Бизнис средба меѓу компании од Македонија и Турција

Размена на информации, меѓусебно запознавање и преземање конкретни чекори за реализирање на активности од заеднички интерес беа цел на денешната втора бизнис средба во Скопје меѓу претставници на компании од Македонија и од Турција.


На бизнис средбата, организирана од Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) во соработка со турската компанија „Трејдтурк“, стопанствениците од двете земји преку непосредни контакти разменуваа искуства и ги согледуваа можностите за заедничка соработка. На средбата присуствуваа и претставници на компании од јужна Србија, Косово и Албанија.

- Целта на денешната бизнис средба е компанииите од Турција да се запознаат со бизнисите во Македонија, јужна Србија, Косово и Албанија. Во наредните четири дена тие ќе разменуваат искуства и ќе ја продлабочуваат соработката со постоечките соработници, но ќе ги разгледаат и можностите за отворање претставништва во Македонија и за заедничко вложување во бизиниси, особено во северозападна Македонија, изјави претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Мендерес Кучи пред почетокот на бизнис средбата.

Тој посочи дека инфраструктурата е суштинскиот проблем за развој на соработката со Турција и земјите од регионот, но додаде дека проблем предизвикуваат и недоречените закони, како и законите од поранешна Југославија, на кои, како што рече, некогаш се повикува Македонија, а кои претставуваат пречка за слободната размена на луѓе и стока.

- Сепак има наши иселеници во Турција кои се реашаваат да дојдат тука за заеднички да инвестираме и на тој начин да го унапредиме нашето стопанство најпрво регионално, а потоа и глобално, рече Кучи.

Оцени дека забележаниот раст на индустриското производство по константниот пад од 17 месеци во земјава е очекуван и оти се должи на заживувањето на секторот градежништво.

- Доаѓаме од еден период што беше со надолна линија на развојот на економијата. Во моментов има некои позитивни бројки што не охрабуваат, но сепак нашите изјави дека не не очекуваат добри времиња се познати. Токму заради тоа гледаме да создадеме што повеќе можности за соработка и на тој начин да се пребродат овие кризни моменти, рече Кучи.

Посочи дека за многу инвеститори кризните времиња се моментите кога се одлучуваат да вложуваат, а потоа, нагласи, заработуваат зашто ќе бидат етаблирани на овие простори по надминувањето на кризата.

Пред почетокот на бизнис средбата Стопанската комора на Северо-западна Македонија потпиша Меморандум за соработка со Агенцијата за развој на општините Бујановац и Прешево од Србија, чија цел е зголемување на меѓусебната соработка и отстранување на бариерите за развој на бизнисите меѓу двете страни.

Белата куќа со осуда за „малиот процент“ студенти за предизвикување немири на универзитетите

 Белата куќа осуди „мал процент студенти, поттикнувачи на немири“ по ноќните судири и апсења во одредени американски кампуси кои протестираат против војната во Газа.

„Студентите имаат право да посетуваат настава и да се чувствуваат безбедно“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер на прес-конференција, додавајќи: „Ќе продолжиме да нагласуваме дека антисемитизмот мора да биде осуден“.

Според американски медиуми, околу 1.000 луѓе се приведени во судирите на универзитетите ширум САД, и според податоци обезбедени од полицијата и властите во Њујорк, околу 300 луѓе биле приведени на Универзитетот Колумбија, центарот на протестите поради војната во Газа со обвиненија за прекршок, кражба и помали кривични дела.

На Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес, попознат како UCLA, не се одржуваа часови. Таму во текот на ноќта избувнал конфликт кога, како што пренесуваат американски медиуми, група произраелски демонстранти се обиделе да ги урнат барикадите зад кои во шатори се наоѓале пропалестинските демонстранти.

Неколку часа пред да избијат немирите во UCLA, полицијата упадна во зградата на Универзитетот Колумбија во Њујорк, окупирана од антивоени демонстранти, завршувајќи го протестот кој ја парализираше институцијата.

Протести избија во околу 30 универзитети во САД, со барање САД да престане да го поддржува Израел и со компаниите кои ја поддржуваат војната во Газа. Тоа е убедливо најголемиот студентски протест во САД во 21-от век, а полициската реакција што следеше потсетува на сцени од 1960-тите кога имаше огромно студентско протестно движење против Виетнамската војна, јавија американските медиуми. /МИА

Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада

Српскиот парламент претпладнево ќе ја продолжи првата вонредна седница на која единствена точка на дневен ред е избор на Влада и давање заклетва на претседателот и членовите. 

Се очекува дискусијата да продолжи, по што пратениците треба да гласаат, јавија српските медиуми.

Продолжението на првата вонредна седница на Националното собрание во актуелното свикување е закажано за девет часот. На седницата, која почна вчера, излагање поднесе претставникот за состав на новата Влада Милош Вучевиќ.

Во тричасовното обраќање пред пратениците, меѓу другото, тој истакна дека владата што ја предлага ќе биде влада на континуитет во најголема мера, како и дека полноправното членство во ЕУ останува стратешки приоритет на Србија. Тој наведе и дека најголемиот предизвик на новиот кабинет ќе биде одбраната на суверенитетот, ќе се предложи задолжителен воен рок од четири месеци. Вучевиќ порача дека членовите на Владата мора да бидат тим, дека секогаш мора да бидат подготвени да ги штитат националните и виталните интереси на Србија, а неговото прво и единствено барање е несомнената лојалност кон татковината. На Собранието му предложи 31 член на кабинетот, меѓу кои има осум нови личности. /МИА

Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер синоќа го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.

Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес, објави Фокс.

Земјотресот бил почувствуван во пошироката област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита./МИА

притисни ентер