Бијонсе се појави на бината на фестивалот Коачеле и влезе во историјата (фото)

Бијонсе повторно ги изместува божествените граници во светот на шоубизнисот, овој пат на фестивалот Коачела кој се одржува во Калифорнија од 13 до 22 април.

„Коачела, дали сте подготвени?!“, ја праша публиката на свеченото отрворање на нејзиниот настап. Бијонсе така стана прва Афроамериканка која го отворила музичкиот фестивал во градот Индио. Фановите во чест на пејачката Коачела го нарекле "Beychella". Покрај Бијонсе, хајлајнери беа и Бикенд и Еминем.
„Коачела, благодарам што ми ја овозможивте честа да бидам првата Афроамериканка која го отворила фестивалот“, кажала Бијонсе пред да ја запее познатата песна "Who run the World (Girls)".
Настапот од два часа беше исполнет со изненадувања. Покрај неколку новитети од последниот албум "Lemonade", Бјонсе ја пееше и "Deja Vu" со сопругот Џеј Зи.
Најголемото изненадување беше повторното обединување на групата Destiny's Child. Кеи Роуланд и Мишел Вилијамс се пјавиле на сцената и сите ги потсетија на хитовите "Say my name", "Soldier" и "Lose my breath".

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

Ги искористила замрзнатите ембриони да затрудни со мртвиот љубовник и да бара наследство

Жена од Кина, позната по презимето Ленг, имала афера со оженет бизнисмен кој загинал во сообраќајна несреќа во 2021 година.

Нејзината приказна покрена жестока јавна дебата, а сѐ започнало набргу по несреќата, пренесува SCMP.

Жената од провинцијата Гуангдонг тврдела дека нејзините јајце клетки биле оплодени со спермата на нејзиниот љубовник во приватна клиника. Развиените ембриони беа замрзнати и подоцна биле искористени за да ја забременат.

Таа во декември 2021 година родила син и му го дала името Ксиовен, а на крајот на минатата година го тужела семејството на починатиот за наследство.

Таа тврдела дека детето има право на удел во капиталот на компанијата и бенефиции за осигурување, но не можело да докаже како тоа е добиено, ниту дали љубовникот дал согласност неговата сперма да се користи во процедурата за ИВФ.

Како резултат на тоа, судот ја отфрлил тужбата, а приказната станала популарна.

Корисниците на социјалните мрежи, пред сѐ Веибо, го коментирале бизарниот случај. Поединци сметаа дека сега семејството треба да реагира.

„Се надевам дека вдовицата ќе поднесе противтужба“, напишало едно лице.

И адвокатите дале свое мислење. Така, се наведува дека процедурата за ин витро оплодување во лиценцирани клиники е легална, но дека за тоа треба да се договорат и двајцата родители - што во овој случај останало нејасно.

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

притисни ентер