Британија нуди времени визи за странски работници, очајно им требаат возачи на камиони

Времени визи за Обединетото Кралство ќе им бидат понудени на возачите на камиони и работниците во живинарската дејност за да се избегне прекин на синџирот на снабдување пред Божиќните празници.

Недостатокот на работна сила е растечки проблем во Велика Британија, која има рекордни еден милион вишок празни работни места помеѓу јуни и август, според Канцеларијата за национална статистика.

Според Си -Ен -Ен, британската влада претходно ја отфрлила можноста за издавање визи за странски работници, но, според новиот извештај, министрите планираат пресврт. Според владиното соопштение, 5.000 возачи на тешки камиони (ХГВ) и 5.500 работници во дејноста со живина се додадени во постојната визна шема до Божиќ 2021 година, „за да се намали притисокот врз синџирот на снабдување во прехранбената и транспортната индустрија во исклучителни околности "

До 4.000 луѓе ќе бидат обучени како нови возачи на камиони и „речиси милион писма ќе бидат испратени до сите возачи со дозвола за камиони, за да се обидат да ги вратат во индустријата“, соопшти владата.

Откако недостатокот на возачи на камиони беше причина за да се затворат некои бензински пумпи, возачите во Велика Британија се повикани да не паничат.

Британската асоцијација за превоз на патишта (РХА) вели дека на Британија и се потребни уште 100.000 возачи за да ја задоволат побарувачката. Недостатокот на возачи делумно е предизвикан од Брегзит и „Ковид-19“ и губењето на околу една година обука и тестирање на возачи.

„Оваа влада продолжува да прави се што може за да им помогне на транспортните и прехранбените индустрии да се справат со недостатокот на возачи на камиони“, рече министерот за транспорт Грант Шапс во изјавата. Шапс ја повика индустријата да ги подобри условите за работа и да ги зголеми платите, со цел компаниите да ги задржат возачите.

„По многу тешки 18 месеци, знам колку е важен овој Божиќ за сите нас и затоа ги преземаме овие чекори што е можно поскоро за да се осигураме дека подготовките ќе останат на вистинскиот пат“, додаде тој.

Извршниот директор за храна и пијалоци, Јан Рајт, рече дека неговата организација ја поздравува „прагматичната одлука“ на владата за привремено додавање на возачите на тешки товарни возила и работниците во дејноста со живина во визната шема.

„Ова е нешто што британските производители на храна и пијалоци го бараа во последните месеци, за да ги ублажат притисоците што недостатокот на работна сила го направи врз синџирот на снабдување со храна“, рече Рајт за Си -Ен -Ен.

Но, други, вклучувајќи го и Ендру Опи, директор на британскиот конзорциум за малопродажба, рекоа дека ограничувањето на визата за 5.000 за возачите на камиони само делумно ќе го ублажи сегашниот недостаток.

Повторно „никна“ импровизиран забавен парк кај салата Борис Трајковски

​Поставените реквизити за забава и адреналин на празниот простор пред спортската сала Борис Трајковски се без соодветна документација и дозвола која гарантира безбедност за посетитлите, соопшти Град Скопје. 

Градот извршил надзор и превземал мерки да го казни правното лице, но според градот правното лице Дизниленд Реквизити продолжиле да работат насилно.

Денеска се распоредуваа и се монтираа и останатите реквизити. Сопственикот на Дизниленд Реквизити за Канал 5 објасни дека тој се обратил до Град Скопје и општина Карпош но оттаму писмено му одговориле дека не се надележни за дозвола и сега не му е јасно зошто овие реакции од страна на Град Скопје. Од Дизниленд Реквизити велат дека ги имаат сите потребни гаранции и потребни тестови за поставување на опремата и исто така правен договор со приватното лице на земјиштето дека овој простор ќе го користат еден месец.

