Бред Пит фотографиран на роденденската забава на Џенифер Анистон!!

Холувудскиот заводник Бред Пит „фатен“ на роденденската забава на екс сопругата Џенифер Анистон.

Викендов холивудската убавица Џенифер Анистон со голема забава го прослави својот 5—ти роденден. Меѓу многуте гости од светскиот шоу бизнис беше забележан и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.

Приватната забава која се одржала во еден познат ресторан во Западен Холивуд привлекла многу светски ѕвезди кои биле будно следени од папараците. Многу од овие ѕвезди немале проблем да се фотографираат пред забавата, но една личност посебно го привлекла вниманието на фоторепортерите и папараците.

Меѓу многуте фоторепортери, папараци, гости , но и членови на обезбедувањето во ресторанот незабележливо се обидел да влезе и Бред Пит кој носел качкет, тој секако не успеал во својата намера, бил веднаш забележан од папараците.

Фотографиите на Бред во кратко време се појавија во сите светски медиуми, кој започнаа да шпекулираат и дека екс сопружниците се повторно во врска.

Инаку, покрај Бред Пит на роденденската журка присуствувале и Гвинет Палтроу, Кети Пери, Орландо Блум, Барбара Стрејсенд, Кејт Хадсон, Џорџ и Амал Клуни, Сандра Булок и многу други.

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Неформална дводневна средба на Советот за општи работи на ЕУ

Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) денеска и утре ќе одржи неформално заседание, на кое централен настан ќе биде одбележување на 20-годишнината од големото проширување на Унијата на 1 мај 2004 година. 

Заседанието ќе започне вечерва со свеченост во Центарот за ликовни уметности „Бозар“ во Брисел со која ќе се одбележи годишнината од приемот на Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка во Европската унија.

Работниот дел од неформалното заседание на ГАК ќе продолжи утре во чии рамки министрите или државни секретари на земјите членки на ЕУ задолжени за европски прашања ќе одржат серија работни сесии на кои ќе разговараат за процесот на проширување, вклучувајќи и за искуствата од проширувањето во 2004 година, за потребата од зајакнување на Унијата, како и инструментите на блокот за заштита на владеењето на правото.

Меѓу другото, предвидено е европските министри да одржат размена на мислења со претставници на земјите кандидати и аспиранти за членство на ЕУ за владеењето на правото во рамките на процесот на проширување.

На заседанието ќе стане збор и за важноста за почитување на владеењето на правото во рамки на Унијата, како и за потенцијални подобрувања на постоечките механизми на заштита на овој принцип и нивната ефикасност.

На состанок европските министри ќе разговараат и за иднината на ЕУ, при што се очекува да разменат мислења за потребните чекори и реформи за зајакнување на капацитетот за дејствување на Унијата.

Неформалните заседанија на Советите на ЕУ се средби на ресорните министри на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислења за различни теми и прашања по кои треба да се решава на формалните средби или на состаноци на други тела на Унијата. /МИА

притисни ентер