Бојан Трајковски: Тие што не веруваа во нас ги поканувам да не гледаат на ЕП

Бојан Трајковски еден од носителите на играта на кошаркарската репрезентација на Македонија, пласманот на Европското првенство 2015 им го посвети на претставниците на клубовите кои инсистираа на зголемување на бројот на странски кошаркари во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

- Би сакал јавно да ги поканам сите оние претставници на клубови кои не ни веруваа дека ќе играме на ЕП да дојдат со нас и да не гледаат. Исто така, сакам да порачам до челните лица дека би можеле уште еднаш да го зголемите бројот на странци, со образложение дека домашните играчи немаат доволно квалитет. Епа ете, токму омаловажените играчи од домашното првенство пред почетокот на квалификациите, сега се изборија за посакуваното Европско првенство, изјави Трајковски на средбата со новинарите.

Трајковски кој својата кариера ќе ја продолжи во Полска, иако квалификациите ги заврши како најдобар стрелец во Македонската репрезентација со вкупно 68 постигнати поени (11,3 по натпревар), сепак, пласманот на Евробаскетот го оцени како успех на целиот колектив.

- Задоволен сум како одигравме во овој квалификациски циклус и остварените пет победи на шест меча. Ова не е успех на поединци, туку успех на целиот тим кој се бореше за победа на секој меч и го даваше својот максимум, дополни Трајковски кој со 32 скокови (5,3 по натпревар) беше втор скокач во нашиот тим по Ричард Хенркс.

Вратени старите цени на полисите за автоодговорност, но не и парите на граѓаните

Се уште не се знае дали на околу 10.000 граѓани кои платија поскапо осигурување за регистрација на автомобилите, ќе им бидат вратени пари, откако од вчера стапи на сила одлуката за враќање на старите цени.

Канал 5 стапи во контакт со неколку компании, од каде ни соопштија дека евентуално враќање на средства ќе биде заеднички став во консултација со Групацијата на осигурување при Стопанската комора.

Од Групацијата, засега не ни одговорија дали на граѓаните кои платија повисока цена, ќе им биде вратена разликата.

Оние кои ги анкетиравме го поздравија враќањето на старите цени, а оние кои платија поскапо осигурување се во исчекување дали ќе добијат дел од парите назад.

Одлуката за зголемување на цената за 15 отсто на задолжителната осигурителна полиса се донесе на крајот на април, со образложение од компаниите дека цената повеќе од 10 години е непроменета, а трошоците им пораснале.

Агенцијата за супервизија на осигурување се спротивстави на тоа, па падна одлука за враќање на претходната цена на осигурителните полиси.

Мицкоски за економијата: Поволен кредит од милјарда евра, странски инвестиции и повисоки плати

Преку кредит од странска држава, по принципот Влада со Влада, во вредност од 1 милијарда евра, идниот мандатар Христијан Мицковски ќе се обиде да ја крене на нозе македонската економија.

Вели во првите 100 дена од новата Влада влегуваат со амбициозна еконоска агенда, освен позајмицата, Мицкоски во синоќешното гостување во „Само интервју“ најави и три нови странски инвестиции, од кој една во делот на енегретиката, вредна околу 500 милиони евра.

Според него досегашните економски политики не давале позитивни резултати, вели време е да се сврти нов лист.

„Финансиски пакет, соработка Влада со Влада во вредност од 1 милијарда евра, со исклучително поволни услови, со добар грејс период, со исклучително атрактивна каматна стапка...Тоа би било кредит од друга држава... да на основ Влада со Влада..

„Го напуштаме концептот на ФИТР нема веќе да трошиме пари за Кисела вода, иновативен рецепт за пица, ќе има поддршка за стопанството за сите оние кои ќе вложат во производни линии, до 50 % ќе ја поддржуваме инвестицијата со грантови, нешто што ќе ја зголемува продуктивноста и што ќе ја зголемува вреднсот.“ - изјави Христијан Мицкоски – иден мандатар и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Со синдикатите кои со месеци протестираат и бараат повисоки плати, вели ќе седнеме и ќе разговараме, се што е во рамки на можностите на Буџетот ќе биде анализиарано. Она што е извесно е дека повисоки пензии во првата година од нивниот мандат ќе има..

„Едното нивелирање ќе биде сега во септември така е законот, а второто ќе биде во март. Владата, ако се биде во ред, се формира таму некаде втора половина на јуни, тоа подразбира дека не за 12 месеци туку за 9 ќе биде испорачано тоа ветување за кое што зборувавме а тоа се 5 000 денари линерано покачување на пензиите,- изјави Христијан Мицкоски – иден мандатар и претседател на ВМРО-ДПМНЕ . “

Во втората половина на месец јули се очекува да биде напаравен Ребаланасот на Буџетот, а веќе во септември да започне реализација на најавениот проект за децентрализација на финансиски средства и инвестиции во општините, кој годинава ќе бидат во вредност од 125 милиони евра.

Идната недела ќе се знае кога ќе се одржи партискиот конгрес на СДСМ

Втор ден по изборите нема официјална информација од СДСМ, кои ќе бидат следните чекори откако лидерот Димитар Ковачевски најави целосно реструктуирање на партијата, и кадровски и идеолошки.

Извори од СДСМ брифираат дека од следната недела ќе биде појасна динамиката за процесите. Прво треба да се свика Извршниот одбор, кој ќе му наложи на Централниот да го закаже партискиот конгрес на кој ќе се реферира за изборните резултати и смена на сите нивоа.

По катастрофалниот пораз, историски најголем на партијата, дел од високите партиски функционери јавно најавија оставки, но извори од партијата појаснуваат дека всушност целото раководство е во оставка се додека не се избере ново.

Со реакција последна се огласи и заменик-претседателката на СДСМ и актуелна директорка на УЈП, Сања Лукаревска, која на социјалните мрежи објави дека ја прифаќа одговорноста за изборниот пораз. Како што напиша, верува во СДСМ и неговата сила што побрзо да се реформира, да се обедини и подготви, бидејќи силен СДСМ и потребен на Македонија. Претходно, повлекување и оставки од потпретседателските места објавија Фатмир Битиќи и Перо Костадинов, а од партиската функција се повлече и претседателката на Форумот на жени, Јованка Тренчевска.

Сепак дел од членовите и функционери на СДСМ сметаат дека раководството треба да поднесе оставки веднаш, а не со одложено дејство и условени. Актуелниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, чие име се споменува и како еден од можните кандидат за нов лидер на СДСМ, во изјава за Канал 5 вели дека покрај Ковачевски и целото раководство, очекува оставки и од носителите на листите.

Деспотовски се уште не потврдува дали и официјално ќе влезе во трка за претседателското место на Бихаќка, откако пред две години не доби доволна поддршка од членството за да го замени Заев. Тогаш беше променет статутот на партијата, па сега претседател на партијата избираат сите членови, на непосредни избори.

притисни ентер