BMW X8 пристигнува во 2020

До пред неколку месеци само се шпекулираше дека BMW ја проширува својата понуда со најголемиот модел X8.

Денеска германскиот производител објави дека на почетокот на 2020 ќе го реализира проектот . BMW во текот на годинава работи на заштита на брендот X8 во целиот свет , а досега е финализиран на Далечниот исток .Никој во BMW официјално не признава дека постои план X8 , но директорот за развој , Клаус Фролих призна дека постои простор за поголем и поскап SUV модел , иако допрва доаѓа X7.

Наводно се уште нема одлука дали X8 ќе биде купе верзија на X7 или раскошна подолга верзија на овој модел. Најверојатно X8 ќе биде во понуда со четири или пет седишта , за разлика од X7 моделот со седум седишта во три реда за патници.

Мелиса од Јужна Африка е најсекси спортската новинарка на светот (ФОТО)

Веќе навикнавме телевизиите да решаваат на своите канали да ангажираат убави дами кои го сакаат спортот, за да можат гледачите уште повеќе да уживаат во него, а изгледа дека SkySport ја најде можеби најубавата меѓу нив.

Мелиса Реди има 37 години и доаѓа од Јужна Африка, но моментално работи во SkySport, каде што блеска со својата убавина на секој пренос пред широката публика.

Таа е многу активна и на социјалните мрежи каде често разговара со своите „фанови“, додека неодамна одговори на прашање - кои три работи ја одржуваат исполнета.

Таа одговори дека тоа е здравје, мир и среќа, а еден корисник би рекол дека Бог ја наградил со убавина на денот кога се родила.

Тоа со право го кажа со оглед на тоа што Мелиса е една од најубавите водителки на светот.

Мадона на Копакабана ќе настапи пред 1,5 милиони луѓе за финале на големата турнеја

Планетарна ѕвезда, град од соништата, легендарна плажа. Вечерва Мадона ќе се појави пред обожавателите во Рио де Жанеиро на монументален и бесплатен концерт на плажата Копакабана.

На најголемиот концерт во кариерата на поп-кралицата се очекуваат околу 1,5 милиони луѓе. На 65-годишна возраст, американската поп-ѕвезда на тој начин со голем стил ќе ја затвори турнејата The Celebration Tour, одбележувајќи 40-годишна кариера.

На крајот на убавиот есенски ден обележан со летни температури, во самракот ќе светне најголемиот подиум за танцување на светот со настап на неколку диџеи. Нешто пред 22:00 часот (3 часа по средноевропско време) Мадона ќе пешачи директно до плажата и сцената преку мост, поставен специјално за оваа прилика.

По 80 концерти во Европа, Северна Америка и Мексико, настапот во Рио ќе биде големото финале. Атмосферата покрај плажата е празнична и потсетува на опуштената атмосфера на карневалот во Рио. Две јавни проби, во четвртокот и петокот навечер, привлекоа голем број фанови.

Мадона пристигна со три авиони и 270 тони опрема, а нејзиниот концерт ќе донесе околу 53 милиони евра за локалната економија, пресметале градските власти.

Руски хакери ги нападнале Германија и Чешка, реагира и Полска

Полска денеска ги осуди наводните сајбер напади на руската група наречена АПТ28 врз Германија и Чешка, велејќи дека и самата била погодена.

Полска изразува солидарност со Германија и Чешка поради сајбер нападите врз нивните демократски институции и политички партии, се вели во соопштението на полското Министерство за надворешни работи.

Германија вчера ја обвини Русија дека извршува сајбер напади врз нејзината владејачка партија, воздухопловните и одбранбените компании и цели во други земји и предупреди на неодредени последици. „Полска, која беше една од целите на (групниот) напад АПТ28, силно ги осудува повторените, неприфатливи и штетни активности извршени од руски актери во сајбер просторот“, се вели во соопштението.

Во соопштението не се наведени никакви детали за нападот. „Соочена со сè поголемите закани во сајбер просторот, Полска активно работи на заштита на критичната инфраструктура, градење отпорност и зајакнување на сајбер-одбраната.

притисни ентер