Брачен пар се соочува со сметка за поправка на Тесла од 20.000 евра, возеле по силен дожд

Дождот не е невообичаен во Шкотска, но ретко се случува да предизвика откажување на батеријата на електричен автомобил.

Брачен пар од Единбург доби непријатно изненадување кога се обиде да го стартува својот автомобил Tesla Model Y по вечерата во ресторан. Не успеале, а она што следеше беше уште пошокантно: сметката за замена на батерија беше 17.374 фунти (19.895 евра).

Двојката изјави за локалниот медиум Edinburgh Live дека стигнале до ресторанот без никакви проблеми, но се соочиле со проблем кога се вратиле во возилото околу 22 часот. По речиси пет часа чекање за помош на патот, Теслата била однесен на сервис во Единбург. Таму било констатирано дека батеријата е оштетена „поради навлегување вода“, иако сопствениците истакнале дека не возеле низ „големи бари или нешто слично“.

Менаџерот на сервисот го известил брачниот пар дека штетата не е покриена со гаранцијата, што значи дека тие самите ќе треба да ги покријат трошоците. „Ни рекоа дека батеријата е оштетена поради обилните дождови што ја зафатија Шкотска. Не рекоа дека е наша вина, но не рекоа ни дека штетата ќе биде покриена и со гаранцијата“, еден од сопствениците изјави за Edinburgh Live, пренесува порталот CarExpert.

Од 15 октомври, парот сè уште не го вратил автомобилот. „Да знаевме дека сервисот ќе биде толку лош, можеби немаше да го купиме овој автомобил. Дали Тесла воопшто знае дека живееме во Шкотска, каде ваквото време не е невообичаено?“, прашал сопственикот.

„Илон Маск би можел да купи Tesla за сите на Земјата ако сака, но изгледа дека нема“, додаде тој.

Иако медиумите ја контактираа канцеларијата на Тесла во Велика Британија и Европа за коментар за овој случај, засега нема одговор.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер