Бизарна свадба во САД: Сите гледаат во „жената- мачка“ наместо во невестата (ВИДЕО)

Мистик Морис (24) тврди дека нејзината свадба била „речиси уништена“ кога на имотот, каде што била организирана прославата, се појавила жена облечена како мачка.

Кога се приближувала до олтарот, сфатила дека гостите не гледаат во неа, туку во необична фигура која се движела на раце и колена, блиску до блиското езеро.

„Бев фрустрирана што луѓето наместо мене гледаа во неа. Еднаш се мажам“, изјавила Мистик од Оклахома Сити.

Инаку, на имотот се појавила жена која се идентификува како мачка (популарни териани), пишува New York Post.

Близок пријател на невестата ги раскажа деталите.

„Церемонијата започна, а потоа таа личност стана. Отпрвин мислев дека е крава, но не бев во право. Беше доцна да се запре невестата“, објаснила Ејми Вајт.

Ејми додава дека „мачорката“ се доближила, откако младенците го кажале судбоносното „да“ и - им се поклонила.

„По аплаузот, сите отидоа до езерото да ја фотографираат“, рече таа.

@xxshadowslightxx she looked so beautiful tho 🥰 @Mistique 🫣 #weddingstorytime #weddingtiktok #wedding #fypシ #fyp #furrytiktok ♬ Confidence (sped up version) - Ocean Alley

Фотографот кој бил ангажиран да ја фотографира венчавката, за среќа, го оставил „непоканетиот гостин“ надвор од кадар.

„Тоа беше фантастичен ден. За други работи ќе зборуваме подоцна“, заклучила Мистик.

Родителите преплашени по нападот со нож во училиште во Кина- најмалку две лица загинале

Најмалку две лица загинаа, а 10 се повредени во напад со нож во основно училиште во кинеската провинција Џиангкси.

Полицијата соопшти дека жената (45) го извршила нападот употребувајќи нож за салата. Во меѓувреме била уапсена.

Нападот се случил околу пладне по локално време, но се уште не е познато дали меѓу жртвите има и деца.

По веста за нападот, родителите веднаш се упатиле кон училиштето и го опишале својот страв и шок.

„Дознав околу пладне, бев многу шокиран. Моето дете е петто одделение и безбедно си стигна дома, но училиштето не нѝ извести за ништо и сѐ чува во тајност. Се враќам да го утешам детето и да дознаам што точно се случило“, рече еден родител за Би-Би-Си.

Друг татко рекол дека е многу исплашен и дека не се исплашени само децата, туку и возрасните.

"Наставниците добро реагираа - веднаш објавија фотографии од децата во родителската група, рекоа дека децата се безбедни и веднаш ја заклучија вратата. Ги замолија родителите да дојдат да ги земат", рекол друг татко.

Тој додаде дека наставниците им рекле дека нападот е под истрага и дека не знаат повеќе детали.

Официјално: Ливерпул најде замена за Клоп, од 1 јуни на неговото место доаѓа Арне Слот

Денови на промени во Ливерпул.

Откако Јирген Клоп го одигра својот последен меч со „црвените“ во неделата против Вулверхемптон Вандерерс, клубот денеска откри дека негов официјален наследник ќе биде долгогодишниот шеф на стручниот штаб на Феенорд, Арне Слот.

Тој ќе ги преземе своите обврски на 1 јуни 2024 година, а Ливерпул успеа да се договори со Феенорд за сите детали.

Специјалистот со холандско потекло пристигнува во Ливерпул по големиот успех во Феенорд, каде што го предводеше тимот до титулата во 2023 година, а двапати беше прогласен за тренер на годината во Ередивизие.

Годинава го освои холандскиот куп со Феенорд, откако тимот во финалето го совлада НЕЦ Најмеген со минимален резултат.

Покрај тоа, Слот во текот на кариерата беше тренер на АЗ Алкмар со кого што го освои второто место, веднаш зад Ајакс со кого беше израмнет по бодови, но не и во гол разлика.

Тој ќе стане и првиот шеф на стручниот штаб на Ливерпул кој доаѓа од Холандија, а всушност ќе започне со работа во јули за време на подготовките.

САД изразија сочувство за смртта на иранскиот претседател

Соединетите Држави денеска испратија „официјални изрази на сочувство“ за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други официјални лица во хеликоптерска несреќа, објави Стејт департментот.

„Додека Иран избира нов претседател, ние ја потврдуваме нашата поддршка за иранскиот народ и неговата борба за човекови права и основни слободи“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во соопштението.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека нема увид во причината за хеликоптерската несреќа во која загина иранскиот претседател Ебрахим Раиси, додавајќи дека не мора да го гледа поширокото влијание на тој настан врз регионалната безбедност.

„Не можам да шпекулирам што би можело да биде причината“, им рече Остин на новинарите.

Американскиот Стејт департмент додаде дека САД ќе продолжат да се спротивставуваат на поддршката на Иран за тероризмот, ширењето на опасно оружје и унапредувањето на неговата нуклеарна програма.

притисни ентер