Борисов се уште не се извинил за „северномакедонски претседател“

Во тек се консултации со кабинетот на премиерот, дополнително ќе известиме за деталите, велат од МНР по нотата што ја најави премиерот Заев како реакција на изјавата на Бојко Борисов во Сараево.

Одговарајки за Гоце Делчев во изјава за бугарските медиуми, Борисов го нарече Пендаровски северномакедонски претседател

Заев и Борисов минатата недела се сретнаа на самитот за западен Балкан во Познањ каде разговараа за договорот за добрососедство .Премиерот го поканил Борисов на 1 август заеднички да се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев во рамки на одбележувањето на двегодишнината од потпишувањето на договорот со Бугарија.

Вчера Заев изјави дека Борисов во Сараево направил ненамерна грешка, но дека сепак неговата изјава е спротивна на договорот од Преспа, кој го гарантира македонскиот идентитет.

За нотата која ја најави Заев пишуваат и медиумите во Бугарија, но досега нема дообјаснување, реакција ниту пак извинување од Борисов, како што тоа бугарскиот премиер веќе го стори по кавгата со српскиот министер Ивица Дачиќ за недоразбирањата околу Косово кога побара и извинување но ја замолил Брнабиќ да биде разбран правилно.

Сепак, Борисов на неговиот Фејсбук профил по средбата со Пендаровски во Сараево пишува дека разговарал со претседателот на Северна Македонија.

Во упатството кое пак го издаде МНР децидено се наведува дека според преспанскиот договор како придавка се користи македонски а никако северномакедонски кога се зборува за јазикот, нацијата, културата.

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Четири деца на возраст од 13 години се тешко повредени кога за време на игра паднале од покрив на спортска сала во германскиот град Штутгарт, соопшти полицијата.

Полицијата навела дека децата паднале од висина од седум метри од покривот на спортската сала во Ремшалден во Штутгарт и дека со спасувачки хеликоптер биле пренесени во болница, пренесе „Шпигел“.

Полицијата истражува зошто и како се искачиле децата на покривот.

Во спасувачката акција биле вклучени три хеликоптери, две полициски патроли, 40 пожарникари на седум возила и 13 возила на Итна помош.

Арсовска: Мир, спокој, здравје и љубов за сите, честит Велигден

Мир, спокој, здравје и љубов за сите православни христијани, посака денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска од пред Соборниот храм, честитајќи го Христовото воскресение - Велигден.

- Посакувам да се сакаме, да се почитуваме, да имаме обѕир еден кон друг, да бидеме хумани, да бидеме солидарни и да покажуваме грижа еден кон друг, секој еден ден во годината. Нека е за многу години денот и празникот, порача Арсовска.

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните по повод денешниот ден, 5 мај, Ден на македонскиот јазик.

Во честитката, Ковачевски посочува дека денеска оддаваме почит кон создавачите на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

„Денеска кога го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, оддаваме должна почит кон сите создавачи на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

Македонскиот јазик денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации. Со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, го издигнавме нашиот јазик на исто рамниште со останатите официјални јазици во Европската Унија, на кабините за превод во ЕУ стои нашиот македонски јазик.

Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет, грижата за негово зачувување и унапредување останува наш приоритет, затоа што влог во јазикот е влог во иднината. Нека ни е честит 5 мај, Денот на македонскиот јазик“, вели во честитката, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

СДСМ

притисни ентер