Од Град Скопје објаснуваат дека ги повикуваат сите надлежни институции да реагираат и да постапат во најкус рок зошто станувало збор за самоволие и дека е ставено во прашање безбедноста на децата. Од фирмата Дизниленд Реквизити пак најавија дека со адвокатите ќе бараат да се реши нивниот проблем со град Скопје.

Нимиц за „Канал 5“: Засега ќе се воздржам од коментар

Специјалниот посредник на ОН во решавањето на спорот за името, Метју Нимиц, засега нема да ја коментира вжештената реторика на релација Атина – Скопје околу Преспанскиот договор и заканите од грчките политичари за ново вето за Македонија.

Медијаторот кој 25 години посвети за постигнување компромис меѓу двете страни, во ексклузивен одговор за Канал 5 кратко изјави: „Мислам дека ќе се воздржам засега. Не сум сигурен дека би можел да кажам нешто во овој момент“, вели Нимиц.

Во меѓувреме, не стивнуваат реакциите и дома и надвор околу усната употреба од новите македонски власти на името „Македонија“, без придавката „Северна“. Поранешниот министер за надворешни работи кој го потпиша Договорот во 2018 година, Никола Димитров во колумна за „Еуроњуз“ оценува дека Договорот од Преспа е добредојдена реалност, дури и меѓу неговите противници, а повторно отворање на спорот, според него, би било многу полошо.

- Договорот што го потпишавме е добар компромис, кој се однесува на критичните грижи на двете страни. Тоа ги смири билатералните односи во тоа време и ги започна обновените врски меѓу нашите народи, отворајќи ја вратата за пријателство и соработка, пишува Димитров.

Со сличен став за последиците од кршењето на Преспанскиот договор од македонска страна излезе и професорот по меѓународно право Тони Дескоски, кој беше дел од правниот тим во тужбата против Грција пред Меѓународниот суд за правдата во Хаг. Во објава на социјалните мрежи Дескоски реагира дека за Македонија полошо од Преспа е само прекршување на истата, а дополнително според него на ваков начин ќе и се даде на Бугарија аргумент дека нашето прекршување на Билатералната спогодба за добрососедство била причина за бугарското вето за ЕУ.

-Преспанскиот договор е ужасно лош по нашата земја и национален идентитет. Но, за нас има и полошо сценарио. А тоа е нашата земја да влезе во систематско и континуирано прекршување на Преспанскиот договор. Таквото поведение ќе создаде впечаток за крајна неодговорност на нашата страна, а на Грција ќе и даде простор да глуми жртва и да презема остри мерки кон нас, како одбрана од нашата “агресија”, смета Дескоски.

Ново предупредување до македонските власти да го користат само името „Северна Македонија“ повторно стигна од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Во интервју за државната телевизија ЕРТ, Мицотакис, обраќајќи се до идната влада во Скопје повтори дека без целосно усогласување со Договорот за името, Грција нема да ги ратификува меморандумите и нема да има напредок во ЕУ-перспективата на земјава.

-По прашањето за името има многу јасно повлекување и сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака до новата влада, отсега да ја смени линијата. Да се ​​почитува оваа централна одредба од Договорот од Преспа, да се користи само името Северна Македонија во и надвор од државата, кога се споменува нашиот северен сосед. Во спротивно, сигурно е дека ќе создадат проблеми не само во односите на Грција со Северна Македонија, туку и во односите на Европа со Северна Македонија, рече Мицотакис.

Бурните реакции од официјална Атина се интензивираа по заклетвата на претседателката Силјановска Давкова која во таа прилика ја изостави „Северна“, а ист пристап најави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, иако како што кажа, договорот е реалност и ќе се почитува.

Претседателството на ДУИ заседава во Мала Речица

По пресудите на Управниот суд и стартот на преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ за формирање на идната влада, попладнево во Мала Речица прв пат по изборите на 8 мај заседава раководството на ДУИ.

Таму е Јана Јосифовска.

Состанокот на претседателството трае веќе еден час.

Дали познато што е на дневен ред и какви одлуки ќе се носат?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер