Блинкен: Авганистан може да стане паријска држава доколку талибанците продолжат со злоставувања

Авганистан може да стане паријска (партал) држава доколку талибанците продолжат со насилно освојување територии и злоставување на сопствениот народ, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Многу загрижуваат напредувањата на талибанците кон локалните центри во земјата и извештаите за злосторства, изјави Блинкен пред новинарите во Њу Делхи.

-Авганистан, земјата која не ги почитува правата на сопствениот народ, која извршува злосторства против него, на крајот ќе стане паријска држава, рече Блинкен по разговорите со неговиот индиски колега Субрахманијам Јаишанкар.

Парија е вообичаено име за член на најниските индиски касти. Државата парија е термин што од 90-тите години на минатиот век се користи за државите чии политики или закони се сметаат за некомпатибилни со стандардите на „цивилизираниот" свет и се мета на критики од другите влади или меѓународни организации, пред се, заради кршење на човековите права.

Блинкен додаде дека талибанците бараа меѓународно признавање и поддршка за Авганистан.

-Наводно сакаат авганистанските лидери да можат слободно да патуваат низ светот, да им укинат санкциите … но, насилното освојување на земјата и кршењето на правата на сопствениот народ не е начин да се постигнат овие цели, додаде Блинкен.

„Единствениот начин е да се преговара за мирно решение на конфликтот што ќе доведе до инклузивна и репрезентативна влада", истакна американскикот државен секретар.

И покрај повлекувањето на американските трупи, Блинкен кажа дека САД остануваат ангажирани во Авганистан преку дипломатијата и различните видови помош, вклучувајќи ја и помошта за авганистанските безбедносни сили.

Кевин Спејси ги негира новите обвинувања за сексуален напад, наведени во документарен филм

Американскиот актер Кевин Спејси ги отфрли новите обвинувања за сексуално вознемирување, во пресрет на премиерата на новиот документарен филм за него „Spacey Unmasked“ кој треба да биде прикажан следната недела.

Во интервју со поранешниот новинар на GB News, Ден Вутон, Спејси ги негира наводите за сексуално вознемирување и напад, велејќи дека понекогаш „можеби постапувал несоодветно“, но не и незаконски.

„Ја преземам целосната одговорност за моето минато однесување и постапки. Но, не можам и нема да преземам одговорност или да се извинувам на некој што измислил работи за мене или преувеличувал приказни за мене“, рече Спејси, пренесе Би-би-си.

Тој додаде дека никогаш не понудил помош за кариера во замена за сексуални услуги.

„Јас јасно се поврзав со некои мажи кои мислеа дека можат да ги унапредат своите кариери преку однос со мене. Но, немаше врска со мене, сето тоа беше дел од нивниот план, кој секогаш беше предодреден да пропадне бидејќи не бев вклучен во договорот“, изјави актерот.

Актерите Руари Канон и Дени ДеЛило се меѓу оние кои упатуваат нови обвинувања против Спејси во документарецот.

И двајцата во изјави за медиумите зборуваа за непримерното однесување на Спејси кон нив.

На 26 јули минатата година, поротата во судот во Лондон го прогласи Спејси невин за сексуално вознемирување на четворица мажи.

Спејси беше ослободен од девет обвиненија, вклучително и „сексуален напад, поттикнување лице на сексуална активност без согласност и поттикнување лице да се вклучи во пенетративна сексуална активност“.

За време на судењето, Спејси ја негираше вината, велејќи дека „не ја искористил својата моќ за да воведе неименувани мажи во кревет“.

Тој ги опиша обвинувањата како „убод во грб“.

Хутите се заканија дека ќе ги прошират нападите и во Средоземното Море

Јеменските Хути се заканија дека ќе ги прошират нападите врз бродовите кои пловат за Израел до Средоземното Море, по неколкумесечните напади врз бродовите во Црвеното Море.

Во изјавата на воениот портпарол на Хуту, Јахје Сари, се наведува дека ескалацијата ќе стапи на сила „веднаш“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Ова, како што е наведено, вклучува таргетирање на сите бродови кои „ја прекршуваат забраната за пловидба кон Израел“ и кои се движат кон пристаништата на „окупирана Палестина“ од Средоземното Море до која било област во дострелот на ракетите.

Хутите претходно се заканија дека ќе ги прошират своите напади кон Индискиот Океан и кон бродовите што пловат низ јужна Африка за да го избегнат јеменскиот брег, но нивниот главен фокус остануваат Црвеното Море и Аденскиот Залив.

Хутите, кои контролираат големи делови од Јемен, вклучително и голем дел од брегот на Црвеното Море, извршија бројни напади со беспилотни летала и ракети врз бродови во Црвеното Море од ноември во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.

Нивните напади предизвикаа одмазда од САД и Велика Британија и формирање на меѓународна поморска коалиција за заштита на виталниот трговски пат.

Воените експерти наведуваат дека арсеналот на Хутите вклучува балистички ракети со дострел од 1.600 до 1.900 километри и ирански беспилотни летала Шахед-136 кои можат да патуваат до 2.000 километри.

Земјотрес ноќеска регистриран во Скопје

Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 01:39 часот во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од Скопското епицентрално подрачје. 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава информира дека земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и дека е почуствуван од населението во Скопје и околината.

притисни ентер