Боки Тредичи: „Разговорот ни го слуша уште некој“

Неверојатна е кармата на ликот кој најмалку го знаеме како Бојан Јовановски. Од „висините“ на шоубизот, кој само за него и дузина негови блиски беа висини, за сите останати беа „дно“, па се до вистинското дно - притвор

( Прв дел )
Реални шоуа во Србија, емисии во Македонија и Србија,концерти откажани, песни, спотови, рефлектори, скапи женски чанти, очила, крзна и што уште не , само да се дојде до внимание и насловна страна.
Но што претходеше и што доведе до денешниот мегаскандал насловен како „Рекет“
Тој истиот Боки 13, последнава година ипол беше главна тема во медиумските но и бизнис кулоарите за неговите рекетирања.
Синот на Катица Јанева беше ( не знаеме дали се уште ) вработен во 1 ТВ. Ова беше класичен пример за нелојална конкуренција во смисол на добивање на информации поврзани со дејноста на СЈО, и крајно неетички потег.
Но изостана реакцијата и на ЗНМ, кои нормално си молчеа, потоа едно здружение кое наводно има задача да се грижи за етиката во медиумите во Македонија, СЕММ, во ниту еден момент не реагираше на овој невообичаен потег на „двоецот“ Боки Тредиче и Сињора Катица. Ниту буква ниту збор од ЗНМ и СЕММ.
Советот на обвинители на Македонија се однесуваше аутиситчно , како да не слушнале дека Лазар Јанев е вработен во 1ТВ, и немаа никаков став по тоа прашање.
Дополнително дознавме дека новинарот Сашо Орданоски добил сертификат за Државна Тајна, нависокиот можен безбедносен сертификат кој еден цивилен но и професионален работник може да го има.
Канал 5 бараше одговори, кој и зошто, и за каква цел , на еден новинар му доделил ваков сертификат , и тоа новинар кој работи во 1ТВ
И во тој момент ја добивме оваа „постава“ во 1ТВ:
Боки Тредичи - Лазар Јанев - Сашо Орданоски.
Кој на која позиција и дали „играл“ истрагата ќе треба да покаже, но ќе треба да покаже кој друг од нашите колеги во 1ТВ можеби биле дел од Рекет, свесно или несвесно.
Во 1ТВ чест и радо виден гост беше Катица Јанева, Гордана Дувњак имаше коректни интервјуа со првата „специјалка“ на Македонија, но интересно е што токму нејзе ја избраа во неодамна формираниот Судскио-Медиумски совет.
Случајно? Не би рекле, но и тоа е можно.
Почнаа да се емитуваат реклами на компании кои се рекламираа само на 1ТВ , телевизија со најмал рејтинг.
Зарем никој од „ведетите“ на 1ТВ не се праша како е тоа можно?
Јадранка, Чом, Орданоски, Борјан Јовановски, Кабранов разбираат што се рејтинзи кај телевизиите и знаат дека по тој критериум се дели „рекламниот колач“
Бахатоста на Боки Тредичи кулминираше на роенденот на 1ТВ, каде во едно видео се гледа, како во полупразната сала на Филхармонија, еминентни гости од актуелниот политични, општествен и бизнис живот на нашата земја го чекаат него - Боки Кралот, кој откако влезе во салата, речиси сите гости станаа и почнаа да се ракуваат со него.
Станувањето потсетуваше на она она годишно медиумско обраќање на Путин, кога при неговиот влез луѓето стануваат со сериозна стравопочит...
( продолжува утре )

Делови од Нова Каледонија се надвор од државна контрола

Области на пацифичката територија на Нова Каледонија „се надвор“ од државната контрола, изјави денеска претставник на француската влада, најавувајќи нови безбедносни распоредувања по неколкудневното смртоносно насилство.

„Ќе пристигне засилување... за да ги контролираме областите што не се под наша контрола во изминатите денови “, изјави на брифинг високиот комесар на Републиката во Нова Каледонија, Луј Ле Фран.

Вонредна состојба беше воведена на францускиот архипелаг откако противењето на планот на Париз за промена на правилата за гласање таму прераснаа во подметнување пожар, грабежи и насилство, при што загинаа пет, а стотици беа повредени.

Како дел од вонредната состојба, приведени се околу 200 од околу 5.000 „бунтовници“, соопштија француските власти.

Едно лице осомничено за убиство им се предаде на властите, рече Ле Фран на денешниот брифинг.

Немирите започнаа кога француските пратеници ги одобрија плановите да им се дозволи на оние кои се преселиле на територијата пред најмалку 10 години да гласаат на локалните избори.

Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“

Стопанската комора на Македонија денеска ќе реализира работна средба со раководството на „Македонија 2025“ на тема „Големи економски проекти - темели за просперитетна иднина на Македонија“. 

По средбата, која ќе се одржи во просториите на Комората, предвидени се изјави за медиумите од претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и Мајк Зафировски, еден од основачите на „Македонија 2025“.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

притисни ентер