Бремената војвотка конечно е дома- Меган во Њујорк

Прв пат по венчавката Меган Маркл е во Њујорк , каде пријателките и подготвија забава за бебето, што наскоро ќе го роди.

Меган Маркл (37) се врати дома- војвотката од Сасекс од викендот е во Њујорк , каде во понеделникот вечерта ја уловија папараците. Бремената сопруга на британскиот принц Хари треба да се породи во април и престојот во Њујорк го искористи за средба со пријателките , кои и организираат забава во чест на бебето.

Забавата е во организација на нејзината пријателка , канадската модна дизајнерка Џесика Малруни (39) , на која ќе го даруваат кралското бебе.

Се претпроставува дека на забавата ќе дојдат 15 – тина најблиски пријателки на војвотката , меѓу кои и поранешната мис на светот Пријанка Чопра и тенисерката Серена Вилијамс.

Забавата е закажана за вечерва и ќе се одржи во луксузен хотел во центарот на Њујорк. Веднаш по забавата , Меган се враќа во Лондон , за на 23 февруари со сопругот да заминат во официјална посета на Мароко.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер