Бијонсе не може да ја преболи својата долга коса

Како ја убедиле да ја направи оваа куса фризура не е јасно, но само неколку дена подоцна, соочена со лошите коментари на разочараните фанови, Бијонсе горко се кае!

Бијонсе навистина ја мрази новата фризура - на својата турнеја Mrs Carter’s show со себе носи дури 40 перики!

На блиските пријатели им се пожалила дека откако има машка фризура навистина е несигурна во себе.

Додека пак не ја порасне косата - за што ќе треба долго време, Бијонсе ќе користи перики. Ги има во доволен број, а целата колекција на перики која ја набавила чини милион долари!

Ни подотворената уста на фотографијата со која Бијонсе го претстави новиот изглед не помогна - нејзината сексапилност била во косата!

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам

 Австралиската полиција соопшти денеска дека 16-годишен тинејџер бил убиен во интервенција на полициските службеници, откако доцна синоќа избодел со нож маж во Перт, главниот град на Западна Австралија.

Има сомневање дека 16-годишникот, вооружен со кујнски нож, бил радикализиран преку Интернет, а нападот укажува на тероризам, соопштија локалните власти.

„Нападот во предградието Вилетон имаше знаци на тероризам, но сè уште не е прогласен за терористички чин. Во оваа фаза се чини дека напаѓачот дејствувал сам“, изјави премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук на прес-конференција во Перт.

Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина

 Италија останува на ставот дека нејзините сили нема да се мешаат во вооружениот конфликт во Украина, бидејќи во случај на натамошна ескалација, Рим би изгубил многу, изјави синоќа италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето.

Во интервју за „Кориере дела сера“ тој истакна дека смета оти на Украина требало да и се помогне да избегне конфликт преку дипломатија и дијалог.

„Нашиот став не се менува, секогаш сме велеле дека треба да и се помогне на Украина и тоа го правиме, но ја исклучуваме можноста за директна интервенција на нашата армија во конфликтот“, рече Кросето.

Верстапен со прва пол-позиција во Мајами

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен за првпат победи на квалификациите во Мајами и ја забележа својата 38-ма пол позиција во кариерата.

Макс успеа да го доближи рекордот на Ален Прост од почетокот на сезоната 1993 година, кога „професорот“ победи во првите 7 квалификации, а Макс сега има шест последователни пол-позиции од почетокот на кампањата.

Макс го обезбеди првото место на стартот со својот прв брз круг во третиот дел од квалификациите, при што ниту еден од водечките возачи не можеше да ги подобри неговите перформанси во вториот обид.

Втор на стартот ќе биде Шарл Леклер со Ферари, а трет неговиот тимски колега Карлос Саинц, кој го дели вториот ред со другиот возач на Ред Бул, Серхио Перез.

Колегите од Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри го зазедоа третиот ред, а Џорџ Расел и Луис Хамилтон четвртиот, при што седумкратниот светски шампион го подобри својот пласман во својот последен најбрз круг за да отиде од 10-то на 8-то место.

Топ 10 ги комплетираа Нико Хулкенберг со Хаас и Јуки Цунода со РБ.

притисни ентер