Бијонсе ја покажа својата природна коса- снимката веднаш е прегледана 2 милиони пати (ВИДЕО)

Бијонсе на социјалните мрежи покажа како изгледа нејзината природна коса.

Таа го направи тоа во промо видео за нејзината нова линија на производи за коса, Cécred.

"Стигма и заблуда е дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса. Тоа е сра*е", вели пејачката во видеото, која обично носи перики и ретко ја покажува својата природна коса. Во видеото, фризерката на нејзината коса нанесува серија производи од новата колекција Cécred.

„Сакам да ја сушам косата на средна температура, се трудам максимално да ја зачувам косата од топлина, а користам и стара четка за да ја исправам косата“, вели таа во видеото и откри дека се фарба и не користи третмани како „перм“ и слично. „Веќе 25 години ја одржував мојата природна коса руса и тоа одигра голема улога во развојот на овие производи“, додаде таа.

Видеото за помалку од 24 часа беше прегледано речиси два милиони пати, а Бијонсе уште еднаш покажа дека одлично го познава маркетингот.

Германска компанија лансира во вселената ракета на парафински погон (ВИДЕО)

Германската компанија HyImpulse денеска успешно лансираше ракета напојувана со парафински восок која ќе може да носи комерцијални сателити.

„Ја покажуваме силата на Германија како вселенска нација и го прошируваме пристапот на Европа до вселената“, објави шефот на компанијата Марио Кобалд.

Дванаесет метри долгата и 2,5 тони тешка ракета наречена SR75 беше лансирана околу 5 часот по европско време од Куниба, Австралија.

Може да носи помали сателити со тежина до 250 килограми до височина до 250 километри, а може да работи на парафински восок или течен кислород.

Парафинскиот восок се користи како поевтино и побезбедно алтернативно ракетно гориво. HyImpulse тврди дека заштедиле до 50 проценти.

Германската компанија со околу 65 вработени објави дека веќе добила преднарачки за лансирање на сателити во вредност од над 100 милиони евра.

HyImpulse сака да го прошири својот бизнис бидејќи расте побарувачката за транспорт на комерцијални сателити, па до 2032 година сака да оствари приходи од 700 милиони евра.

Маричиќ-Стевановиќ: На Собранието му требаат современи патриоти и борци за еднаквост

Во заедничката изјава за медиумите, Милена Стевановиќ и Бојан Маричиќ од листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 1, порачуваат дека „реформите ни носат системски промени и европски фондови“.

Во заедничката изјава за медиумите, Милена Стевановиќ и Бојан Маричиќ од листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 1, порачуваат дека „реформите ни носат системски промени и европски фондови“, но и „демократски вредности со кои се пробиваат границите за еднакви можности за жените како докажана заложба на СДСМ.

Доктор Милена Стевановиќ во својот дел на изјавата истакнува дека „СДСМ, Ковачевски, Пендаровски, Маричиќ и другарите социјадемократи се оние кои со знаење и капацитет можат да ја придвижат земјата напред“.

„Нам ни требаат луѓе како Бојан. Со исклучително познавање на институциите на ЕУ, со чиста и прогресивна мисла, вистински современи патриоти кои додека ја внесуваат земјата во ЕУ го штитат и промовираат македонскиот идентитет“, истакнува во видео пораката д-р Милена Стевановиќ.

Во ова видео обраќање таа ги повикува сите македонски демократи „во среда на 8 мај сите кои се за подобра, современа и демократска македонија да го заокружат бројот 1 за европска Македонија“.

Бојан Маричиќ во ова заедничко обраќање ја посочува Милена Стевановиќ како „претставник на прогресивното женско движење“.

Маричиќ порачува со д-р Стевановиќ Македонија и македонското општество ќе „напредок на полето на јавното здравје, на полето на женското здравје и машкото здравје“.

„На Собранието и треба Милена Стевановиќ, врвен професионалец кој го предводеше целиот тим на Инфективната криза за време на пандемијата од Ковид и која во исто време се докажа како храбар и непоколеблив борец за постојано унапредување на правата на жените“, истакнува Маричиќ во видео пораката.

Маричиќ порачува дека е важен гласот на жените, девојките, демократи и демократки.

„Вашиот глас за СДСМ и за Милена Стевановиќ на овие избори е глас за жените како еднаква силна движечка сила на општеството“, нагласува Маричиќ во заедничката изјава со д-р Милена Стевановиќ, како кандидати за пратеници на СДСМ и на Коалицијата за европска иднина во изборната единица 1, се наведува во партиското соопштение.

ОН: Израелски копнен напад на Рафа би можело да доведе до масакр

Израелски копнен напад врз Рафа ќе ги доведе во опасност животите на стотици илјади жители на Газа и ќе им нанесе огромен удар на хуманитарните активности низ палестинската енклава.

Израелски копнен напад врз Рафа ќе ги доведе во опасност животите на стотици илјади жители на Газа и ќе им нанесе огромен удар на хуманитарните активности низ палестинската енклава, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Израел се заканува дека ќе изврши копнен напад врз Хамас во Рафа, каде што се засолниле речиси милион луѓе.

„Тоа би можело да биде масакр на цивили и неверојатен удар за хуманитарните операции во целиот појас, бидејќи тие се управуваат главно од Рафа“, рече портпаролот на ОЦХА, Јенс Лаерке, на брифингот во Женева.

Хуманитарните активности од Рафа вклучуваат медицински клиники и пунктови за дистрибуција на храна и центри за неухранети деца, рече тој.

Претставник на Светската здравствена организација (СЗО) на истиот брифинг изјави дека е подготвен план за копнен напад, кој вклучува нова полска болница, но предупреди дека тоа нема да биде доволно за да се спречи големиот број жртви.

„Тоа апсолутно нема да спречи значителни дополнителни смртни случаи“, рече Рик Пиперкорн, претставник на СЗО за палестинските територии.

Тој додаде дека е „многу загрижен“ што нападот ќе го затвори граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет, кој се користи за увоз на лекови и медицинска опрема.

притисни ентер