Борел : Лично ќе се ангажирам во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Шефот на европската дипломатија Џозеф Борел изјави денеска дека тој лично ќе го води дијалогот Брисел - Белград со Приштина и истакна дека Србија мора да го одржи својот европски курс и посветеност за реформите.

„Јас лично ќе бидам ангажиран во дијалогот и нема да жалам за напорот .Јас сум посветен да посредувам во дијалогот меѓу Белград и Приштина и очекувам тој да продолжи што е можно побргу“, рече Борел во интервју за агенцијата Танјуг пред неговата утрешна посета на Белград .

„Од клучно значење е косовските власти да го искористат овој нов момент и да ги намалат царинските давачки. Србија, исто така, мора да даде свој придонес за да пристигне во конструктивна атмосфера и да ги продолжи преговорите“, рече Борел, кој денес имаше серија состаноци со косовските лидери во Приштина.

Тој посочи дека ја гледа „посветеноста и политичката волја“ на Белград и истото го очекува и во Приштина, истакнувајќи ја улогата на ЕУ во „правење простор за постигнување и спроведување“ на договори за нормализација на односите и дека агендата на дијалогот ја утврдиле властите во Белград и Приштина .

„За мене, главниот приоритет е да им ставиме до знаење на сите зошто сме седнати на иста маса, што сакаме да постигнеме и што да започнеме. Нормализирањето на односите е деликатна материја, која допира до самото срце на идентитетот на луѓето. Свесен сум дека минатото сè уште е присутно, но ние мора да продолжиме понатаму “, ги образложи Борел своите ставови за дијалогот Белград-Приштина.

Пристигнувајќи во Србија, истакна тој, првенствено сака да ја покаже јасната посветеност на Унијата кон европската перспектива на Србија и на целиот Западен Балкан, бидејќи регионот има заедничка иднина и многу јасен интерес за зајакнување на соработката во областа на безбедноста, економијата и надворешната политика.

Борел инсистира на тоа дека „европската перспектива за Србија и Западен Балкан е приоритет за него лично и за Европската комисија“.

Според водечкиот европски дипломат, нормализацијата на односите со Приштина преку сеопфатен правно обврзувачки договор и внатрешните реформи фокусирани на владеењето на правото и медиумите се клучни за членството на Србија во ЕУ.

Унијата, посочува Борел, би сакала да ја зајакне соработката со Србија во областа на надворешната и безбедносната политика, бидејќи го цени нејзиниот придонес преку учеството во воени мисии и операции на ЕУ.

Тој оцени дека постои простор во кој Србија може да направи дополнителни напори за да ја усогласи својата надворешна политика со онаа на ЕУ.

„Нашите споделени предизвици бараат заеднички одговори“, истакна Борел. Престојот на Борел во Приштина и Белград е негова прва посета на регионот, откако тој беше поставен за шеф на дипломатијата на ЕУ.

Дијалогот Белград - Приштина е запрен од крајот на 2018 година кога Приштина воведе оданочување на стоките од Србија (и БиХ) во знак на одмазда за дипломатската кампања на Белград за повлекување на признавањето на независноста на Косово и спречување на приемот на Косово во меѓународните организации како Интерпол, УНЕСКО и приемот во ООН.

Белград со месеци ја повторува својата подготвеност да го продолжи дијалогот, но со единствен услов Приштина да ги укине царините, додека меѓународната заедница инсистира на тоа Белград истовремено да ја прекине кампањата против меѓународното членство на Косово.

Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции. /МИА

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

притисни ентер