Блесна елката во Њујорк, украсена со 3 милиони кристали (ВИДЕО)

И годинава во срцето на Њујорк блесна огромната елка пред Рокфелер центарот – традиција која трае повеќе од 90 години..

Илјадници њујорчани и туристи, присуствуваа на традиционалното вклучување на светилките, а целиот настан беше придружен и со музички перформанс, каде свој настап имаа и Backstreet Boys..

Инаку, годинешната елка, која беше исечена на 7-ми ноември, е дрво старо околу 70 години, украсено е со 3 милиони кристали..

Ботас: Понекогаш мораш да направиш чекор назад

Финскиот возач Валтери Ботас ја призна грешката кога премина во Заубер.

- Понекогаш треба да направите еден чекор назад за да направите два чекори напред. Сега ми е важно да добијам идеја за можните опции, да разберам како повторно да бидам меѓу тркачите кои ќе се најдат на стартната позиција на Гран при. Од друга страна, ќе ја имам улогата на резервен возач во фабричкиот тим за кој се натпреварував. Ова е одличен бренд, голем производител на автомобили. Бев таму пред пет години и знам дека ова навистина може да ми отвори некои можности, изјави Ботас, за „Racingnews365“.

Ботас ја помина сезоната 2024 со Заубер, но тимот одлучи да не го продолжи неговиот договор. Финецот не освои поени на крајот од последниот шампионат во Формула 1 и го зазеде 22. место во поединечна конкуренција.

Турција ќе дозволи делегација на ДЕМ да го посети лидерот на ПКК, Оџелан во затвор

Турција одлучи да дозволи делегација на Партија за еднаквост и демократија на народите (ДЕМ) да го посети лидерот на Курдск работничка партија (ПКК) Абдулах Оџелан во затвор, објави турскиот весник Сабах.

Тоа би била прва посета на Оџелан по речиси една деценија, кој отслужува доживотна затворска казна на островот Имрали.

Предвидено делегација на ДЕМ денеска или утре да го посети Оџелан.

Лидерот на ултрадесничарската Партија за национална акција (МХП), Девлет Бахчели во октомври предложи на Оџелан да му биде дозволено да се обрати на Парламентот, ако прогласи крај на ППК, што би можело да доведе до негово предвремено ослободување од затвор. По предлогот на Бахчели, Оџелан изјави дека е подготвен за евентуални мировни преговори со Турција, ако бидат создадени услови за тоа.

Оџелан е во затвор од 1999 година, а ПКК е прогласена за терористичка организација во Турција, Европска Унија и во САД.

ДЕМ е трета најголема партија во Парламентот со 57 пратеници, по владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и опозициската Републиканска народна партија (ЦХП).

Здружението „Бадникови поворки“ ја постави божиќната пештера на градскиот плоштад Куманово

Здружението „Бадникови поворки“, денеска на градскиот плоштад ја постави ја постави пештерата.

На овој начин сметаат претставниците од здружението граѓаните ќе имаат можност да ја почувствуваат и божиќната атмосфера. Децата со изработените ѕвездички ја пречекаа пештерата.

- Куманово е многу убаво украсено, се гледа новогодишниот сјај, сакавме да му дадеме и божиќен дух, заради што ја донесовме пештерата. Централното празнување е на 6 јануари бадник, поворката ќе тргне од „Соколански парк“, пеејќи ја песната Вечниот бог, најавувајќи го на достоинствен начин христовото раѓање, изјави, Ружица Денковска од здружението.

Поворката ќе заврши на плоштадот, ќе има богата уметничка програма, подготвени се подароците за најмалите. Пред централното празнување се одржуваат работилници, децата од основно и средно образование творат творби, најуспешните ќе добијат соодветни награди. Здружението организира работилници и покрај изработката на ѕвездички децата ја учат песничката Вечниот Бог, учат за значењето на Бадник и Божиќ.

- Пораката на бадниковата поворка е пренеси ај божиќната радост до секое срце. Ја донесовме преубавата пештера, сакаме да ја пренесеме пораката и во Куманово, рече Летка Филипова, регионален координатор на „Бадникова поворка“ од Охрид.

Подготовките за главниот настан се засилуваат последнава недела.

притисни ентер