Боб Дилан, Трудо, Нетанјаху, жителите на Хидра - цел свет жали по Леонард Коен

Многубројни почитувачи на музиката и стиховите на Леонард Коен се собираат пред неговата куќа во Монтреал каде тој е роден, палат свеќи и ги пејат неговите песни.

По Коен жали се жали и во Израел, каде канадско - еврејскиот песник се сметаше за домашен.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху и претседателот Рувен Ривлин се огласија меѓу првите политичари, по повод смртта на Коен.

- Ти благодарам на се што ни остави - напиша Ривлин на фејсбук. Нетанјаху на својот профил напиша дека познатиот музичар бил „ голем творец, талентиран уметник, Евреин кој го сакаше народот на Израел и израелската држава“.

- Никогаш нема да заборавам кога дојде во Израел во текот на Јомкипурската војна да им пее на војниците од длабоко чувство на заедништво - додаде премиерот.

Image result for leonard koen sadness death

Коен зазема посебно место во срцата на жителите на грчкиот остров Хидра, каде поминал голем дел од својата младост.

- Ова беше негово прибежиште. Сакаше да свири гитара овде - изјави за Франс прес Ставрос Доускос, сопственик на таверна во Хидра.

Коен во шеесеттите години на минатиот век на Хидра си купил камена куќа и таму ја напиша една од најконтроверзните збирки поезија „Цвеќиња за Хитлер“, својот прв роман и уште неколку книги, а ја сретна и својата муза и љубов Мариен Ихлен, на која и ја посвети познатата балада „ Довидување Мариен“.

Image result for leonard cohen HYDRA


Боб Дилан за Њујоркер изјави дека делото на Леонард Коен е длабоко вистинито и изненадувачки мелодично.

- Кога луѓето говорат за Леонард, пропуштаат да ги споменат неговите мелодии, кои за мене, со неговите стихови, се најголема генијалност. Колку што мене ми е познато, никој до тоа не се доближил во модерната музика - вели Дилан.

Image result for leonard cohen BOB DYLAN

Канадскиот премиер Џастин Трудо на Твитер напиша: Ничија музика не звучеше како таа на Коен. Ќе и недостасуваш на Канада и на светот!


Градските власти во Монтреал ги спуштија знамињата на пола копје.


Леонард Коен се прости од својата публика со својот последен албум, објавен само пред неполн месец, „You Want It Darker“.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер