Богати близначки се снимале како хранат бездомник за да освојат мобилен (ФОТО)

Руските близначки Аделја и Алина Фаткеева (24) предизвикаа бес на социјалните мрежи откако објавија , а потоа избришаа видео на кое хранат бездомник за да освојат Ајфон.

На видеото се гледало како богатите близначки во скапа гардероба бараат бездомник и го наоѓаат Јури Засорин , кој 28 години живее во количка по улиците на Москва.

Потоа девојките , како во филмска комедија , се јавуваат на мобилен и од скап ресторан нарачуваат послужавник со суши. Потоа близначките почнале да го хранат Јури .

На крајот на видеото , што е веќе избришано , бездомникот им се заблагодарува на близначките и вели дека има уште луѓе со добро срце. Ова видео предизвика бес на социјалните мрежи , зашто богатите девојки не го хранат Јуриј зашто се добри , туку за да освојат Ајфон.

Тие учествувале на предизвикот "We care", каде главни награди се Ајфони и Плеј Стејшн 4. Се огласија и од ресторанот за суши , каде велат дека веќе никогаш нема да примаат нарачки од близначките , кои бездушно го искористиле бездомникот.

Јури бил градежен работник до пред 20 тина години , а од 2013 е во количка како последица на долгогодишното живеење на улица.

Близначките се инаку многу активни на Инстаграм , каде објавуваат фотографии од нивниот гламурозен живот.

Бајден: Економскиот раст на Кина, Јапонија, Индија и Русија слабее поради ксенофобијата

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека економиите на Кина, Јапонија, Русија и Индија немаат раст бидејќи тие земји се „ксенофобични кон имигрантите“.

„Зошто Кина заостанува економски толку далеку, зошто Јапонија е во неволја, зошто Русија, зошто Индија, затоа што се ксенофобични. Тие не сакаат имигранти. Имигрантите се тие што не прават силни“, рече Бајден на настанот за собирање средства во Вашингтон за неговата претседателска кампања.

„Една од причините зошто нашата економија расте е поради вас и многу други. Зошто? Затоа што им овозможуваме добредојде на имигрантите“, додаде Бајден. /МИА

Терзиќ: Можевме да победиме со поголема разлика

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е задоволен од победата над ПСЖ синоќа со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, иако смета дека разликата можеше да биде и поголема.

- Ова е заслужена победа, добра тимска игра. Можевме да постигнеме повеќе голови, исто како и тие. Затоа, од моја гледна точка, резултатот не е лош. Многу се движевме, но тоа е неопходно во ваков натпревар. Мора да се стекнеме со право да играме на „Вембли“. За тоа ни треба само реми во реваншот, но секако дека сакаме и да победиме следната недела. Имаме мала предност и добра можност, изјави Терзиќ за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Париз.

Другата полуфинална двојка во елитното фудбалско натпреварување е Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:2 прв натпревар). /МИА

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

притисни ентер