Блинкен: САД досега од Авганистан евакуираа 30.000 луѓе

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во неколку интервјуа за американските телевизии во неделата, ја објасни позицијата на администрацијата во однос на повлекувањето од Авганистан и настаните oколу аеродромот во Кабул. 

Во настап за ТВ каналот Фокс њуз тој уште еднаш укажа дека САД влегоа во Авганистан пред дваесет години со единствена цел – да се стават пред лицето на правдата организаторите на терористичките напади на 11 септември 2001 година и да се намали можноста од тоа Ал-Каеда да врши терористички напади на САД од Авганистан, и таа цел била постигната.

-Дали има остатоци од Ал-Каеда во Авганистан? Има. Но претседателот (Џо Бајден) зборуваша за нејзината способност да го изврши тоа што таа го изврши на 11 септември. И таа способност беше успешно намалена, изјави тој.

Првиот дипломат на САД изјави дека од почетокот на кампањата за евакуација, почната при крајот на јули со воени и чартерни летови од аеродромот во Кабул биле изнесени околу 30.000 луѓе, од кои 8.000 само во изминатото деноноќие.

Блинкен истакна дека администрацијата ангажирала комерцијални авиокомпании за превоз до трети земји, каде луѓето пристигаат од Кабул и остануваат во нив привремено за проверка.

-Склучивме договори отприлика со дваесетина земји од четири континенти, кои помагаат или наскоро ќе ни помогнат да ги изнесеме луѓето од Кабул, рече Блинкен.

Во врско со повикот на амбасадата на САД во Кабул американските државјани да не одат во аеродромот пред добивање инструцкии од властите на САД, Блинкен изјави дека тоа се прави за да се воведе ред во евакуацијата.

-Ситуацијата е крајно нестабилна… Видовме срцепарателни кадри како луѓето се здобиваа со повреди или дури и гинеа… Затоа е важно да се направи се што може во однос на толпите кои се наѓаат на влезот во аеродромот, и ние со тоа се занимаваме.. Се наѓаме во директен контакт со Американците и останатите, за да им помогнеме да влезат во аеродромот во потребното време и на потребното место, рече државниот секретар.

Во интервји за Си-Би-Ес, Блинкен потврди дека тоа што се преговара со талибанците не значи дека се признава нивната легитимност

-Со нив веќе одамна комуницираме на политичко ниво во Доха… и сега на лице место во Кабул оддржуваме работни односи за елиминација на конфликтни ситуации, за решение на проблеми, што се појавија со обидите на луѓето да се доберат до аеродромот. Многу е важно луѓето да бидат изнесени безбедно и ефективно. Таква е природата на тие односи, рече тој.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер