Боксерка од Нигерија дисквалификувана на Олимпијадата поради допинг

Боксерка од Нигерија дисквалификувана на Олимпијадата поради прекршување на антидопинг правилата.

Нигериската боксерска Синтија Огунсемилор нема да учествува на Олимписките игри во Париз. Таа е дисквалификувана поради кршење на антидопинг правилата, објави прес-службата на Меѓународната агенција за допинг тестирање (ИТА).

Примерокот на 22-годишната девојка беше земен на 25 јули 2024 година во Париз, а резултатот беше вратен од лабораторија акредитирана од WADA на 27 јули. Забранетата супстанција фуросемид е пронајдена во примерокот на Огунсемилор.

Нигерија може да се жали на одлуката на ITA до Судот за спортска арбитража (CAS) и има право да побара анализа на примерокот Б.

Претходно, иранскиот џудист Сехен Саџад беше дисквалификуван поради прекршување на антидопинг правилата пред почетокот на Олимписките игри во Париз.

Борел го повика Израел да го поддржи предложениот договор за прекин на огнот во Либан

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска го повика Израел да го поддржи предложениот договор за прекин на огнот во Либан, истакнувајќи дека истиот нуди безбедносни гаранции за Израел.

Говорејќи на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7, Борел нагласи дека нема изговор за да не се спроведе договорот со либанската милитантна група Хезболах. Тој побара да се изврши притисок врз Израел за денеска да го одобри договорот.

Според неименуван израелски функционер, Израел веројатно ќе го поддржи американскиот план за прекин на огнот. Безбедносниот кабинет на Израел ќе одржи состанок во седиштето на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Тел Авив.

Американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон се очекува да го објават договорот за прекин на огнот во следните 36 часа, соопштија високи либански функционери, пренесуваат западни медиуми. /МИА

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, одржа средба со делегацијата на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, која престојува во официјална посета на државава.

На средбата, како што соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, се разговарало за унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес. Посебен акцент бил ставен на иницијативата на министерката Божиновска за воспоставување директна авионска линија Прага-Скопје, која би ја олеснила поврзаноста меѓу двете земји, поттикнувајќи ја соработката во трговијата, туризмот и бизнисот.

Министерката Божиновска ги потенцирала можностите за проширување на соработката со чешки компании во областа на енергетиката, со акцент на вложувања во обновливи извори на енергија, модернизација на енергетската инфраструктура и воведување иновативни технологии.

Во текот на средбата била разгледана и можноста за воспоставување партнерства помеѓу чешките универзитети и македонските образовни институции, со цел размена на знаења, заеднички истражувачки проекти и отворање на нови можности за студентите од двете земји.

Оваа средба, како што се наведува во соопштението, претставува уште еден чекор во градењето на посилни билатерални односи и продлабочување на пријателството меѓу Чешката Република и Македонија.

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд

До петок ќе се задржи стабилно и тивко време, по одделни котлини со појава на магла и пониски дневни температури, информираат од УХМР. 

Од петок кон крајот на денот и за време на викендот под влијание на влажна и студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Врнежите наместа ќе бидат пообилни и ќе преминат во снег и во повисоките места.

притисни ентер