Бојмацалиев: Полициските одделенија Арачиново, Матејче и Шуто Оризари подготвени за изборите

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, денеска остварија работни средби со раководствата на Полициските одделенија Матејче, Арачиново и Шуто Оризари.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, денеска остварија работни средби со раководствата на Полициските одделенија Матејче, Арачиново и Шуто Оризари, во пресрет на парламентарните и вториот круг од претседателските избори 2024 година, а со цел гарантирање фер, слободни и демократски избори, како и согледување на постигнатите резултати во првото тримесечје од 2024 година, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, делегацијата од МБР била информирана за редовно функционирање на локалните штабови во рамки на Оперативниот Штаб на МВР.

Во соопштението се додава дека во однос на резултатите на овие организациски единици, безбедносната состојба е стабилна и поволна, а за одбележување се расветлените кривични дела кражба на електрична енергија.

-Во Полициското одделение Матејче имаме вкупно 20 кривични дела, од кои 17 се за кражба на електрична енергија, додека во Полициското одделение Арачиново регистрирани се 21 кривично дело кражба на електрична енергија. Во однос на Полициско Одделение Шуто Оризари, за одбележување се 13 пријавени настани за нарушување на јавен ред и мир, од кои сите се расчистени со поднесени прекршочни пријави. Воедно, имаме 35 кривични дела по службена должност, од кои 6 се расчистени од ЕВР Чаир, се вели во соопштението од МВР.

Бојмацалиев на средбите уште еднаш ја потврдил заложбата за организирање европски избори и на колегите им ја потенцирал важноста од работење исклучиво по закон, а со цел гарантирање на безбедноста на изборните процеси.

Вучиќ: Никогаш нема да прифатиме независно Косово

Претседателот Александар Вучиќ денеска пред средбата со српскиот патријарх Порфири и претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека српскиот народ на Косово и Метохија е изложен на брутален прогон. 

Претседателот Александар Вучиќ денеска пред средбата со српскиот патријарх Порфири и претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека нашиот народ на Косово и Метохија е изложен на брутален прогон и дека тоа нема лесно да се запре и рече дека ќе никогаш нема да прифати независно Косово, пренесе Телеграф.

„Во секој случај, ние ќе се спротивставиме на нивните незаконски и на сите други акти на насилство, со политички средства и ќе направиме сѐ што можеме за нашиот народ на Косово и Метохија. И секако не морам да ви повторувам дека никогаш нема да прифатиме независно Косово како остварен факт“, истакна Вучиќ.

Тој нагласи дека секојдневно на различни начини не само од срце и душа, туку и физички се обидуваат целосно да ни го одземат КиМ.

Уште не се родил, а веќе вози автомобил - полските полицајци не можеле да поверуваат (ВИДЕО)

За време на рутинска сообраќајна контрола во полскиот град Гарволин, полицајци запреле 21-годишен возач на Шкода, по потекло од Непал.

На младиот човек му била побарана возачка дозвола, а потоа настанал метеж.

Имено, полициските службеници го погледнале документот и помислиле дека е фалсификат. Необичниот случај се случил на 14 мај во вечерните часови, пренесува tvn24.pl.

„Во возачката дозвола пишуваше дека е роден на 24 октомври 2059 година. Недостасуваа водени жигови, додека хартијата беше нерамномерно исечена. Немаше потпис од органот што ја издал дозволата“, соопштија надлежните.

Во Непал, од каде што потекнува младиот возач, официјално се користи календарот Бикрам Самбат, според кој сега годината е 2081 година.

Во овој случај, датумот на раѓање (2059) би се совпаднал. Сепак, во документот има и други датуми: издавање - 31 март 2023 година и датум на истекување - 30 март 2028 година.

Возачката дозвола е одземена, а автомобилот е предаден на овластено лице. Против 21-годишникот е поведена постапка за можно фалсификување.

Израелската војска пронашла тела на тројца заложници- меѓу нив и останките на Шани Лук

Израелската армија пронашла тела на тројца заложници во Појасот Газа, соопшти денеска портпаролот на ИДФ, контраадмирал Даниел Хагари.

Хагари рече дека тоа се Јицак Гелерентер, Амит Бускила и Шани Лук, пишува Тајмс оф Израел.

Хагари вели дека телата биле пронајдени во операција во текот на ноќта на армијата и Шин Бет.

Тројцата биле на музичкиот фестивал „Супернова“ во близина на Реим утрото на 7 октомври, каде потоа побегнале во областа Мефалсим.

Хагари вели дека таму биле убиени од членови на Хамас, а нивните тела потоа биле префрлени во Газа.

притисни ентер