Блинкен потврди дека САД не сакаат да го купат Гренланд

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, вчера  потврди дека САД не сакаат да го купат Гренланд, откако оваа идеја пред две години ја изнесе тогашниот американски претседател Доналд Трамп, што предизвика дипломатски спор со Данска.

Седејќи на прес конференцијата во Кангерлшуак, на Гренланд, крај шефот на данската дипломатија Јепе Кофод, и гренландскиот премиер, Муте Егеде, и министер за надворешни работи, Пеле Броберг, секретарот Блинкен им потврди на новинарите дека е „вистина" дека САД не се обидуваат да ја купат таа автономна данска територија.

Блинкен го посети Гренланд откако присуствуваше на Арктичкиот совет во Исланд, велејќи дека тоа е сигнал за желбата на Вашингтон да ги зајакне врските со „арктичките партнери, Гренланд и Данска".

Трамп и еден од неговите економски советници во 2019 година потврдија дека во 2019 година, поранешниот американски претседател разговарал за можноста за купување на Гренланд, најголемиот остров во светот.

Данскиот премиер Мете Фредериксен тогаш возврати дека Гренланд не е на продажба и го нарече предлогот „апсурден".

Броберг вчера кажа дека навистина имало одредени шпекулации за продажба на Гренланд поради нејзината стратешка важност, но дека посетата на Блинкен „не се смета како договор за набавка".

-Купопродажен договор значи земја без ништо или никој на неа. Секретарот Блинкен јасно стави до знаење дека е тука поради луѓето што живеат на Арктикот, поради луѓето што живеат во Гренланд, рече Броберг.

Буркина Фасо, Мали и Нигер го финализираа проектот за создавање тристран сојуз

Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели.

Во главниот град на Нигерија вчера се одржа состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Мали, Буркина Фасо и Нигер, Абдулај Диоп, Карамоко Жан Мари Траоре и Бакари Јау Сангари.

- Целта на средбата беше да се финализира нацрт-текстот поврзан со институционализацијата и функционирањето на Конфедерацијата на Сахелските држави, истакна Сангари.

Буркина Фасо, Мали и Нигер се поранешни француски колонии, кои ја продлабочуваат соработката со Русија. /МИА

Објавен петтиот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен е петтиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново издание на Александар Стеванов – графички дизајнер, наградуван стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип.

Како што информира авторот, во книгата се истражува и прибележува деветтата уметност на македонско тло, овојпат детално обработена го периодот од 2016 до 2019 година.

На вкупно 64 страници во боја, формат А4, во изданието се опфатени речиси 270 хронолошки единици, кои збирно го осведочуваат овој период како врвна точка на домашното стрип-издаваштво. Опфатени се стрип-албуми и списанија за стрип објавени кај нас, одржани стрип-работилници, фестивали и изложби, гостувања на македонски стрип-автори на манифестациите во странство, како и освоени награди на стрип-фестивалите во земјава и во регионот.

- Станува збор за зафат од капитално значење, изведен за сега, еве и во нејзиниот петти дел, поточно во публикациите со различни дијахрониски опфати: првиот дел опфаќајќи го периодот 1990 – 1999 година, вториот 2000 – 2007, третиот 2008 – 2011, четвртиот 2012 – 2015 година... сѐ додека својот историски проект Стеванов не го доведе до наши дни, пишува истакнатиот писател Томислав Османли во предговорот кон изданието.

Како и претходните четири тома, и овој петти том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ излегува со поддршка на Министерството за култура.

Почнувајќи од наредната недела изданието ќе биде дистрибуирано во библиотеките ширум земјава, најпрво во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во скоро време се очекува да има промоција. /МИА

Кике Санчез Флорес ја напушта сезоната на крајот од сезоната

Тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес, ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.

Педест и деветгодишниот Шпанец е на чело на Севилја од декември минатата година. Под негово водство, тимот одигра 23 натпревари, забележа 11 победи, четири пати ремизираше и загуби на девет средби.

Севилја по 36 кола се наоѓа на 12. место во шпанската Ла Лига со 41 бод.

Во 37. коло Севилја утре во 19 часот ќе се соочи со Атлетико Билбао на гостински терен. /МИА

притисни ентер