Британија го одложи укинувањето на мерките, виновен е индискиот сој

Премиерот на Британија, Борис Џонсон денеска го одложи планот за укинување на локдаунот за еден месец, предупредувајќи дека ако ништо не се стори,  бројот на хоспитализирани може да ги достигне бројките од врвот на вториот бран.

Според планот што го објави Џонсон во февруари, повеќето епидемиолошки ограничувања требаше да бидат укинати на 21 јуни, а дотогаш пабовите, рестораните, ноќните клубови и другите угостителски објекти требаше да бидат целосно отворени.

Таа долгоочекувана одлука е одложена за 19 јули.

„Мислам дека е разумно да почекаме уште малку“, рече Џонсон на прес-конференција. „Како што сега стојат работите и се засноваат на доказите што ги имам во моментов, убеден сум дека нема да ни требаат повеќе од четири недели“, додаде тој.

Соопштението на Џонсон предизвика незадоволство од демонстрантите против заклучувањето, кои се собраа недалеку од резиденцијата на премиерот во Лондон.

Дополнителното време ќе се искористи за забрзување на британската програма за вакцинација, која е веќе една од најуспешните во светот. Препорачаниот временски интервал помеѓу приемот на првата и втората доза на вакцина, за оние над 40 години, ќе се скрати од 12 на осум недели.

Ситуацијата ќе биде разгледана на 28 јуни, што може да доведе повторното отворање да се одложи, иако портпаролот на Џонсон изјави дека тоа не е веројатно.

Во последниве недели, се забележува брзо зголемување на случаите предизвикани од индискиот сој на ковид-19. Здравствените власти веруваат дека се пренесува 60 проценти побрзо од претходните соеви, а научниците предупредија дека може да предизвика трет бран на инфекција.

Велика Британија денеска забележала 7.742 нови случаи и три смртни случаи. Џонсон рече дека бројот на заразени расте за околу 64 проценти неделно и дека расте бројот на хоспитализирани на интензивна нега.

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

Видео: Страшна глетка, невреме кај Градско

Страшно невреме вечерва во делови од Македонија, до нашата редакција пристигна видео од страшната глетка на автопатот кон Скопје веднаш после Градско.

На снимката може да се забележат поројни врнежи од дожд и повремени грмотевици.

притисни ентер