Британски скијач исчезна во страшното невреме на Алпите

Британски скијач исчезна , додека десетици илјади туристи се заглавени на Италијанската и Швајцарската страна на Алпите .

Снегот што напаѓа над еден метар височина за само 24 часа , ветрот и лавините ги блокираа зимските центри на Алпите .

На Италијанските Алпи, околу 10.000 туристи и локални жители се отсечени поради лавини и снежни наноси , а Швајцарските власти во близина на познатите врвови Матерхорн ги затворија скијачките , пешачките патеки, жичарниците, патиштата и возот во блискиот град Зермат, каде престојуваат околу 13.000 туристи.
Од туристичкото биро информираат дека струја има и оти сите гости се на безбедно .

Но , затоа на Францускиот дел од Алпите исчезна Британски скијач . 39 – годишниот Џон Бромел сакал во неделата за последен пат пред да замине групата да се спушти со сноубордот. Од тогаш му се губи трагата .
Спасувачите малку може да помогнат , бидејќи токмуво тој дел лавините носеа дрвја врз возилата во подножјето , а снегот целосно блокира цели села .

Поради ризикот од лавини , сите ски патеки во Тињес се затворени од неделата .

Алпите се зафатени со снежни врнежи , најсилни во последните 30 години . Како резултат на лавина , селото Коње е целосно отсечено од светот со снежен ѕид висок 20 метри .

Земјотрес ноќеска регистриран во Скопје

Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 01:39 часот во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од Скопското епицентрално подрачје. 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава информира дека земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и дека е почуствуван од населението во Скопје и околината.

Полицаец со уште двајца учествувал во киднапирање маж- го претепале и му барале 10.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, соопштуваат од Обвинителството.

Израелскиот амбасадор во Шведска го осуди палењето на Куранот во Малме (ВИДЕО)

Амбасадорот на Израел во Шведска, Жив Нево Кулман, го осуди денеска палењето на Куранот во Малме.

Две лица денеска го запалија Куранот во Малме, а едното од нив беше завиткан во израелско знаме, објави „Тајмс оф Израел“.

„Палењето на светата книга Куранот додека се вее израелското знаме е грозен чин на непочитување, не само за 20 отсто од израелските граѓани кои се муслимани, туку и против вредностите како што се толеранцијата и меѓусебното почитување. Го осудувам овој кукавичкиот чин на најсилен можен начин. Малме треба да го обедини музиката наредната недела поради Евровизија“, објави Кулман на платформата Х (Твитер).

Како што претходно објави финскиот јавен сервис Yle, две лица вчера прво прочитаа делови од Библијата, го влечеа Куранот на кучешки поводник, запалија страници од муслиманската света книга и го згазија палестинското знаме.

притисни ентер