиќ беше пречекана со аплауз во седиштето на партијата по денешното гласање и ги повтори зборовите на претседателот Вучиќ - „Добродојдовте на прославата“.

- Да почнеме со тоа како изгледаше денот на изборите, колку невистини, полуинформации и сѐ останато што слушнавме, сѐ со една цел. За да создадеме атмосфера на паника и хаос, а ние се боревме против тоа, го почитувавме изборниот молк за разлика од другите и се обидовме да објасниме за какви лаги зборуваме – рече таа.

Брнабиќ потсети дека во опозициските медиуми било објавено дека со неа гласал и кумот на претседателот и рече дека има дезинформации за наводните починати лица кои гласале.

-Тогаш лажеа дека не барале лични карти во Врачар. Кои се сите брутални невистини и озлогласени лаги, лесно проверливи. Како прво, контролорите на СНС не можат да влијаат на овие работи, а опозицијата имаше 80 проценти контролори - рече таа.

Таа вели дека единствена неправилност бил инцидентот во Оџаци, а се заблагодарила на МУП што реагирале за два и пол часа.

- Лицето е приведено, согласно прописите. Да не зборуваме за тоа со што се соочивме ние како партија и листата „Србија не смее да запре“ за време на изборниот молк. Ваква бруталност на кршење на изборниот молк не е видена - вели премиерката.

Брнабиќ продолжи да цитира текстови од опозициските медиуми од времето на изборниот молк.

- Според обработени 50 отсто избирачки места, сакам да ги информирам граѓаните дека нашата листа „Србија не смее да запре“, во моментов има 47,1 отсто од гласовите - рече таа и беше поздравена со аплауз.

Таа вели дека листата на Ѓилас, НАДА и Несторовиќ сигурно ќе влезат во парламентот, заедно со листата „Србија не смее да запре“.

- И речиси е сигурно дека самите ќе имаме повеќе од 125 мандати. Ќе почекаме до крај да видиме што ќе се случи – рече премиерката.

Таа рече дека за Белград само што почнуваат да пристигнуваат првите резултати и оти е свесна дека опозицијата сака да прогласи победа во главниот град.

-Тие луѓе составуваат некои свои бројки, но тоа е во склад со она што го видовме, но добро. Ќе се обратиме барем уште еднаш, и претседателот Милош Вучевиќ, а се надевам и српскиот претседател Александар Вучиќ - изјави Ана Брнабиќ, пренесе Курир.

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Русија најави вежби на тактичките нуклеарни сили

Русија ќе спроведе вежба на своите тактички нуклеарни сили по наредба на претседателот Владимир Путин, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.

Во соопштението не се наведува дали проектилите ќе бидат опремени со нуклеарни боеви глави. Русија претходно спроведуваше обука на нуклеарни сили без нуклеарни боеви глави, потсетува ДПА.

- Како дел од вежбата ќе бидат спроведени низа активности за вежбање на подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти руското Министерство за одбрана.

Засега е нејасно кога и каде точно ќе почне вежбата во која се вклучени јужниот одбранбен округ и поморските сили.

Руската војска во октомври истрела две интерконтинентални ракети и неколку крстаречки ракети за обука и одвраќање. Вежбата, која ја најави, ја оправда со наводни „провокативни изјави и закани од поединечни западни функционери против Руската Федерација“.

Од почетокот на нејзината војна против Украина пред повеќе од две години, руските претставници постојано се обидуваа да ја тестираат меѓународната поддршка за Киев со поттикнување стравувања од нуклеарна војна.

притисни ентер