Борут Пахор следната година ќе се збогува со политиката

Словенскиот претседател Борут Пахор, чиј втор последователен мандат истекува следната година, рече дека нема планови за словенечката политика и дека е задоволен од она што го постигнал за десет години како претседател.

„Многу ми е важно да си ја работам работата до последниот ден од следната година, за да го напуштам ова место задоволен“, рече тој во традиционалното предновогодишно интервју за словенечката телевизија..

„Тогаш, по десет години, ќе можам да си кажам: она за што се натпреваруваше за оваа позиција, повеќе или помалку го постигна и сега може да си заминеш со чиста совест“, рече Пахор.

„Повеќе немам планови поврзани со словенечката политика“, изјавил Пахор, кој ќе наполни 59 години откако ќе ја напушти претседателската палата, без да коментира што ќе прави подоцна.

Заедно со премиерот Јанез Јанша, кој е 5 години постар, Пахор е еден од најдолговечните словенечки политичари од оваа генерација.

Со политика започнал да се занимава веднаш по студирањето на Факултетот за политички науки и во 1990 година и бил избран во првиот словенечки демократски избран парламент, а во текот на својата кариера бил на голем број најодговорни политички функции.

Бил претседател на парламентот, премиер, но и лидер на опозицијата и хонорарен пратеник во Европскиот парламент, по што во вториот круг победи на парламентарните избори на поранешниот претседател Данило Тирк во 2012 година.

Словенија идната година трипати ќе излезе на избори, прво на парламентарните, а наесен на претседателските и локалните избори.

Пахор во интервју за Словенската телевизија повтори дека официјално ќе ја соопшти одлуката за распишување парламентарни избори на 9 февруари и дека тие ќе се одржат на 24 април во најбрз можен рок и изрази надеж дека Словенија ќе добие стабилна влада.

Тој објасни дека мандатот за состав на влада по изборите и во консултација со политичките партии прво ќе му биде понуден на лидерот на партијата кој може да докаже дека има повеќе од половина од мандатите, а доколку тоа не е можно, тогаш лидерот на партијата кој освоил релативно мнозинство.

Пахор во разговорот ја оцени работата на коалициската влада на Јанша, која дојде на власт пред неполни две години, како доста успешна, велејќи дека ги надминала неговите очекувања и повика на умереност во политиката и смирување на политичките страсти.

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

притисни ентер