Бизнис форум: Има потенцијал за поголема економска соработка со Русија

Руските компании да влезат на македонскиот пазар, да ги искористат бизнис поволностите што ги нуди земјава, да инвестираат и да реализираат заеднички проекти со македонските партнери. 

Да инвестираат и да реализираат заеднички проекти со македонските партнери во енергетиката, гасификацијата, туризмот, земјоделството, апелира премиерот Зоран Заев во обраќањето со кое го отвори денешниот Македонско-рускиот бизнис форум.

Форумот се одржува во Скопје, но е во рамки на 9. сесија на Мешовитата меѓувладина комисија која утре, во Охрид, ќе заседава, а се активира по пауза од пет години.

– Односите со Руската Федерација се традиционално пријателски, но потенцијалите во делот на економијата не се доволно искористени и во овој сегмент мора да работиме. Во дијалогот на Меѓувладината комисија која повторно почнува со работа, од оваа година е внесена нова динамика. Мора да имаме успех. Верувам дека ќе постигнеме сериозен исчекор, истакна Заев.

Тој информира дека размената со Русија учествува со само 1,1 отсто во вкупната размена на земјава остварена во периодот јануари – јули 2019 година.

Рускиот заменик-министер за индустриски и трговски развој Алексеј Груздев во оваа прилика порача дека македонската Влада треба да создаде, како што рече, благопријатни услови за интензивирање на економската соработка.

– Тоа ќе зависи од вас и само така ќе можете да ја видите вашата конкурентност на пазарот. Убедени сме дека со тоа ќе се зголеми партнерството. За жал, ние имаме поинакви бројки за размената според кои таа се намалува, но ако навистина е зголемена за 25 отсто, како што велите, тоа радува, напомена Груздев.

Русија, дополни заменик-министерот, е подготвена за купување стоки и услуги од земјава, посебно од агросекторот, но сериозен потенцијал за унапредување на соработката има и во транспортот, движењето на стоки и авиосообраќајот.

– Во областа на енергетиката сме сигурни партнери, а освен за зголемување на увозот треба да зборуваме и за техничко-технолошкиот развој, подвлече Груздев.

Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, домашната економија мора да биде отворена кон големите земји и пазари и да воспостави што поинтензивни комуникации со руските компании.

– Имавме билатерален состанок. Ја отворивме темата како земјоделските производи полесно и побрзо да стигнат на рускиот пазар. Ги поканивме големите маркети и трговци од Русија да отворат откупно-дистрибутивни центри тука. Се надевам дека оваа иницијатива ќе вроди со плод, рече Анѓушев.

На форумот се обрати и министерот за земјоделство Трајан Димковски, нагласувајќи дека ова е одлична можност за поврзување на компаниите и унапредување на соработката.

– Русија е значаен економски партнер на земјава, особено за земјоделството. Заложбите се да ги одржиме традиционално добрите односи, но и да ги интензивираме на полето на економијата, рече Димковски. /MИА

Јелена Карлеуша најави што ќе објавува на „OnlyFans“: Тоа не е дозволено на „Instagram“

На „Instagram“  ја следат речиси два ипол милиони следбеници, но и покрај тоа, оваа социјална мрежа има многу ограничувања, кои се „проблем“ за Јелена Карлеуша.

Иако многумина се надеваа дека содржината на пејачката на „OnlyFans“ ќе биде многу поексплицитна, таа проговори на оваа тема и објасни за што всушност се работи.

„Instagram ги заостри правилата и ја санкционира секоја поексплицитна содржина, па дури и фотографии во бикини. Затоа сум на „OnlyFans“. Реакциите се како да најавив снимање на порно, секакви работи“, изјави Јелена Карлеуша за Информер. .

Извор: Аваз

Членките на ЕУ одобрија построги ограничувања за CO2 за камиони и автобуси

Земјите-членки на Европската унија денеска одобрија нов закон со кој ќе се заострат ограничувањата за емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од тешките патни возила, како камиони и автобуси.

Како што пренесе ДПА, законот ќе ги прошири правилата согласно кои моментално се регулираат камионите со тешки товари за да ги опфатат урбаните автобуси, автобусите и приколките.

Просечните емисии на CO2 за големите патни возила треба да се намалат за 45 проценти до 2030 година, 65 отсто до 2035 година и 90 проценти до 2040 година, во споредба со нивоата од 2019 година. Урбаните автобуси не би требало воопшто да испуштаат CO2 до 2040 година и да ја исполнат целта за намалување од 90 отсто до 2030 година.

Ограничувањата беа привремено договорени во јануари од Белгија, дејствувајќи во име на земјите-членки на ЕУ и преговарачите за Европскиот парламент. Највисоките дипломати потоа му дадоа зелено светло на тој договор во февруари, отворајќи го патот за позитивно гласање во Европскиот парламент во април.

Денешната одлука на министрите од земјите-членки е последниот чекор. Се очекува Европската комисија да го разгледа влијанието на законот во 2027 година.

Во соопштението за печатот на ЕУ се вели дека тешките возила се одговорни за 25 отсто од емисиите на стакленички гасови од патниот транспорт во ЕУ. Првите ограничувања за такви возила беа поставени во 2019 година. /МИА

Британскиот крал Чарлс му предаде воена улога на принцот Вилијам

Британскиот крал Чарлс официјално му ја предаде улогата на врховен полковник на армискиот воздушен корпус на принцот Вилијам за време на посетата на аеродромот во Хемпшир.

Чарлс, кој е инаугуриран носител на оваа титула веќе 32 години, попладнево се сретна со својот најстар син во редок заеднички официјален ангажман во базата Мидл Валоп за да му ја пренесе улогата.

Воздухопловниот корпус на Армијата е старата единица на војводата од Сасекс, во која служеше како командант на хеликоптер Апачи и копилот-стрелец за време на неговата втора воена служба во Авганистан во 2012 година.

Одлуката на кралот да му ја предаде улогата на Вилијам се сметаше за удар за Хари кога беше објавена минатата година.

Кралот рече дека е „голема радост“ да се сретне со војниците, нивните семејства и ветерани при претходна посета на Музејот на военото воздухопловство, но додаде дека предавањето било „преплавено со голема тага“.

- Се надевам дека во иднина ќе бидете се поуспешни со принцот од Велс како ваш нов врховен полковник, рече крајот Чарлс.

- Одлична работа е што тој навистина е многу добар пилот – па тоа е охрабрувачки, додаде британскиот крал. /МИА

притисни ентер