БМВ нуди специјален модел на X5 само за италијанскиот пазар (ФОТО)

Ова ограничено издание ќе биде произведено во само 50 примероци.

BMW Италија ќе започне со ограничено производство на BMW X5 Timeless Edition во соработка со марката Alcantara задолжена за кожата во внатрешноста на автомобилот. Новата изведба доаѓа по повод дваесетгодишното постоење на семејството BMW X, најпознато според моделот X5, кое има четири генерации. Ова ново издание ќе биде направено во само 50 примероци, исклучиво за италијанскиот пазар.

Моделот се заснова на xLine верзијата, xDrive30d, придвижуван од моќен дизел мотор од 265 КС. Автомобилот е во контрастно издание, бел од надвор и црн однатре, а доаѓа со пакетот xOffroad.

Има алуминиумски прагови со гумени делови, како и механички надградби во форма на самоприлагодлива шасија, М Спорт диференцијал и слично.

Ентериерот е дизајниран и изработен од Алкантара. Предните и задните седишта се покриени со црн алкантар, во обични и перфорирани варијанти на кожа.

Со помош на белата позадина на перфорираниот дел од тапацирот Алкантара, темната кабина изгледа посветла. Таблата и облозите на вратите се украсени со црно дрво, додека понатамошно персонализирање е обезбедено со апликацијата CraftedClarity.

Страната на потпирачот за глава подлежи на дополнителни прилагодувања. Го носи натписот од Алкантара, кој е направен со електро-заварување. Исто така, има и Timeless Edition 1/50 Celebrity Tile, што го прави ова ограничено издание BMW уште поуникатно.

Новиот BMW X5 Timeless Edition беше официјално претставен на Open Week End на 8 и 9 февруари со уште два специјализирани модели дизајнирани исклучиво за италијанскиот пазар како роденденски подарок за возачите: BMW X2 Blue Shadow S Edition и BMW X4 Blue Shadow.

BMW X2 Blue Shadow се заснова на верзијата 141 kW (192 ks) M Sport sDrive20i со минерална сива боја на надворешноста. Од друга страна, специјалниот BMW X4 Blue Shadow ќе биде достапен во 50 примероци, од кои 40 ќе бидат во сребрена боја и само 10 ќе имаат ексклузивен мат сив финиш. X4 се заснова на варијантата 140 kW (190 КС) xDrive20d и е претставена со надворешниот дизајн на M Sport.

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Од судија на претходна постапка обезебедена е наредба за претрес во дом и помошни простории кај М.М.(51) од Охрид и Т.Ц.Т (44) од Охрид, членови на избирачки одбор предложени од политичка партија.

На 06.05.2024, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори одржан на 24.04.2024, од судија на претходна постапка обезебедена е наредба за претрес во дом и помошни простории кај М.М.(51) од Охрид и Т.Ц.Т (44) од Охрид, членови на избирачки одбор предложени од политичка партија.

При претресот пронајдени се два мобилни телефони, во кои се пронајдени фотографии од избирачки список со лични податоци од гласачи во избирачкиот список, фотографии од гласачки ливчиња со заокружен број, кои се испраќани од гласачи како доказ дека го дале својот глас за еден кандидат, потоа споделени во креирана група за комуникација на мобилна апликација за комуникација. Со двете лица извршен е разговор во полициска станица. Дополнително, во текот на денешниот ден повикани се и други лица со цел обезбедување на дополнителни доказни материјали за кривичното дело по член 149 од КЗ "злоупотреба на лични податоци" и прекршок по член 190 став 2 од Изборниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштуваат од СВР Охрид.

Пукотници во вилата на познатиот рапер Дрејк, застрелан член на обезбедувањето

Во вилата на познатиот рапер Дрејк дошло до пукање.

Полицијата моментално работи на случајот, а припадник на обезбедувањето на раперот е тешко ранет.

Според пишувањата на медиумите, чуварот најверојатно бил застрелан во напад од автомобил.

Тој се здобил со прострелна рана во пределот на градниот кош и бил во несвест кога пристигнала полицијата, пишува „CBC News“.

Јулија Навална остро за инаугурацијата на Путин: Нашата држава ја води лажго, крадец и убиец

Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, денеска по повод инаугурацијата на Владимир Путин за претседател на Русија изјави дека неговиот режим се заснова на лаги и корупција и дека мора да му дојде крајот.

„За мене лично, последните шест години од владеењето на Путин беа годините во кои мојот сопруг, Алексеј Навални, вистински руски патриот, беше прогонуван, отруен со хемиско оружје, суден, мачен во затвор три години, а потоа убиен. “, рече Навална и го обвини рускиот претседател за сето тоа.

Како што рече таа во видеото објавено на Јутјуб, со секој негов мандат сѐ се влошува и додаде дека е страшно да се замисли што друго ќе се случи доколку Путин остане на власт.

„Секојдневно ни се крадат огромни суми пари за да се бомбардираат мирните градови“, им порача Јулија на руските граѓани и истакна дека Путин се плаши да ги открие вистинските бројки на жртвите на „крвавата и бесмислена војна што никој не ја сака освен него“.

Таа рече дека Русија со Путин „нема да има ниту мир, ниту развој, ниту слобода“, и дека тој го изневерил ветувањето дадено за време на последниот инаугуративен говор кога рече дека сака мирна Русија, безбедна за нејзините граѓани.

„Пред два месеци Русија доживеа масовна трагедија, еден од најголемите и најстрашните терористички напади во поновата историја. Руските безбедносни сили не успеаја да го спречат и дозволија десетици наши сограѓани да загинат. А сепак, секој ден мирно апсат поединци за новинарство, ставови или дури објава на социјалните мрежи“, рече Навална.

Таа додаде дека мора да се осигура дека никој во светот нема доверба во Путин, ниту во Русија, ниту надвор од нејзините граници.

„Нашата држава моментално ја води лажго, крадец и убиец, но на тоа ќе дојде крајот. Не се откажувајте, вистината ќе победи“, заклучила Јулија.

притисни ентер