Брена го молела Душко Тошиќ да не се разведе од Јелена Карлеуша?!

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена е забележана во еден ресторан во Белград во друштво на фудбалерот Душко Тошиќ, сопругот на пејачката Јелена Карлеуша.

Според медиумите Брена на оваа средба наводно се обидувала да го спаси бракот на Душко и Јелена. Таа дури сака да го наговори познатиот фудбалер без разлика на се да не ја напушта Карлеуша.

Наводно, Душко не се откажал од разводот, но Брена сметала дека сепак тој треба да му даде можност на бракот после сите проблеми што Тошиќ и Карлеуша ги пребродиле. Брена досега наведуваат српските медиуми неколку пати се слушнала , а сега и видела со Душко со цел да го убеди дека разводот не е решение и дека треба да заедно со Јелена да ја победат кризата.

-Брена на само поразговорала со Душко и му објаснила дека без разлика на се низ што поминале со Јелена , секогаш треба да се размислува на долги патеки, и дека токму тоа е она што го одржува нејзиниот брак со Боба.Брена му признала на Тошиќ дека таа и Боба имале многу несогласувања во бракот, поради тоа што двајцата се успешни и популарни.Но, дека не дозволиле тоа да им го расипе нивниот однос иако имало моменти кога биле многу скарани. Брена дури му раскажале дека имало измислени афери и за нив двајца, само со намера тие да се разведат. Во еден момент дури му напоменала дека би било убаво сите заедно да отпатуваат во Опатија на брод кај Саша Поповиќ, им раскажал на медиумите добро упатен извор .

Брена потоа ги споменала и нивните ќерки Ника и Атина, поради што Душко веднаш се натажил.

На крајот, сопственичката на Гранд му дала совет на Душко да мисли на децата, посебно поради тоа што нивните ќерки наскоро ќе влезат во пубертет, кога родителите им се најпотребни. Му кажала дека Јелена е прекрасна мајка и дека уште еднаш треба добро да размисли дали сака да го напушти семејството.Тошиќ наводно според изворот, со солзи во очите ја слушал Брена и и велел дека за него децата се најважни во животот и дека поради нив е подготвен на се. Кога го завршиле разговорот , Брена ги почекала своите пријатели, а по Душко дошле неговите другари и брзо водно нерасположен го напуштил локалот, информирал изворот.

Властите во Хјустон повикаа на евакуација поради огромните поплави (ВИДЕО)

Се предвидува дека во Хјустон, Тексас, ситуацијата со поплавите ќе се влоши, еден ден откако силно невреме го зафати регионот, а властите ги предупредија жителите во ниските области на градот да се евакуираат пред очекуваните големи поплави.

Според прогнозата на метеоролозите, количината на врнежи од 2,5 до 7,6 сантиметри на метар квадратен вечерва ќе доведе до големи поплави.

Во Хјустон вчера околу 20 луѓе беа спасени од поплавеното подрачје, вклучително и оние кои се качиле на покривите на своите домови.

Локалните власти соопштија дека неколку стотици згради се во опасност од поплави, како и дека наставата во училиштата е откажана, а некои патишта се затворени поради поплави.

Обилните дождови со недели го зафатија Тексас и делови од американската сојузна држава Луизијана, а делови од југоисточниот дел на Тексас, северно од Хјустон, се поплавени.

Надал ги демантираше гласините за пензионирање по Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги демантираше гласините дека неговиот настап на претстојниот Ролан Гарос ќе биде последен во неговата кариера.

Рекордерот по освоени Гренд слем титули во Париз (14) и оваа сезона има намера да се бори за трофејот во француската престолнина, но поради проблеми со повредите, некои медиуми побрзаа да го пензионираат што е можно поскоро.

Но, тоа воопшто не му се допадна на Надал, па по поразот од Јиржи Лехечка во Мадрид се наврати на медиумите и изјави дека се уште нема намера да се пензионира. Особено не во Париз, каде летово би можел да се најде како член на олимпискиот тим на Шпанија.

-Мојот сон е последен пат да се натпреварувам на Олимписките игри. Никогаш не реков дека мојата кариера ќе заврши на Ролан Гарос, јасно подвлече Надал за шпанскиот канал „Мовиестар“.

Рафаел Надал моментално е 512. играч во светот, има 37 години и сезонава забележа три победи и два порази. Во текот на својата блескава кариера оствари биланс од 1.071 победа и 222 порази. На врвот на светската АТП листа стигна во 2008 година, додека во текот на кариерата освои 92 титули и нешто повеќе од 130 милиони долари на турнири.

Облачно време со локален дожд и северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. 

Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од северен, а во Пелагонија повремено засилен ветер од западен правец кој во Битола достигнува брзина до 45 km/h.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие има наврнато во Крива Паланка 20 литри на метар квадратен, во Штип 15, во Берово 12, во петровец - Скопје и во Охрид 9, во Демир Капија 7, во Претор 5, во Велес и Кавадарци 4, во Струмица и Гевгелија 3, во Виница и Лазарополе 2 и во Битола и Куманово еден литар на метар квадратен.

Синоптичарите за утре и за понеделник најавуваат претежно сончево и потопло време. Во вторник, локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Под влијание на нов влажен бран, в среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

притисни ентер