Божиновска: Набавката на јаглен сега ќе биде транспарентна

Министерката за енергетика Сања Божиновска изјави дека во моментов има тендер за набавка на јаглен во ТЕЦ Осломеј и тоа го спроведува Електростопанство на Македонија. 

Како што рече, Министерството за енергетика ќе ги корегира политиките, а јаглен набавува АД ЕСМ кое е под Владата, и оти набавката сега ќе биде транспарентна.

-Јавниот повик е објавен и може да се види на веб-страницата, изјави Божиновска одговарајќи на новинарско прашање колкава набавка на јаглен се планира и од каде.

На прашањето како го коментира префрлувањето на една милијарда денари за компанија која со години врши ископ во РЕК Битола, а за која ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати укажувала дека е компанија инволвирана во криминални тендери, министерката одговори дека не се работи за нов туку за рамковен договор.

-Колку што сум запознаена, потпишан е рамковен договор, не е нов договор, и знам дека цените се намалени за 30 до 40 проценти од минатата година. Инаку, сето тоа си има ревизија, си има институции кои се занимаваат со тоа. Ние се фокусираме на претстојната грејна сезона и на зимата, рече Божиновска која денеска присуствуваше на доделувањето ваучери за набавка на инвертер клима-уреди во Скопје.

Здружението „Бадникови поворки“ ја постави божиќната пештера на градскиот плоштад Куманово

Здружението „Бадникови поворки“, денеска на градскиот плоштад ја постави ја постави пештерата.

На овој начин сметаат претставниците од здружението граѓаните ќе имаат можност да ја почувствуваат и божиќната атмосфера. Децата со изработените ѕвездички ја пречекаа пештерата.

- Куманово е многу убаво украсено, се гледа новогодишниот сјај, сакавме да му дадеме и божиќен дух, заради што ја донесовме пештерата. Централното празнување е на 6 јануари бадник, поворката ќе тргне од „Соколански парк“, пеејќи ја песната Вечниот бог, најавувајќи го на достоинствен начин христовото раѓање, изјави, Ружица Денковска од здружението.

Поворката ќе заврши на плоштадот, ќе има богата уметничка програма, подготвени се подароците за најмалите. Пред централното празнување се одржуваат работилници, децата од основно и средно образование творат творби, најуспешните ќе добијат соодветни награди. Здружението организира работилници и покрај изработката на ѕвездички децата ја учат песничката Вечниот Бог, учат за значењето на Бадник и Божиќ.

- Пораката на бадниковата поворка е пренеси ај божиќната радост до секое срце. Ја донесовме преубавата пештера, сакаме да ја пренесеме пораката и во Куманово, рече Летка Филипова, регионален координатор на „Бадникова поворка“ од Охрид.

Подготовките за главниот настан се засилуваат последнава недела.

ДКСК нема надлежност да презема истражни дејствија

ДКСК нема надлежност да презема истражни дејствија во однос на веродостојноста на сертификатот за познавање на странски јазик во предметот за директорот на АНБ, велат од Антикорупциска.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) при разгледување на предметите фактите ги утврдува преку информации кои ги прибавува од други надлежни институции и при носењето на одлуките постапува исклучиво во рамките на законските надлежности, информираат од Антикорупциска, посочувајќи дека во однос на предметот за директорот на АНБ, што се однесува на оспорената факултетска диплома, надлежна институција која ги утврдува фактите е Државниот просветен инспекторат врз основа на чиј записник од спроведен инспекциски надзор е донесена одлуката на ДКСК.

- Во однос на овој случај, сакаме да укажеме дека ДКСК нема надлежност да презема истражни дејствија во однос на веродостојноста на сертификатот за познавање на странски јазик и тоа прашање е во надлежност на истражните органи, информираат од ДКСК.

Од Антикорупциска, исто така, укажуваат дека соработката на членот Цвета Ристовска со Универзитетот за туризам и менаџмент била на ниво гостин предавач.

-Што се однесува до членот на ДКСК Цвета Ристовска, сакаме да укажеме дека нејзината соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје била на ниво на гостин предавач и никогаш за финансиски надомест или друг тип договорна соработка. Оттаму, сметаме дека не постои никаков судир на интерес бидејќи нема никаква поврзност со наведниот универзитет, посочуваат од ДКСК.

ДКСК претходно констатира дека нема основа за постапување по пријавата за судир на интереси и корупција при именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

Светската банка ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Кина во 2024 година на 4,9 отсто

Светската банка денеска ја зголеми својата прогноза за економскиот раст на Кина на 4,9 отсто во 2024 година и 4,5 отсто во 2025 година.

Светската банка денеска ја зголеми својата прогноза за економскиот раст на Кина на 4,9 отсто во 2024 година и 4,5 отсто во 2025 година, но предупреди дека пониската доверба на домаќинствата и бизнисите, заедно со тешкотиите во секторот на недвижности, ќе продолжат да претставуваат проблем за економијата.

Во претходната јунска прогноза, Светска банка очекуваше кинеската економија да порасне за 4,8 отсто во 2024 година и за 4,1 отсто во 2025 година, но сега ја ревидираше проценката поради силата на кинескиот извоз и неодамнешните мерки на владата во Пекинг за стимулираат потрошувачка, пренесува CNN.

„Справувањето со предизвиците во секторот за имот, зајакнувањето на мрежите за социјална заштита и подобрувањето на финансиите на локалната самоуправа ќе биде од суштинско значење за одржливо закрепнување“, рече директорката на Светската банка за Кина, Мара Ворвик.

Според неа, властите во Пекинг треба да ја урамнотежат краткорочната поддршка за економскиот раст со долгорочните структурни реформи.

Официјалната цел на Кина за оваа година е економски раст од „околу пет проценти“, а Владата во Пекинг е уверена дека тој ќе биде остварен.

притисни ентер