Борисов тешко ќе состави функционална влада

Двајца биле уапсени откако вчера на денот на изборите биле фатени во Бургас со список од 120 имиња, за чии гласови пред камерите на националната телевизија признале дека ќе заработеле 6 илјади лева или околу 3 илјади евра.

Со тесно водство од 30,7 наспроти 27 проценти партијата на Бојко Борисов ГЕРБ победи на вонредните избори пред Социјалистите на Коалицијата за Бугарија на Сергеј Станишев .

Протурската партија ,,Движење за права и слободи “ освои 10.58 проценти , а ултра десничарите од ,,Атака” 7,38 проценти од гласовите. Овие четири партии влегуваат во парламентот , но формирањето стабилна влада ќе биде тешка задача .

Според бугарските аналитичари мала е веројатноста за формирање функционална коалиција. Според опозиционерот Станишев направен е упад во чесните и слободни избори преку манипулации , притисок врз гласачите, купување гласови со што се доведува во опасност релевантноста на изборните резултати.

Да немало контролирани избори , ГЕРБ би била второрангирана партија , смета Станишев. Тој повтори дека Бугарија пропаѓа во економска криза со долг од 14 милијарди лева , кој бил за четири милијарди помал пред четири години.

И покрај калкулациите за коалиција со ГЕРБ , ултрадесничарите на Волен Сидеров од Атака нема да коалицираат со ниедна партија.

Изборите во Бугарија сепак минаа во сенка на скандалите, најпрвин со 350 – те илјади фалсификувани гласачки ливчиња , со бојкотот на Македонците , но и со апсењето на двајца мажи , кои вчера биле фатени во Бургас со список од 120 имиња , за чии гласови пред камерите на националната телевизија признале дека ќе заработеле 6 илјади лева или околу 3 илјади евра.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер